Мухамед Али-паша

(Пренасочено од Мухамед Али Паша)

Мухамед Али-паша (Кавала, 4 март 1769Александрија, 2 август 1849) — отомански албански командант во османлиската армија кој успеал да стигне до позицијата валија и да се прогласи за управител на Египет и Судан во првата половина на XIX век. Иако не бил голем националист се смета за основач на модерен Египет бидејќи вовел големи реформи во војската, образованието и културата. Неговата династија владеела со земјата до 1952 година.

Мухамед Али-паша
Валија на Египет, Судан, Сирија, Хеџаз, Мореја, Тасос, Крит
Портрет од 1840 година
На престол17 мај 1805 — 2 март 1848
ПретходникАхмед Куршид-паша
НаследникИбрахим-паша
Роден(а)4 март 1769
Кавала
Починал(а)2 август 1849(1849-08-02) (возр. 80)
Александрија
Почивалиште
албанскиМехмед Али-паша
арапскиمحمد علي باشا
турскиКавалали Мехмед Али-паша
ДинастијаДинастија Мухамед Али
ТаткоИбрахим-ага
МајкаЗејнеб
Вероисповедислам[1]

Рани години

уреди

Во 1801 година заминал за Османлиски Египет, каде се водела борба за превласт меѓу Мамелуците и Османлиите. Во таа анархија, тој се држел на двете страни. Локалниот верски водач (улема) побарал на местото на валија да биде поставен Мухамед Али во 1805 година. Али по стапувањето на должност одлучил да ги убие мамелучките водачи па во 1811 година ги повикал на свеченост во Каиро по повод испраќање на неговиот син во поход во Арабија. Оние кои дошле веднаш биле уапсени и погубени. По убивањето на поголемиот дел од мамелучките водачи, тој им наредил на своите сили да бидат уништени и преостанатите сили на Мамелуците во Египет. По овој чекор, Египет бил претворен во регионален центар. Иако продолжил како вазалство на Османлиите, тој во суштина бил независен владетел.

Реформи

уреди

Мухамед Али сакал да го модернизира Египет според европските земји, исто како што сакал османлискиот султан Селим III, кој поради големите реформи бил убиен. Али не сакал да го повтори неговите грешки, па како прва цел сакал да си осигури постојани државни приходи. За да го постигне тоа, тој ја национализирал целата земја во Египет. Тоа го сторил на начин што ги зголемил даноците и кога имателите на земја не можеле да го плаќаат данокот, тој им ги конфискувал земјите и имотот. По ова, тој започнал со модернизација на својата армија, била изградена фабрика за производство на топови, а во Александрија било изградено бродоградилиште.

Воени походи

уреди

Првиот негов поход бил во Арабија каде против османлиската власт се побуниле членовите на племето Сауд (идната саудиска династија Сауд), заземајќи ги светите градови Мека и Медина. Задачата за задушување на востанието му била доделена од султанот Махмуд II. Најпрвин во поход го испратил својот син Тусун Паша во 1811 година, но овој поход не успеал па во 1812 година на чело на армијата застанал самиот тој и го освоил Хиџаз, но племето Сауд продолжило со побуната. По ова во поход бил испратен неговиот син Ибрахим Паша каде бил заробен водачот Абдулах ибн Сауд, испратен во Истанбул и погубен.

Во 1820 година самостојно, без поткрепа од Османлиите го нападнал Судан со војска од 5.000 луѓе на чело со неговиот трет син Исмаил. Овој поход бил успешен по кое била воспоставена египетска управа во Судан и која била запомнета по големата бруталност кон месното население.

Третиот негов поход бил во Европа, на Пелопонез, каде бил повикан да помогне на Османлиите во Грчката војна за независност. На тој поход бил испратен Ибрахим Паша со 17.000 војници. Ибрахим во Мореја останал три години сè до капитулацијата на Османлиското Царство во 1828 година кога во регионот интервенирале европските сили.

Како компензација за поразот, Али од султанот побарал да управува со Сирија, но Високата порта ова го одбила. Поради тоа во 1831 година Али го испратил својот син Ибрахим Паша со сила да ја освои Сирија, во кое и успеал во 1832 година. По овој успех, Ибрахим започнал поход кон Анадолија и го натерал големиот везир Мехмед Паша да се повлече во Битката кај Конија на 21 декември 1832 година.

Наводи

уреди
  1. Albert Hourani et al., The Modern Middle East: A Reader, (University of California Press: 2004), p.71