Антим III Цариградски
Антим III Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 1822 до 1824 година.
Антим III Цариградски | |
---|---|
Антим III Цариградски | |
Претходник | Евгениј II Цариградски |
Наследник | Хрисант Цариградски |
Редови | |
Чин | Вселенски патријарх |
Лични податоци | |
Роден | 1762 |
Починал | 1842 |
Животопис
уредиПотекнува од Коронис Наксос каде се родил во 1762 година. Неговиот татко бил свештеник во селото и по потекло бил од Пелопонез. Тој бил ѓакон за време на начелствувањето на патријархот Неофит VII и архиѓакон во 1791 година. Подоцна се стекнал со титулата протариј, за повторно од април 1797 година да стане протосингел на Вселенскиот патријарх.
Бил избран за епископ на Смирна во 1797 година како наследник на епископот Григориј, кој бил избран за Вселенски патријарх. Во 1821 година бил избран за епископ на Халкедон. Турците како одмазда за ширењето на грчкото револуционерно движење го упасиле заедно со прелатите и ги затвориле седум месеци во занданите на најужасниот затвор во Истанбул. Во 1822 година, откако бил обесен Григориј V како Вселенски патријарх бил назначен Евгениј II, кој исто така починал откако бил измачуван од страна на Турците, Антим, кој сѐ уште бил затворен бил избран за патријарх во овој тежок период за време на грчкото востание.
Како патријарх успеал да ја зачува независноста на Кипарската архиепископија,и привилегиите кои ги имала, во период кога Турците темелно ги погубувале свештениците и истакнатите граѓани, дури и епископие во советот биле за укинување на архиепископијата. Антим исто така го одбил преводот на англиската протестантска библија.
Во 1824 година Антим III бил отстранет од страна на султанот, бидејќи одбил да соработува во борбата против грчкото востаничко движење и поради тоа што ја поддржувал независноста на србите. Побегнал во Скутари и подоцна бил протеран во манастирот Свети Јован Крстител во Кајсери во Кападокија. Неколку месеци по прогонот и многуте тешкотии кои му го нарушило здравјето, па во декември 1825 година султанот му дозволил да се врати во Измир.
Во Измир тој живеел во мало станче во Горна Махала и четопати учествувал во месниот црковен живот. Тој бил и викар во Смирна во 1831 и 1833 година. Тој починал во 1842 година во Смирна и целото свое богатство го оставил на храмовите и добротворните организации во градот. Грандиозниот погреб бил воден од страна на ефескиот митрополит Антим и бил погребан во црквата Свети Јован Божествениот каде неговиот гроб постоел сè до големата Малоазиска катастрофа.
Извори
уреди- Ecumenical Patriarchate Архивирано на 15 јануари 2020 г.
- Encyclopedia Hellenic
Претходник Евгениј II |
Цариградски патријарх 1822-1824 |
Наследник Хрисант |