1750-ти
десетлетие
< 1740-ти | 1750-ти | 1760-ти > | |||||||
1750 | 1751 | 1752 | 1753 | 1754 | 1755 | 1756 | 1757 | 1758 | 1759 |
Настани
уреди- 1750 — врв на Малото ледено време.
- 1751 — Дејвид Хјум го објавил Истражување на моралните принципи.
- 1752 — Бенџамин Френклин го пронашол громобранот.
- 1755 — голем земјотрес го погодил Лисабон.
- 1756 — започнала Седумгодишната војна.
- 1757 — Битката за Пласеј го означува почетокот на британското владеење во Индија.
- 1758 — Дејвид Хјум го објавил Испитување на човечкиот разум.
Личности
уредиРодени
уреди- 1750 — роден Антонио Салиери, италијански композитор и диригент.
- 1750 — роден Каролин Херсел, британски астроном.
- 1751 — роден Џејмс Медисон, претседател на САД.
- 1752 — роден Муцио Клементи, англиски класицистички композитор (родум од Италија).
- 1753 — родена Филис Витли, првата афроамериканска поетеса и првата афроамериканска жена чии дела биле објавени.
- 1754 — роден Павле I, император на Русија во периодот од 1796 до 1801 од династијата Холштаин-Готорп-Романов.
- 1754 — роден Жозеф Пруст, француски хемичар.
- 1755 — роден Матео Албениз, шпански композитор и свештеник од времето на класицизмот.
- 1755 — роден Андре Мари Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар.
- 1755 — роден Жан Антелм Брија-Саварен, француски правник и политичар, кој се прославил како епикуреец и гастроном.
- 1755 — роден Јан Хенрик Домбровски, полски војсководец и национален херој.
- 1755 — роден Џејмс Паркинсон, англиски лекар, геолог, палеонтолог и политички деец.
- 1756 — роден Волфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор.
- 1757 — роден Вилијам Блејк, англиски поет, визионер, сликар и бакрорезец.
- 1757 — роден Жилбер Лафајет, француски аристократ и воен офицер, генерал во Американската револуционерна војна и водач на националната гарда во Француската револуција.
- 1759 — роден Роберт Бернс, шкотски поет - лиричар.
- 1759 — роден Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција.
- 1759 — роден Марија Терезија фон Парадис , австриски музичар и композитор.
- 1759 — роден Серафим Саровски, православен светец, еден од најголемитe руски подвижници, претскажувачи и чудoтворци.
- 1759 — роден Ференц Казинци, унгарски поет.
- 1759 — роден Фридрих Шилер, германски поет и драмски писател.
Починати
уреди- 1750 — починат Јохан Себастијан Бах, германски композитор и оргулар.
- 1750 — почината Рахел Рејсх, холандска сликарка.
- 1751 — починат Жан Филип де Шезо, швајцарски астроном.
- 1752 — починат Јакопо Амигони, венецијански сликар.
- 1753 — починат Христофор Жефарович, македонски уметник и хералдичар.
- 1753 — починат Балтазар Нојман, германски воен инженер и архитект.
- 1753 — починат Џорџ Беркли, англо-ирски филозоф.
- 1754 — починат Махмуд I, дваесет и четвртиот султан на Отоманското Царство.
- 1754 — починат Абрахам де Моавр, француски математичар.
- 1755 — починат Шарл Монтескје, француски филозофско-политички писател.
- 1756 — починат Пајсиј II Цариградски, вселенски патријарх.
- 1756 — починат Кристоф Томас Шефлер, германски сликар од периодот на рококото.
- 1757 — починат Осман III, дваесет и петтиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1754 до 1757 година.
- 1757 — починат Доменико Скарлати, италијански композитор од барокниот период.
- 1757 — починат Бернар ле Бовије де Фонтенел, француски писател.
- 1758 — починат Папа Бенедикт XIV, римски папа од 17 август 1740 до 3 мај 1758.
- 1758 — починат Џонатан Едвардс, проповедник, теолог и мисионер кај домородните Американци.
- 1759 — починат Фернандо VI, крал на Шпанија.
- 1759 — починат Георг Фридрих Хендл, германски и подоцна британски барокен композитор.
Откритија
уреди- ...