Антоан Франсоа Прево

Антоан Франсоа Прево (француски: Antoine-Francois Prevost, роден на 1 април 1697 во Еден - починал на 23 декември 1769 во Куртеј) — француски писател.

Антоан Франсоа Прево
Антоан Франсоа Прево
Роден/а1 април 1697
Еден, Франција
Починат/а23 декември 1769
Куртеј, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Биографија

уреди

Антоан Франсоа Прево е роден на 1 април 1697 во Еден, Франција. Неговиот татко бил судски чиновник. Семејството го запишал во језуитското училиште во Еден, сакајќи да стане свештеник, но во 1712 година го напуштил школувањето и стапил во војска како доброволец. Кага завршила војната заминал во Париз каде се запишал на школување во Аркурт.

Во 1717 година стапил во Језуитите, во колеџот Ла Флеш, но по една година го напуштил редот и повторно стапил во армија, за да во 1720 година замине во Холандија и побара засолниште кај Бенедиктанскиот ред. Во текот на овој период започнал да го пишува својот прв авантуристички роман. Истата година побегнал од манастирот и заминал кон Англија каде се задржал две години. Таму се занимавал со пишење, учење на англискиот јазик а работел како куќен учител. Во 1730 година го напуштил Лондон и заминал во Холандија. Таму ја запознал Ленки Екхарт, со која побегнале повторно во Англија поради неплатени долгови.

Во најголемата финансиска криза, Прево ја фалсификувал меницата на име на еден свој поранешен ученик, поради кое тој бил уапсен. Казната за ова дело во тоа време означувала смртна казна, но по интервенцијата на својот ученик како и на неговиот татко, тој бил помилуван и ослободен. По ова, тој повторно се вратил во Франција и со помош на своите париски пријатели повторно, како покајник, стапил повторно во редот на Бенедиктанците. Бидејќи сакал материјално да закрепне, Прево станал таен соработник на еден памфлетист. Кога полицијата го открила, тој повторно морал да побегне, овој пат во Брисел, па во Франкфурт. Кога аферата завршила, тој во 1742 година се вратил во Париз и се посветил на мирен живот, преведувајќи најразлични дела од англиски јазик. Починал на 23 декември 1769 година.

Дела

уреди
  • Le Doyen de Killerine, Killerine, histoire morale composée sur les mémoires d'une illustre famille d'Irlande
  • Tout pour l'amour (1735), превод
  • Histoire d'une Grecque moderne (1740)
  • l'Histoire de Marguerite d'Anjou (1740)
  • Mémoires pour servir a l'histoire de Malte (1741)
  • Campagnes philosophiques, ou mémoires ... contenant l'histoire de la guerre d'Irlande (1741)
  • Histoire de Guillaume le Conquérant (1742)
  • Histoire générale des voyages (1746-1759)
  • Manuel Lexique (1750)
  • Преводи од Самјуел Ричардсон: Lettres anglaises ou Histoire de Miss Clarisse Harlovie (1751), од делото Clarissa, и Nouvelles lettres anglaises, ou Histoire du chevalier Grandisson (1755).
  • Mémoires pour servir a l'histoire de la vertu (1762), од Френсис Шеридан
  • Histoire de la maison de Stuart (1740) од Дејвид Хјум
  • Le Monde moral, ou Mémoires pour servir a l'histoire du coeur humain (1760)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: