Дора Сток
Дора Сток (6 март 1760 година - 30 март 1832 година) — уметник од 18 и 19 век која се специјализирала за сликање на портрети.
Живот
уредиДетство
уредиТаа е родена во Нирнберг, од татко Јохан Мајкл Сток, кој бил резбар на бакар. Во 1756 година, татко ѝ се оженил со вдовица која била 5 години постара од него - Марија Хелен Енднер, родена во Швабе (1733г.-1782г.)- која веќе имала син, кој се викал Георг Густав, од нејзиниот претходен брак. Дора била првото од двете деца родени од овој брак; две години подоцна се родила нејзината помала сестра Ана Марија Јакобина, наречена Мина (родена на 11 март 1762 - починала во 1843 година).
Кога Дора имала 5 години, нејзиниот татко започнал да работи во Лајпциг како резбар и илустратор за фирмата на Бриеткопф за печатење и издавање, a неколку месеци подоцна неговата фамилија заминала во Лајпциг. Семејството на Сток не се снашло добро. Тие живееле на 5-тиот кат во таванските соби во зграда чија долните катови биле зафатени со печатарските особености на Бриеткопф. Нејзиниот татко работел во дневната соба, каде имал доволно светлина и бил опкружен од неговото семејство.
Како што било обично со децата во тоа време (посебно девојчињата), Дора не одела на училиште, меѓутоа, локалниот претставник ја научил за основните вештини на читање и аритметика, а нејзината мајка ја научила за музиката. Имале мал клавир во нивната куќа. Богатата фамилија Бриеткопф, често ја поканувале во нивниот дом, каде таа си играла со децата и добивала значително образование.
Гете
уредиПочнувајќи кога Дора била 6 години, Јохан Волфганг фон Гете многу често го посетувал нејзиниот дом, кој подоцна станал истаканата личност во германската литература, а во тоа време бил 16 годишник кој студирал на правните науки на универзитетот. Гете се запишал на часови по цртање и гравирање со таткото на Дора.
Младиот Гете ја учел Дора за театарот и ја вовел во претставите за домаќинство во кои Дора земала удел. Општо земено, неговото присуство во домаќинството на Сток било неодговорно и вознемирувачко. Во една типична епизода, за време на Божиќ, Гете го предизвикал кучето на семејството да јаде слатки во форма на Христос. Гете исто така побарал од Дора и Мина да служат како стража додека тој се забавувал со женско друштво и (за грижа на семејството) тој го извлекол таткото надвор, кој пиел во Ауербах Келер, која подоцна на сцена е овековечен како „Фауст“. Гете се сретнувал со возрасната Дора и Мина повеќепати во подоцнежните години и останале во пријателски односи. Меѓутоа, таа никогаш не го насликала неговиот портрет.
Обука
уредиТинејџерот Гете му понудил совет на таткото на Дора за тоа како да ги одгледува нивните ќерки: „(обучувај ги) во ништо друго освен во уметноста на домаќинството, нека бидат добри готвачки, тоа ќе биде најдоброто за нивните идни сопрузи“. Нејзиниот татко немал такви намери, и Дора неуморно учела за уметноста на цртање и резбање на неговата работна маса; таа била очигледно и неговиот омилен ученик. Подоцна, Дора учела со Адам Фриедрих Оесери и (можеби) Антон Граф, двајцата сликари. По смртта на нејзиниот татко во 1773 година, Дора била способна да ја одржува фамилијата заедно со нејзиниот постар полубрат, со продолжување на негување на деловните односи со фамилијата Бриеткопф.
Љубовен живот
уредиВо доцните тинејџерски години, таа имала двајца додворувачи, но и двајцата ги одбила. Во 1780 година, на возраст од 20 години, Дора се верила со идниот писател Лудвиг Фернинанд Хубер. Откога Хубер немал средства за поддршка на семејството, бракот почнал да станува тежок. Во 1788 година, Хуберт заминал во Мајнц поради дипломатска работа; меѓутоа, наместо да го направи бракот возможен, тој се откажал: Хубер се впуштил во врска со Тересе Форстер, напуштената сопруга на Георг Форстер, а Дора открила за тоа во 1792 година. По овој настан, што Сиегел го карактеризира како катастрофален, Дора немала никакви понатамошни планови за бракот и таа си останала сама до крајот на животот.[1]
Сток и Корнер
уредиВо текот на нејзиниот живот, Дора била многу блиска со нејзината помлада сестра Мина. Мина се верила со Кристијан Готфрид Корнер за кратко време откако тој завршил со студиите на универзитет. Мина и Корнер не биле во можност да се венчаат поради напорните приговори на таткото на Корнер, кој не можел да ја поднесе мислата неговиот син на фамилијата Готфрид да се ожени со „ќерка на трговец“.
