Франц I (Свето Римско Царство)
Франц I (француски: François Etienne, германски: Franz Stephan von Lothringen, роден на 8 декември 1708 во Нанси - починал на 18 август 1765 во Инсбрук) — владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство (1745-1765), надвојвода на Австрија (1740-1765), војвода од Токсана (1737-1765) и војвода од Лорена (1729-1737).
Франц I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Светото Римско Царство; Крал на Германија | |||||
На престол | 13 септември 1745 – 18 август 1765 | ||||
Крунисување | 4 октомври 1745, Франкфурт | ||||
Претходник | Карло VII | ||||
Наследник | Јосиф II | ||||
Надвојвода на Австрија | |||||
На престол | 21 ноември 1740 – 18 август 1765 | ||||
Претходник | Марија Терезија | ||||
Наследник | Јосиф II | ||||
совладетел | Марија Терезија | ||||
Војвода од Токсана | |||||
На престол | 12 јули 1737 – 18 август 1765 | ||||
Претходник | Жан Гастоне Медичи | ||||
Наследник | Леополд II | ||||
Војвода од Лорена | |||||
На престол | 27 март 1729 – 9 јули 1737 | ||||
Претходник | Леополд | ||||
Наследник | Станислав I | ||||
Роден(а) | 8 декември 1708 Нанси | ||||
Починал(а) | 18 август 1765 Инсбрук | (возр. 56) ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Марија Терезија | ||||
Деца | |||||
| |||||
Династија | Лотариншка династија | ||||
Татко | Леополд | ||||
Мајка | Елизабета-Шарлота Орлеанска | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рани години
уредиФранц е роден во Нанси на 8 декември 1708 како втор син на војводата од Лорена Леополд (1679-1729) и неговата сопруга, француската принцеза Елизабета-Шарлота Орлеанска (1676-1744).
Со австриските Хабсбурговци Франц Стефан бил поврзан преку неговата баба Елеонора, ќерка на царот Фердинанд III. Семејството на Франц Стефан одржувало исклучително добри односи со светиот римски цар КарлО VI, кој планирал да ја омажи својата ќерка Марија Терезија за постариот брат на Франц - Леополд-Клеменс, кој бил наследник на лотарингската круна.
Леополд-Клеменс сепак починал во 1723 година. Така Франц Стефан станал наследник на Лорена и царот Карло VI решил да го ожени Франц Стефан за својата ќерка. Во 1723 година Франц заминал во Виена, каде бил под особеното покровителство на царот. Во Австрија, Франц Стефан станал владетел на Војводство Тешен. Во Австрија Франц останал 6 години до смртта на својот татко во 1729 година, кога официјално го наследил престолот на Лорена. Во 1732 Франц Стефан бил назначен за царски намесник во Унгарија.
Виена
уредиЗа време на престојот на Франц Стефан во Виена меѓу него и Марија Терезија се родила љубов, но поради политичката ситуација во Западна Европа во почетокот на 30-тите години, планираниот брак бил под знак прашалник. Војната за полското наследство од 1733 година, војната против Франција и Шпанија и баварските претензии за австриската круна по смртта на Карло VI биле причина владата во Виена да планира двоен династички брак - Марија Терезија како наследничка на Австрија, Чешка и Унгарија требало да биде омажена за баварскиот принц додека нејзината сестра за Карло од Шпанија.
Во 1735 година, по завршувањето на војната за полското наследство, царот Карло VI се согласил да го компензира францускиот кандидат за полската круна Станислав Лешчињски со Лорена, принудувајќи го Франц Стефан да се откаже од Лорена, во замена за Големото Војводство Тоскана, а неговиот брак со Марија Терезија повторно станал можен. Покрај тоа Франц Стефан бил назначен за управител во Холандија, а неговиот брат бил оженет за сестрата на Марија Терезија.
Така на 16 февруари 1736 година Франц Стефан и Марија Терезија се венчале во Виена, по кое заминале да живеат во Фиренца, каде Франц станал наследник на последниот владетел од Медичи.
Цар
уредиВо 1740 година починал царот Карло VI, која според Прагматичната санкција од 1713 година го наследила престолот на Австрија, Чешка и Унгарија. На 13 септември 1745 година Марија Терезија го обезбедила престолот за својот сопруг. Марија Терезија била лудо вљубена во нејзиниот сопруг и му родила многу деца.
Франц Стефан починал на 18 август 1765 година во Инсбрук.
Семејство
уредиФранц I со својата сопруга Марија Терезија имале 16 деца:
- Марија Елизабета Австриска (1737-1740)
- Марија Ана Австриска (1738-1789)
- Марија Каролина Австриска (1740-1741)
- Јосиф II (1741-1790) - цар на Светото Римско Царство
- Марија Кристина Австриска (1742-1798)
- Марија Елизабета Австриска (1743-1808)
- Карло Јосиф
- Марија Амалија Австриска (1746-1804)
- Леополд II (1747-1792) цар на Светото Римско Царство
- Марија Каролина (1748)
- Марија Габриела Австриска (1750-1762)
- Марија-Јосифа Австриска (1751-1767)
- Марија Каролина Австриска (1752-1814)
- Фердинанд (1754-1806)
- Марија Антоанета
- Максимилијан Франц (1756-1801)
Наводи
уреди- ↑ „Marie Antoinette: The Last Queen of France“. 2023-07-11.
Надворешни врски
уреди- Tomáš Kleisner - Jan Boublík, Coins and Medals of the Emperor Francis Stephen of Lorraine Prague 2011 ISBN 978-80-7036-316-4
- Франц I (Свето Римско Царство) на Ризницата ?
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Франц I (Свето Римско Царство) Роден(а): 8 декември 1708 Починал(а): 18 август 1765
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Жан Гастоне Медичи |
Војвода од Токсана 1737–1765 |
Наследник Леополд II |
Претходник Леополд |
Војвода од Лорена 1729–1737 |
Наследник Станислав I |
Војвода од Тишен 1729–1765 |
Наследник Јосиф II | |
Претходник Карло VII |
Крал на Германија 1745–1764 | |
Цар на Светото Римско Царство 1745–1765 | ||
Претходник Марија Терезија како sole ruler |
Надвојвода на Австрија Владетел на Австриските Ниски Земји 21 ноември 1740–1765 со Марија Терезија |
Наследник Марија Терезија како sole ruler |