Селим III
Селим III (турски: سليم ثالث Selīm-i sālis; 24 декември 1761, Цариград - 29 јули 1808, Цариград[1][2]) — дваесет и осми султан на Отоманското Царство во периодот од 7 април 1789 до 29 мај 1807. Селим III бил реформаторски султан но јаничарите организирале бунт против неговите реформи и бил затворен по кое неговиот роднина Мустафа IV станал новиот султан. Во затворот Селим бил убиен по заповед на новиот султан.
Селим III | |
---|---|
Отомански султан | |
Калиф | |
Владеење | 1789–1807 |
Период | Застој на Отоманското Царство |
Полно име | Ghazi Sultan Selim III Khan, سليم ثالث |
Роден | 24 декември 1761 |
Починал | 28 јули 1808 | (возр. 46)
Претходник | Абдул Хамид I |
Наследник | Мустафа IV |
Семејство | Отоманска династија |
Династија | Отоманска династија |
Владеење
уредиСелим III бил син на султан Мустафа III и Михришах султан. Неговата мајка која потекнувала од Грузија направила реформи во државните училишта и воспоставила неколку дипломатски односи. Неговиот татко исто така вовел неколку реформи. Така Селим испратил неколку свои поданици во западните земји за да го преземат искуството од Европа.
Селим своето образование го стекнал во палатата. Мустафа целиот свој живот го гледал како свој наследник, но неговиот чичко Абдул Хамид I се качил на престолот. По стапувањето на престолот на неговиот чичко, новиот султан се загрижил дека Селим ставил голем акцент врз неговото образование.
Кога станал султан, Селим бил многу посветен на литературата и калиграфијата а голем дел од неговите дела биле ставени во џамиите. Тој зборувал арапски и персиски јазик.
Селим сакал да направи голема реформа на неговата империја[3]. Народот во негово време се надевале дека младиот султан ќе го вратил победничкиот дух на империјата. Тој развил планови за модернизација на војската, но по двете војни со Австрија и Русија тоа морал да го одложи. По војните кога Селим започнал со напорите за модернизација на јаничарскиот корпус тој си создал силна опозиција. Во негово време биле изградени неколку фабрики за производство на муниција како и училиште за техничка обука на служителите. Исто така во негово време се случила и француската инвазија на Египет на чело со Наполеон Бонапарт.
На меѓународната сцена Селим воспоставил дипломатски односи со Велика Британија, Франција, Прусија и Австрија. Во сојуз со Русија и Велика Британија Османлиите започнале конфликт против Франција во Египет, а во 1802 година започнале востанија на Балканскиот Полуостров.
На 29 мај 1807 година го напуштил престолот а починал по два месеци кога бил убиен од страна на новиот султан. Бил погребан во џамија Лалели.
Наводи
уреди- ↑ „Constantinople“. Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
- ↑ Britannica, Istanbul Архивирано на 18 декември 2007 г.:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.
- ↑ The information portal regarding the history, military, culture and arts of the Ottoman Empire, www.theottomans.org