Агатангел Цариградски
Агатангел Цариградски — вселенски патријарх во периодот од 1826 до 1830 година, а претходно бил и митрополит во Белград во периодот од 1816 до 1825 година.
Агатангел Цариградски | |
---|---|
Агатангел Цариградски | |
Претходник | Хрисант Цариградски |
Наследник | Константиј I Цариградски |
Други служби | Митрополит Белградски |
Редови | |
Чин | Вселенски патријарх |
Лични податоци | |
Роден | 1769 Одрин |
Починал | 1832 Одрин |
Животопис
уредиКако млад се замонашил во Света Гора во манастирот Ивирон. Во ноември 1815 година бил избран да раководи како Митрополит Белградски.
Во 1817 година, бил постигнат договор помеѓу митрополитот и кнезот Милош за поставување на Јован Томиќ, протопрезвитер во Соборната црква во Белград.
За време на начелствувањето на митрополитот Агатангел во 1822 година поставен е иконостасот во Њубостињскиот манастир, а биле и изградени конаците на Каленичкиот и Туманскиот манастир. Во периодот од 10 години како митрополит во Србија бил приморан да соработува со кнезот Милош кој пак се вмешувал во сите црковни работи, не обрнувајќи внимание на каноните на православната црква.
Митрополитот Агатангел воедно бил учесник и на собирот на 6 ноември 1817 година, на кој се потврдило дека кнезот Милош е кнез на Србија. Во август 1825 година бил избран за митрополит на Халкидон, а на 26 септември 1826 година за вселенски патријарх. Начествувал сè до 5 јули 1830 година кога бил отстранет од престолот.
Надворешни врски
уреди- И. И. Соколов. Константинопольская церковь въ XIX вѣкѣ. Опытъ историческаго изслѣдованія. Т. I, СПб., 1904.
- Савва, еп. Шумадийский, Б. А. Нелюбов АГАФАНГЕЛ // Православная энциклопедия. Том I. — М.: Церковно-научный центр «Православная энциклопедия», 2000. — С. 234. — 752 с.
Претходник Хрисант |
Цариградски патријарх 1826-1830 |
Наследник Константиј I |