Френк Синатра

американски пејач, глумец и продуцент

Френсис Алберт „Френк“ Синатра, 12 декември 1915 – 14 мај 1998 година бил американски пејач и глумец. Започнувајќи ја својата музичка кариера во „свинг ерата“ со Хери Џејмс и Томи Дорсеј, Синатра стана успешен соло артист од почетокот до средината на 1940 година, како идол на „боби соксерс“. Неговата професионална кариера подзапре во 1950-та но, откако во 1954 година доби „Оскар за најдобра машка споредна улога“, неговата кариера му се прероди.

Френк Синатра
Френк Синатра на „Женскиот градски бал“ во Флорида на 12 март 1960 година
Животописни податоци
Родено имеФренсис Алберт Синатра
Познат(а) и какоОл’ Блу Ајс
Претседател на одборот
Гласот
Френки
Френцис
Френцис Алберт
Роден(а)декември 12, 1915(1915-12-12)
Хобокен, Њу Џерси, САД
Починал(а)14 мај 1998(1998-05-14) (возр. 82)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиТрадиционален поп, џез, свинг, биг бенд, вокал
ЗанимањаПејач, глумец, продуцент, режисер, диригент
ИнструментиВокал
Период на активност1935–1995
ИздавачиКолумбија, Капитол, Репрајс
СоработнициРет Пек, Бинг Козби, Ненси Синатра, Квинси Јонс

Потпиша со „Капитол Рекордс“ и издаде неколку добри албуми(како што се: „Во тесните часови“ (In the Wee Small Hours), „Песни за занишаните љубовници“ (Songs for Swingin' Lovers), „Летај со мене“ (Come Fly with Me ), „Само осамените“ (Only the Lonely) и „Добро и полека“(Nice 'n' Easy). Синатра го напушти „Капитол рекордс“ со цел да основа своја издавачка куќа, „Репрајс рекордс“ (постигнува успех со албумите како што се: „ Ринг а динг динг“ (Ring-A-Ding-Ding), „Синатра кај песоците“ (Sinatra at the Sands) и „Францис Алберт Синатра и Антонио Карлос Џобим“ (Francis Albert Sinatra & Antonio Carlos Jobim), имаше меѓународни турнеи, беше основачки член на „Рет Пек“ и се спријатели со познати личности и претседатели, вклучувајќи го и Јон Ф. Кенеди. Синтра наполни 50 години во 1965-та, ја сними ретроспективната „Септември на моите години“ (September of My Years), ја доби наградата „Еми“ за специјалната емисија – „Френк Синатра: Човекот и неговата музика“, и постигна хитови со „Странци во ноќта“ (Strangers in the Night) и „Мојот начин“ (My Way).Синатра се обиде да ги преброди променливите вкусови во популарната музика, но откако не беше слушана многу неговата музика и со глумењето во неколку лоши филмови, се пензионираше во 1971. По враќањето од пензијата во 1973 година, тој сними неколку албуми; постигна Топ хит 40 со „Њујорк, Њујорк“ во 1980г, и направи турнеи како во САД така и меѓународно, неколку години пред неговата смрт во 1998г.

Синатра исто така направи кариера и како глумец аматер, добивајки „Оскар за најдобра споредна машка улога“ во неговата изведба во „Од овде до вечноста“, и беше номиниран за „Оскар за најдобар глумец“ за „Човекот со златната рака“. Тој исто така глуми и во мјузикли како што се „Високо општество“ (High Society), „Другарчето Џој“(Pal Joey,), „Момци и кукли“ (Guys and Dolls )and „Во градот“ (On the Town). Синатра беше почестен во „Кенеди центарот за почести“ во 1983-та и беше награден со „Највисоко цивилно мирновременско одликување“ од страна на Роналд Риган во 1985 година и со „Конгресниот златен медал“ во 1997година. Синатра исто така беше добитник на единаесет „Греми награди“, вклучувајќи ја „Греми награда за управител“, „Греми награда за легенда“ и „Греми награда за животно дело“.

Младост уреди

Синатра е роден во Хобокен, Њу Џерси како единец на италијанските имигранти Натали Дела и Антонио Мартино Синатра. Го напушта средното училиште без диплома, присуствуваше само 47 дена пред да биде избркан поради неговото хулиганско однесување. Мајка му, позната како Доли, беше влијателна во соседството и во круговите на „Локалната демократската партија“, исто така спровела нелегален бизнис во нејзиниот дом; за овој прекршок беше уапсена неколкупати и двапати беше осудувана за истиот. Френк беше уапсен поради тоа што излегуваше со постара жена, кривичен прекршок во тоа време. Татко му Тони работеше во пожарната служба во Хобокен. Во време на тешките години во 1930-та кога Големата криза ја погоди Северна Америка, Доли сепак имаше сочувано пари за Френк, единецот на фамилијата, за неговите излегувања со пријателите и за модерна облека. Тогаш Френк некое време работеше како доставувач на весници во „Џерсеј Обсервер“ и како мајстор во бродоградилиштето „Тиетјан и Ланг“. Во почетокот на 1930-та Синатра почна јавно да пее.

1935–40: Почеток на кариерата, соработката со Џејмс и Дорсеј уреди

Синатра прв обид за пеење во 1935 година, кога мајка му го наговори да се приклучи во локалната група (Тројцата тепкачи). Групата заедно со Синатра стана позната како „Хобокен Фор“ и тие многу го импресионираа Едвард Боус. По појавувањето во шоуто на Боус, „ Аматерскиот час на Мајор Боус“, тие добија 40000 гласови и ја добија првата награда - шестмесечен договор за изведба на сцена и изведба во радио низ САД.

 
Frank Sinatra, 1947

Синатра ја напушти групата „Хобокен Фор“ и се врати дома во 1935-та. Мајка му му обезебди работа како келнер-пејач и МЦ во „Рустик Кабин“ во Инглевуд Клифс, Њу Џерси, каде што му наплаќаа 15 долари неделно.

На 18 март 1939 година, Синатра направи демо снимка на една песна наречена "Нашата љубов", со Френк Мане бендот. Плочата беше со потпис "Френк Синатра". Водачот на групата безбедно го чуваше оригиналот речиси 60 години. Во јуни, Хари Џејмс го потпиша договор со Синатра за 75 долари неделно. Бендот на Џејмс беше тој, со којшто Синатра ја издаде својата прва комерцијална плоча "Од дното на моето срце"(From the Bottom of My Heart) во јули 1939 година - Американскиот „Бранзвик “ на 8443 место и Велика Британија, Колумбија ДБ 2150 место. Помалку од 8.000 примероци на „Од дното на моето срце” беа продадени, ја барале колекционери на плочи низ целиот свет, но плочата не можеше лесно да се најде. Синатра издаде десет комерцијални песни со Џејмс во 1939 година, вклучувајќи ја и "All or Nothing at All "(Сè или ништо), која имаше слаба продажба на почетокот, но потоа кога беше реиздадена во Колумбија, се продаваа милиони копии, и му ја зголеми популарноста на Синатра за само неколку години.

Во ноември 1939 година, на состанокот во „Палмер Хаус“ во Чикаго, водачот на бендот Томи Дорсеј побара од Синатра да му се приклучи на неговиот бенд како замена за Џек Леонард кој неодамна го напуштил со цел започне соло кариера. Оваа средба беше пресвртна точка во кариерата на Синатра, бидејќи со потпишувањето со бендот „Дорсеј“, еден од најжешките бендови во тоа време, тој стана попознат во американската јавност. Иако Синатра сè уште беше под договор со Џејмс, Џејмс ја препозна можноста што му ја нуди Дорсеј на Синатра и пристојно го раскина договорот со Синатра. Синатра призна дека му е голем должник на Џејмс и откако дозна за смртта на Џејмс во 1983 година, изјави: "Тој [Џејмс] е оној којшто направи сево ова да биде можно.“

На 26 јануари 1940 година, Синатра првпат јавно настапи со бендот „Дорсеј“ во театарот „Коронадо“ во Рокфорд, ИЛ. Во неговата прва година со Дорсеј, Синатра издаде повеќе од четириесет песни, а со "Никогаш нема да се насмевнам повторно” (I'll Never Smile Again) се наоѓа на врвот на топ листите, дванаесет недели, започнувајќи во средината на јули.

Односот на Синатра со Томи Дорсеј беше проблематичен, заради нивниот договор, со којшто Дорсеј добива ⅓ од доживотната добивка на Синатра во забавната индустрија. Во јануари 1942 година, Синатра ги сними своите први соло сесии без бендот Дорсеј (но со аранжерот на Дорсеј, Аксел Стордал и со одобрување од страна на Дорсеј). Овие сесии беа комерцијално издадени на етикетата славеј. Синатра ја напушти групата Дорсеј во 1942 година по инцидентот, кој настана со гласините за вмешаноста на Синатра со мафијата. Приказната се појави во весниците „Херст“ каде што беше објавено дека мафијашот Сем Џијанкана го принудувал Дорсеј за да го раскине договорот со Синатра за неколку илјади долари. Оваа приказна беше добро претставена во филмот „Кум.“ Според биографијата на Ненси Синатра, гласините во „Херст“ беа наведени, поради демократска политика на Френк. Всушност, договорот беше купен од страна на МЦА основач Џулс Штајн за 75 000 долари.

1940–50: Синатраманија и влошување на кариерата уреди

Во мај 1941 година, Синатра беше на врвот на анкетите на пејачи во списанијата „Билборд“ и „Даунбит“. Неговото обраќање до „Боби соксерс“, кои беа наречени како тинејџерки од тоа време, открива нова публика за популарна музика, која беше снимена главно за возрасни во тоа време.

На 31 декември 1942 година, Синатра се претстави во театарот „Парамаунт“ во Њујорк

 
Кога го интервјуираат Синатра за американските сили на мрежата за време на Втората светска војна.

За време на штрајкот на музичарите од 1942-1944 година „Колумбија“ ја реиздаде верзијата на Хари Џејмс и Синатра "Сè или ништо" (музика на Артур Алтман и текст на Џек Лоренс), снимена во август 1939 година и која е издадена пред Синатра да стане познат. Оригиналната верзија, не го ни споменува името на вокалистот. Кога снимањето беше реиздадено во 1943 година со прикажување на името на Синатра, изведбата беше поставена во најдобро продаваната листа за 18 недели, и достигна до место број 2 на 2 јуни 1943 година.

Синатра потпиша со "Колумбија" на 1 јуни 1943 г. како соло артист, и тој имаше голем успех, особено за време на штрајкот на музичарите во 1942-1943 година. И покрај тоа што не биле издадени нови записи за време на штрајкот, тој изведуваше на радио (на Вашата хит парада) и на сцена. „Колумбија“ се обидуваше да добие нови снимки од нивната ѕвезда што е можно побрзо, и Синатра ги убеди да го вработат Алек Вајлдер како аранжер и диригент за неколку сесии со вокалната група наречена „Пејачи на Боби Такер“. Овие први сесии беа на 7 јуни, на 22 јуни, 5 август, и 10 ноември 1943 г. Од девет песни снимени за време на овие сесии, седум спаѓаат во најдобро продаваната список на песни.

Синатра не служеше во војската за време на Втората светска војна. На 11 декември 1943 година, тој беше класифициран како 4-F ("Регистрант неприфатлив во воена служба") поради дупнувањето на ушното тапанче од неговиот воен отсек. Покрај тоа, извештајот на ФБИ објавен во 1998 година за Синатра, покажа дека докторите, исто така, пишувале дека тој бил „невротичен“ и дека е „неприфатлив материјал од психијатриска гледна точка.“ Ова беше исфрлено од неговата плоча за да се избегне „непотребната непријатност и за одбраноста и за почетниот стаж“. Активно- службено лице, како Вилијам Манчестер, рече за Синатра, "Мислам дека Френк Синатра беше најомразениот човек во Втората светска војна, многу повеќе отколку Хитлер, "бидејќи Синатра беше дома и заработуваше пари и се прикажуваше на фотографии опкружен со убави жени. Неговото одложување од војка лошо ќе му влијае во неговиот живот кога тој ќе мора самиот да се брани.