Во 1785 година, таткото на Корнер умрел, оставајќи му на својот син значително наследство. Ова било можност за Готфрид и Мина да се венчат. Тие го сториле тоа на 7 август, и се преселиле во Дрезден, каде Корнер претходно зазел помала правна положба (тој на крајот се искачил на повисок чин како советник). По нивниот меден месец, Дора се преселила да живее со нив, заземајќи мала спална соба и поставувајќи го нејзиниот прибор за сликање во истата соба.
Готфрид, Мина и Дора наскоро го направиле нивниот дом значаен културен центар. Роберт Ригс пишува:
„Домаќинството на Корнер во Дрезден... стана книжевена и музичка приемна соба. Се читале драми и есеи; се изведувале Сингспиел и камерна музика; и се држеле предавања за уметноста. Меѓу гостите и учесниците биле: Јохан Готфрид фон Хердер, Гете, Вилхелм фон Хумболт, браќата Шлегел, Лудвинг Тег, Новалис и музичарите Јохан Науман, Јохан Хилер, Карл Зелтер, Моцарт и Вебер.“
Семејството Корнер имале две деца кои го преживеале детството. И двете деца имале кратки животи, но со високи достигнувања: Ема Корнер (родена во 1788 година -починала во 1815 година), која станала вешт сликар и Теодор Корнер (роден во 1791 година - починал во 1813 година), кој станал познат војник-поет. Дора помогнала при воспитувањето и образованието на двете деца и насликала портрети од нив. [1]
Односот со Шилер
уредиВо почетокот на 1784 година, Дора, Хубер, Мина и Корнер се спријателиле со поетот Фридрих Шилер. Пријателството започнало со идејата на Дора, праќајќи анонимен пакет со симболичени подароци (придонесот на Дора било минијатурен портрет на секој од нив четворица). Овој гест во голема мера го охрабрил Шилер, зголемувајќи го неговото расположение во тешката рана фаза во неговата кариера. Во 1785 година, тој ја посетил групата и патувал заедно со нив во Лошвиц, рурално село надвор од Дрезден, најпосле живеел две години во куќата на Корнер каде му останува доживотен пријател. Дора направила три портрети на Шилер.
Во домот на Корнер, Готфрид изградил мал театар за семејни театарски изведби, кои според Сиегел биле доволно добри за да привлечат професионални театарски луѓе во публика. Откако Шилер му станал близок пријател, овој театар служел како место за (приватни) многубројни изведби на неговите сè уште необјавени драми; Сиегел забележува дека Теодор Корнер бил првиот кој го игра делот на Вилијам Тел, и Сток самата била првата Јованака Орлеанка ( во драмата „The Maid of Orleans“ ). Сток исто така била „директор, менаџер на сцената, и тренер на децата“.
Уметнички живот
уредиУметноста на Дора Сток се состоела речиси целосно од портрети. Линда Сиегел, животописецот на Сток ги опишува и ги оценува овие слики во детали; во кратки црти, таа ги осудува како длабоки промислени дела, значајни за чесноста и реализам и не секогаш ласкање за предмети. Анонимен критичар во книгата на Сиегел вели за Сток дека таа била „воздржена од суетата или преувеличувањето, од вредностите кои се очигледни во нејзините компетентни и брутално искрени портрети.“[2]
Сток работела со нејзините три омилени начини: пастели, масла и техника за цртање со сребрена жица. Таа била надарен препишувач и според Сиегел „не можела да остане во чекор со бројот на побарувачките за копии на делата во Галеријата за слики во Дрезден. Таа била член на Академијата за уметност во Дрезден; нејзините дела биле изложени таму пет пати од 1800 до 1813 година.
Подоцнежен живот
уредиГодините од 1813 до 1815 биле тешки и трагични за Сток. Дрезден бил во хаос со завршните фази од Наполеоновите војни, со живеалиштата( вклучен е домот на Корнер) коишто ги преземале француските војници и со големиот број на граѓански жртви. Теодор, внукот на Сток, кој волонтирал за Фреикорпс да се бори против Наполеон, загинал во акција (1813год.); и внуката Ема починала од ненадејна болест две години подоцна, оставајќи го Корнер без деца.
Сток, која била како втора мајка на децата на нејзината сестра, била уништена како што биле и Мина и Готфрид. На крајот Готфрид се скарал со Фредерик Август, владетелот на Саксонија, и ја изгубил својата работа. Во 1815 година, тројцата се преселиле во Берлин, каде Готфрид нашол работа како државен службеник, и каде таа го поминала остатокот од својот живот.Таа заради болест престанала да слика или црта по 1821 година.
