Кралство Хановер
Кралство Хановер (германски: Königreich Hannover) — кралство основано во октомври 1814 година од страна на Виенскиот конгрес, со враќање на териториите во Хановер на Џорџ III по Наполеоновите војни. Кралството го наследило поранешното Изборно Кнежевство Хановер (формално познато како Изборно Кнежевство Бранзвик-Линебург) и се приклучило на 38 други суверени држави во Германскиот Сојуз во јуни 1815 година. Кралството било управувано од династијата Хановер, кадетска гранка на династијата Велф, во личен сојуз со Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска од 1714 година. Бидејќи неговиот монарх престојувал во Лондон, намесник, обично помлад член на британското кралско семејство, управувал со администрацијата на Кралството Хановер.
Кралство Хановер Königreich Hannover
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1814–1866 | |||||||||
Статус | (1806–13) Држава на Германски Сојуз (1815–66) | ||||||||
Главен град | Хановер | ||||||||
Говорени јазици | Германски, Западнодолногермански дијалекти | ||||||||
Вероисповед | Протестантство (главно Лутеранство, но и Калвинизам), Римокатолицизам | ||||||||
Уредување | Уставна монархија | ||||||||
Крал | |||||||||
• 1814–1820 | Џорџ III | ||||||||
• 1820–1830 | Џорџ IV | ||||||||
• 1830–1837 | Вилијам IV | ||||||||
• 1837–1851 | Ернест Аугуст | ||||||||
• 1851–1866 | Џорџ V | ||||||||
Историски период | Наполеонови војни / Обединување на Германија | ||||||||
• Основана | 12 октомври 1814 | ||||||||
12 октомври 1814 | |||||||||
14 јуни 1866 | |||||||||
23 август 1866 | |||||||||
• Распадната | 20 септември 1866 | ||||||||
Валута | Хановерски талер, (1814–1857) Хановерски веринсталер, (1857–1866) | ||||||||
|
Личниот сојуз со Обединетото Кралство завршил во 1837 година по сукцесија на кралицата Викторија, бидејќи Салискиот закон ги спречувало жените да го наследат престолот на Хановер, сè додека има жив машки наследник во семејството. Така, нејзиниот вујко станал владетел на Хановер, кој ја поддржувал губитничката страна во Австро-пруската војна и кралството било освоено од Прусија во 1866 година. Потоа станало пруска провинција. Заедно со остатокот од Прусија, Хановер станал дел од Германската Империја по обединувањето на Германија во јануари 1871. Кратко заживеал како држава Хановер во 1946 година, но подоцна била споена со неколку помали држави за да се формира сегашната држава Долна Саксонија во Западна Германија.