Имаше обвинувања, вклучувајќи ги и некои од колумнистот Валтер Винчел, дека Синатра платил 40 000 долари за да ја избегне службата - но ФБИ не можеа да најдат докази за тоа.

Кога Синатра се врати во театарот „Парамаунт“ во октомври 1944 година, 35 000 обожаватели направија турканици надвор од објектот, бидејќи не им беше дозволено да влезат внатре.

Во 1945 година, Синатра глумеше заедно со Џин Кели во „Сидра Авеи“. Истата година, тој беше во РКО за да глуми во краток филм со наслов „Куќата во која што живеам“. Во режија на Мервин Лерој, овој филм Е заснован на толеранцијата и расната еднаквост, и се здоби со специјален „Оскар“ поделен помеѓу Синатра и оние што го придонеле филмот воопшто да биде сниман, заедно со посебен „Златен глобус“ за "Поттикнување на добра волја." Во 1946 година го издаде својот прв албум, „Гласот на Френк Синатра и деби на неделната радио емисија посветена за него. До крајот на 1948 година, Синатра чувствуваше дека неговата кариера се влошува, и тоа беше потврдено кога падна на број 4 на годишната анкета во „Даунбит“ од најпопуларните пејачи (по Били Екстини, Френки Лејн, и Бинг Крозби). Во 1949 година, повторно му порасна кариерата, кога Френк глуми заедно со Џин Кели во „Однеси ме на натпреварот.“ Тој критички беше добро прифатен и имаше голем комерцијален успех. Истата година, Синатра се здружи со Кели за третпат во филмот „Во градот“.

1950–60: Обновување на кариерата, Концепт албуми во Капитол уреди

По отсуство од две години, Синатра се врати на сцената со концерт на 12 јануари 1950 година во Хартфорд, Конектикат. Неговиот глас трепереше и тој имаше крварење на гласните жици на сцената во Копакабана на 26 април 1950 година. Неговата кариера и обраќање до новата тинејџерска публика пропаѓаше откако тој наполни 30 години.

Во септември 1951 година, Синатра го направи своето деби во Лас Вегас во „Десерт Ин“. Еден месец подоцна, втора серија на „Шоуто на Френк Синатра“се емитуваше на ЦБС.

„Колумбија“ и МЦА му дадоа поддршка во 1952 година.

Обновувањето на кариерата на Синатра почна со вечерите на Перл Харбор, „Од овде до вечноста "(1953), за која тој доби „Оскар за најдобра споредна машка улога.“ Оваа улога и изведба му направија пресврт во кариерата на Синатра: по падот на кариерата по неколку години, тој стана добитник на „Оскар за победнички глумец“ уште еднаш, му помогна да биде еден од најдобрите на уметници во светот. Исто така во 1953 година, Синатра настапи во НБЦ радио програмата Роки Фортун. Неговиот карактер, Роко Фортунато, беше приватен детектив којшто беше пратен од „Агенцијата за вработување Гридли“ во разни ситуации со цел за решавање на криминал. Сериите се емитуваа на радиото НБЦ навечер во вторник од октомври 1953 до март 1954 година. Во текот на последните месеци на шоуто, пред Оскарите во 1954 година, стана позната фразата „Од тука до вечноста“ во секоја епизода на Синатра, навестување за неговата изведба номинирана за Оскар.

Во 1953 година, Синатра потпиша со „Капитол рекордс ", каде што работеше со повеќе најдобри музички аранжери на сите времиња, имиња како Нелсон Ридл, Гордон Џенкинс, и Били Меј. Синатра самиот повторно направи серија на албуми со темни емоции, вклучувајќи „Во тесните часови“ (1955) - првите 12 ЛП на Синатра и неговата втора соработка со Нелсон Ридл „Каде си?“ (1957) и „Френк Синатра пее само за осамените “(1958). Тој, исто така вклучи и хипер, "весела" емоции, познати како „Нишај се полека! “ (1954), „ Песни за занишаните љубовници “ (1956), and „Летај со мене“ (1957).