Портретот на Моцарт
уредиВеројатно, од сите најпознати портрети на Сток е нејзината изведба на Волфганг Амадеус Моцарт. Ова можеби бил последниот портрет на Моцарт направен додека бил жив, и бил широко распространет.
Во април 1789 година, кога таа го направила овој портрет, Дора Сток живеела во Дрезден со Мина и Готфрид, каде сè уште си замислувала да биде омажена за далечниот Хубер. Во тоа време, Моцарт поминувал низ градот и одржувал концерти, како дел од патувањето во Берлин за време на пролетта, во 1789 година. На 16 или 17 април 1789 година, Моцарт направил неформална посета на домот на Корнер. Сток ја искористила можноста да го скицира портертот на Моцарт со техниката за цртање со сребрена жица на слонова коска.
Очигледно техниката со сребрена жица не се користела во тоа време; Дора можеби го научила овој метод од нејзиниот татко.
Портретот е прилично мал: 7,6 со 6,0 сантиметри.
Историјата на портретот
уредиАлби Розентхал, некогашен сопственик на сликата, укажува дека портретот го чувал Фридрих Корнер (кој не е идентификуван) во период од 50 години откако бил направен. Германскиот весник „Дие Велт“ (Die Welt)ја објавил неговата дополнителна историја: „сликата се пренесувала од семејството Корнер на диригентот Карл Екерт; подоцна го поседувал Хенри Хинричсен, сопственикот на музичката издавачка куќа „Ц.Ф.Петерс“ (C. F. Peters) во Лајпциг. Тој бил убиен во Аушвиц во 1942 година. Неговите наследници ја дале сликата на семејството Розентхал како благодарност за нивната помош.“ "[3]
Алби Розентхал починал во 2004 година. На крајот на 2005 година, неговите наследници ја продале сликата на универзитетот Мозартеум во Салцбург за 250.000 британски фунти. Бидејќи била многу кршлива, таа се чувала во заштитните трезори на музејот; само копијата е изложена.[4]
Моцарт - анегдотата на Сток
уредиДолго по нејзината смрт, Густав Партхеј објавил книга наречена „Спомените на младоста“ (Jugenderinnerungen) во 1871 година. Тој ја поврзал приказната за посетата на Моцарт што Дора Сток му ја кажала за време на нејзиниот живот:
- Самиот Моцарт, за време на неговиот краток престој во Дрезден, беше речиси секојдневен посетител на куќата на Корнер. За шармантниот и духовит Дорис, кој беше целиот во пламен и со неговата јужно- германска живост и упатуваше нејзе најубави комплименти. Тој дојде пред вечерата и откако тој излеа прилив од галантни фрази, седна да импровизира како свири пијано. Во соседната соба, на масата во меѓувреме се поставуваа чинии за супа и слугата најавил дека вечерата била послужена. Но, кој би можел да се одвои од Моцарт кога импровизира! Супата почнуваше да станува ладна и готвеното да се изгори, едноставно, така што ние можевме да продолжиме да го слушаме магичниот звук што господари, целосно посветен на тоа што тој го прави и свесен за остатокот од светот, и изведува мајстории од инструментите. Меѓутоа, еден конечно се измори токму на највисоките задоволства кога стомакот си го побара своето. Откако супата стана ладна, неколкупати додека Моцарт играше, тој за момент се посвети на задачата. „Моцарт“-рече Дорис, нежно ставајќи ја нејзината рака, бела како снег, на неговото рамо, „Моцарт, ние ќе одиме на вечера; сакаш ли да дојдеш со нас?“Но тоа беше точно дека Моцарт никогаш немаше да појде; тој играше мирно. Така ,ние често ги имавме ретките музички придружби на Моцарт за време на нашите оброци, Дорис го заклучи нејзиното раскажување, и кога ние се подигнавме од масата го најдовме него како сè уште седи на клавијатурата.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Siegel 1993, chap. 2
- ↑ Anonymous (1999)
- ↑ Issue of 4 November 2005; downloaded from http://www.welt.de/print-welt/article175400/Wirklich_echter_Amadeus.html 10 December 2007. German original: "Die Zeichnung ging von den Körners an den Dirigenten Carl Eckert, dann besaß sie Henri Hinrichsen, der Eigentümer des Leipziger C. F. Peters Musikverlags. Er wurde 1942 in Auschwitz ermordet. Seine Erben schenkten es als Dank für ihre Hilfe der Familie Rosenthal."
- ↑ Issue of 4 November 2005; downloaded from http://www.welt.de/print-welt/article175400/Wirklich_echter_Amadeus.html 10 December 2007.
- ↑ From Deutsch (1965, 568–569). The German original can be found in Burmeister.