Херпетологија

(Пренасочено од Херпетолог)

Херпетологија — гранка на зоологијата која се занимава со изучување на водоземците (жаби, дождовници, мрморци, безножни) и влекачите (змии, гуштери, прстенари, желки, крокодиловидни. туатари).[1] Батрахологијата е поддисциплина на херпетологијата која ги изучува исклучиво водоземците.

Машка златна крастава жаба

Оваа гранка се занимава со проучување на ладнокрвните (поикилотермни и ектотермни) четириношци, наречени „херпетофауна“. Според оваа определба, тука не спаѓаат рибите, но стручњаците од областа на херпетологијата често се здружуваат со ихтиолозите и вршат заеднички истражувања и издаваат трудови со цел разменување на наоди и идеи помеѓу овие научници. Една од највидните организации од овој вид е Американското друштво на ихтиолози и херпетолози[2].

Најзначајна група во Македонија е Херпетолошката секција при Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ).

Херпетологијата нуди поволности за човештвото со изучувањето на водоземците и влекачте во сеопштата екологија, особено поради чувствителноста на водоземците кон промени на околината — со ова се добива забележливо предупредување за луѓето дека се случуваат промени во животната средина. Некои токсини што ги излачуваат влекачите и водоземците наоѓаат примена во медицината. На пример, некои змиски отрови се користат за добивање на антикоагуланти (средства против згрутчување на крвта) за настрадани од мозочен и срцев удар.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „херпетологија“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Задачи — Американско друштво на ихтиолози и херпетолози (ASIH) (англиски)

Надворешни врски

уреди