До крајот на годината, „Билборд“ ги спомена "Млади во срцето"- Песна на годината „Нишај се полека!“ на чело со Нелсон Ридл, (неговиот втор албум за Капитол) беше именуван за „Албум на годината“ и Синатра беше прогласен за "Топ машки вокал" од страна на „Билборд“, „Даунбит“ и „Метроном.“ Исто така и со третата соработка со Нелсон Ридл за песната „Песни за занишаните љубовници “, постигна голем успех, како и со снимањето на песната "Те имам под кожа".

„Френк Синатра пее само за осамените “, еден целосна колекција на интроспективни салон песни и блуз-балади, бил огромен комерцијален успех, се наоѓа на 1 место по 120 недели на листата од албуми на „Билборд.“ Парчињата од оваа ЛП, како што „Ангелски очи“ и „Едно за мојата срцка (и уште едно за попат),“ се главни песни на концертите на Синатра во текот на неговиот живот.

За време на доцните педесетти, Синатра често ја критикуваше рок-музиката, голем дел од тоа претставува неговата реакција на ритмите и ставовите коишто му беа неразбирлливи.Во 1958 година тој ги навреди како „ песна, свирена и напишана во најмногу од кретенски силеџии. Таа е музика на секој деликвент на земјата."

1960–70: Ринг-а-динг-динг, „Репрајс рекордс“, Бејси, Жобим, „Мојот начин“ уреди

Синатра почна од 1960 година откако апстинираше во 1950-тите. Неговиот прв албум на декадата, „Добро и полека“, беше на врвот на Билборд шемата и се здоби со критички пофалби. Синатра беше незадоволен од „Капитол“ и реши да основа своја издавачка куќа „Репрајс рекордс“. Неговиот прв албум во оваа издавачка куќа „Ринг а динг динг“(1961), беше успешен и се најде на 4-то место на „Билборд“ и на 8 место во Велика Британија.

Својата четврта и последна композиција „Тимекс “ специјално се емитуваше во март 1960 година и постигна голема гледаност. Со наслов „Убаво е да се патува“, шоуто е попознато како „Добредојде дома Елвис“. Појавувањето на Елвис Присли по отпуштањето од војската беше некако ироничен; Синатра се имаше сперчкано со него во средината на педесеттите години, велејќи: „Неговиот тип на музика е непристоен, запален афродизијак. Тој поттикнува негативни и деструктивни реакции кај младите луѓе. “ Присли одговори: „.. [Синатра] е успешен човек и добар глумец, и мислам дека тој не требаше да изјави така ... [рокенролот] е тренд, и е ист како кога и самиот Синатра започнал да го пее пред многу години. “ Подоцна, со цел да биде комерцијално издржлив, Синатра му го сними хитот на Присли „Љуби ме нежно “, како и со работата со Пол Сајмон („Г-ѓа Робинсон“), Бителси („Нешто,“ „Вчера“), и Џони Мичел („Двете страни сега“).

Искачувајќи се кон врвот со филмот „Кан Кан“ , понатаму беше и „Единаесеттемина на Оушн“, филм којшто беше емитуван најмногу поради „Рет пек“. На 27 јануари 1961 година, Синатра направи шоу во „Карнеги Хол“ за Мартин Лутер Кинг Џуниор. Тој одигра значајна улога во десегрегацијата во хотелите и казината на „Невада“ во 1960-тите. Синатра заедно со неговите членови на „Рет пек“ и соработниците со „Репрајс рекордс“ одбивајќки да ги поддржи хотелите и казината каде што не им е дозволено на пејачи црнци да свират, или не им е дозволен влез на црнци покровители. Тој често би искоментирал на сцената нешто во врска за десегрегацијата, и постојано играше некои движења на Кинг. Според Френк Синатра, Џуниор, за време на шоуто во 1963 година Кинг се расплакал кога Синатра ја испеал „Ол’ мен ривер“ песна од музичкото шоу „Шоу боат“, каде што е испеана од еден афроамерикански крајбрежен работник.

По 11 и 12 септември 1961 година, Синатра ги снимаше своите последни песни во „Капитал рекордс“. Во 1962 година, заедно со Џенет Ли и Лоренс Харви, тој глумеше во политичкиот трилер, „Манџурискиот кандидат “ како Бенет Марко. Истата година, Синатра и „Каунт Баси“ соработуваа за албумот „Синатра-Баси“. Ова популарно и успешно објавување ги поттикна да се вратат две години подоцна за следната изведба „Тоа би можело да се заниша,“ која што беше обработена од Квинси Џонс. Еден од многуте амбициозни албуми на Синатра во средината на 1960-тите години, „Концертот на Синатра“ , беше снимен со симфониски оркестар од 73 инструменти на 35мм лента.

Првиот албум во живо „Синатра кај песоците“ на Синатра, беше снимен во јануари 1966 година во „Сендс хотел енд казино“ во Лас Вегас. Во јуни 1965-та, Синатра, Семи Дејвис Џуниор и Дин Мартин свиреа во живо во Сент Луис во корист на „Дисмас хаус“. Концертот се пренесуваше во живо преку сателит во повеќе кина низ Америка. Издаден во август 1965г. албумот „Септемрви на моите години“, ја доби „Греми наградата“ за најдобар албум, со антологијата „Човекот и неговата музика “ која што беше во ноември, за која добива „Греми“ за албум на годината во 1966 година. Специјалната емисија „Френк Синатра“ : „Човекот и неговата музика“ ги освои наградите „Еми“ и „Пибоди“.

Во пролетта, се појави „Ова е животот“, и двете, и песната и албумот, стануваат топ десет хитови во САД на поп листите на „Билборд.“ „Странци во ноќта“се наоѓа на врвот на поп листите „Билборд“ и британските поп листи, освојувајќи ја „Греми“ наградата „Песна на годината“. Албумот со истото име, исто така, во „Билборд“ го достигна 4-то место во Велика Британија.

Синатра започна 1967 година со на важни песни со Антонио Карлос Жобим. Подоцна во текот на годината, направи дует со ќерка му Нанси, "Нешто глупаво", беше на врвот на поп топ листите во „Билборд“ и во Велика Британија. Во декември, Синатра соработуваше со Дјук Елингтон на албумот „Френсис А. и Едвард К.“

Во текот на доцните 1960-ти, менаџерот Ли Солтерс повика колумнисти со нивните брачни другари во соблекувалната на Синатра токму пред тој да излезе на сцената. "Њујоркер“ раскажува: „Првиот колумнист којшто го направи ова беше Лери Филдс од „Филаделфија Дејли Њуз“, чијашто сопруга се онесвести кога Синатра ја бакна на нејзиниот образ. „Погрижете се за тоа, Ли,“ рече Синатра, и замина.“

Повторно на телевизијата, Синатра повторно работеше со Жобим и Ела Фицџералд на специјалната емисија „Човекот и неговата музика + Ела + Жобим.“ „Ватертаун“ (1970) е еден од најценетите албуми на Синатра, но беше игнориран од страна на јавноста. Беа продадени само 30 000 копии, и достигнување позиција на 101 место, неговиот неуспех му стави крај на плановите за специјална емисија за неговиот албум.

Со Синатра, пејачот и текстописец Пол Анка ја напиша песната "Мојот начин" инспирирана од францускиот " Comme d'habitude " („Како вообичаено“), компонирана од Клод Франсоа и Жак Рево. (Песната била претходно порачана за Дејвид Боуви, чиишто стихови не им се допаднаа на менаџерите.) „Мојот начин“можеби повеќе би се идентификувала со него отколку со кој било друг, со неговата седумдесет годишна работа како пејач.

1970–80: Пензионирање и повторно враќање уреди

На 12 јуни 1971 година - на концертот во Холивуд, за соберање пари за „Моушон Пикчар(Филм)“ и „Телевизискиот фонд за помош“ - на 55 години, Синатра објави дека ќе се пензионира, и со тоа ја заврши својата 36-годишна кариера во шоу бизнисот.

Во 1973 година, Синатра се врати специјална емисија и албум, и двете под назив „Ол’Блу ајс се врати.“ Албумот, аранжиран од Гордон Џенкинс и Дон Коста, беше голем успех, достигнувајќи до 13- томесто во „Билборд“ и 12-то место во Велика Британија. Специјалната емисија беше истакната со драмското читање на "Испрати на кловновите" и песна и танц со поранешната партнерка Џин Кели.

Во јануари 1974 година, Синатра се враќа во Лас Вегас, изведувајќи во „Цезарс Палас“ и покрај тоа што во 1970 година вети дека нема никогаш повторно да свири таму, откако менаџерот на хотелот, Сенфорд Ватерман, по жестоката расправија што ја имаа, впери пиштол во него. Неодамна тој сними со Ватерман и имаше повторна можност да се врати на сцена.

Во Австралија, тој предизвика голема узбуна поради описот на новинарите таму - коишто агресивно го следеле секој негов потег и го претставуваа лошо за печатот – нарекувајќи ги „педери“, „макроа“, и „курви“. Австралиските синдикати претставени од работници, келнери, и новинари покренаа штрајк, барајќи од Синатра да се извини за неговите забелешки. Синатра наместо тој самиот да се извини бараше од новинарите тие да му се извинат за „петнаесетте години на навредување што беа напишани од светскиот печат.“ Идниот премиерот на Австралија, Боб Хоук, потоа водачот на „Австралискиот совет на синдикатите (АЦТУ)“, исто така, инсистираше Синатра да се извини, и на крајот дојдоа компромис и последното шоу на Синатра од австралиската турнеја беше емитувано на телевизија.

Во октомври 1974 година, Синатра се појави во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк на концерт кој беше емитуван на телевизија, кој подоцна беше издаден како албум под наслов „Главниот настан – во живо.“ Него го поддржуваше водачот на бендот Вуди Херман и „Јанг тандеринг херд“, којшто подоцна го придружуваше Синатра на европска турнеја истиот месец.

Специјалната емисија за Синатра имаше најмногу позитивни критики за албумот – всушност,од различните емисии за време на неговата турнеја за „кам- бек“ беа уништени – тоа беше само умерен успех, и се наоѓаше на 37 место на „Билборд“ и на 30 место во Велика Британија. Во 1979 година, пред египетските пирамиди, Синатра настапи за Анвар Садат. Назад во Лас Вегас, додека славеше 40 години во шоу-бизнисот и неговиот 64-ти роденден, тој бил награден со „Греми награда за доверители“, за време на забава во „Цезарс палас“.

1980–90: Триологија, Таа ме собори, Л.А. Е мојата дама уреди

 
Синатра пее со Првата дама Ненси Реган во „Белата куќа“

Во 1980 година, првиот албум на Синатра по пауза од шест години беше објавен, „Трилогија: минато, сегашност, иднина“, претенциозен троен албум, во кој Синатра има снимено песни од минатото (пред-рок ерата) и сегашноста (рок ера и современото) коишто тој ги надгледувал за време на неговата кариера, додека пак „Иднината " беше во слободна форма на нови песни поврзани со à la -музички театар со една тема, во овој случај, Синатра повеќе размислува за иднината. Албумот освои шест „Греми номинации“ - добивајќи за „Најдобар проучувач“ - и го достигна 17 место во „Билборд“, додека стартувала и уште една песна што е најавна шпица, „Тема од Њујорк, Њујорк", како и пофалената песна „Нешто“ од Џорџ Харисон (Првата песна не беше официјално издадена на албумот „Френк Синатра грејтест хитс, вол.2“ до 1972 година).

Следната година, Синатра постиггна успех со „Трилогија“ со „Таа ме собори“, албум, со којшто се наврати на темните тонови во годините додека соработуваше со „Капитол рекордс“, и беше пофален од критичарите како задоцнет период и е од голема важност за Синатра. Синатра би коментирал дека тоа е "Типичен салон албум ... „Тир Џеркерс“ или „Крај ин јур бир“ , таков вид."

Синатра беше вмешан за контроверзност во 1981 година, кога работел десет дневен ангажман за 2 милиони долари во Сан Сити, Јужна Африка, кршејќи ја културната блокада за Апартхејдот во Јужна Африка.

Френк Синатра беше избран како еден од пет примачи во 1983 од „Центарот за почести Кенеди“, заедно со Кетрин Дунам, Џејмс Стјуарт, Ели Казан и Вергилиј Томсон. Со цитирањето на Хенри Џејмс во чест на Синатра, Реган изјави дека "уметноста беше сенка на човештвото", рече и дека Синатра "го поминал својот живот со распоредување на прекрасна и моќна сенка."

Претходно истата година, Синатра првпат соработувал со Квинси Џонс по скоро две децении на албумот „Л.А Е мојата дама“, кој немаше лоши критики. Албумот беше замена за друг проект на Џонс, албум од дуети со Лена Хорн, кој мораше да биде откажан. (Хорн забележа вокални проблеми, и Синатра зема други ангажмани, бидејќи не можел да чека до снимањето на албумот.)

1990 -тите: Дуети, последни изведби уреди

Во 1990 година, Синатра го прослави својот 75-ти роденден со меѓународна турнеја, и беше награден по вторпат со "Наградата Ела“ од „Здружението на пејачи“ од Лос Анџелес. На церемонијата на доделувањето на наградата, настапи за последен пат Ела Фицџералд. Во декември, како дел од роденденската забава на Синатра, Патрик Паскули, градоначалникот на Хобокен, изјави во негова чест: "нема друг вокалист во историјата којшто пееше, потпевнуваше тивки песни и серенади и којшто направи да го сакаат и младите и старите. .. како овој ненадминат уметник од Хобокен.“ Истиот месец Синатра го направи првиот концерт на неговата „Дијамантска јубилејна турнеја“ во арената „Медолендс“ во Источен Рутерфорд, Њу Џерси.

Во 1993 година Синатра ги изненади „Капитол“ кога се врати кај нив во студиото за „Дуети“, којшто беше издаден во ноември. Други уметници кој ги додадоа своите вокали во албумот работеа бесплатно, и следниот албум (Дуети II) беше објавен во 1994 година, кој достигна место број 9 на Билборд топ листите.

Покрај различните здравствени проблеми, тој сепак правеше турнеи и остана на врвот со своите привлечни концерти во текот на првата половина на 1990-тите. Од време на време, неговата меморија му ослабуваше, и со падот на сцената во Ричмонд, Вирџинија во март 1994 година, предизвика на понатамошни проблеми.

Последните јавни концерти на Синатра се одржаа стадиумот „Фукуока“ во Јапонија во декември 1994 година. Следната година на 25 февруари 1995 година на приватна забава со 1200 одбрани гости на последната вечер на Френк Синатра „Дезерт класик голф турнир“, Синатра пееше пред публиката во живо за последен пат. „Есквајер“ изјави дека настапот на Синатра е „јасен, тежок, исплатлив“ и „е во потполна конторла“. Неговата последна песна беше "Најдоброто допрва доаѓа".

Синатра бил награден со „Награда за легенда“ во 1994 година на „Греми“ наградите. Тој беше претставен од Боно: „Френк е мајсторот за лошо однесување... рокенролот е тежок, но овој човек е шеф. Претседателот на шефовите ... не треба да се задевам со него, нели? “ Синатра го нарече „ Најдоброто добредојде ... што некогаш сум го имал. “ Меѓутоа, за време на неговиот говор, Синатра премногу долго зборуваше и беше прекинат од музиката, па реклами , кои го збунија додека тој зборуваше во исклучен микрофон. Во 1995 година, по повод 80-от роденден на Синатра, во „Емпаер Стејт билдинг“ сјаеше во сина боја. Почитта кон роденденот на ѕвездата, Синатра: 80 Години „Мојот начин“ се одржа во „Светилиштето“ во Лос Анџелес, и тоа претставуваше неговото последно телевизиско обраќање.

Синатра беше избран во „Игрите за познати луѓе“ во 1997 година.

Личен живот уреди

Синатра имаше три деца, Нанси, Френк Јуниор, и Тина, сите од својата прва сопруга, Нанси Барбато (оженет од 1939-1951). Тој беше женет уште трипати, за да глумиците Ава Гарднер (1951-1957) и Миа Фароу (1966-1968) и со Барбара Маркс (оженет 1976), со која што беше во брак до неговата смрт.

Во текот на неговиот живот, Синатра имаше променливо расположение и запаѓаше во депресија, симптоми на биполарно растројство, претходно позната како манично - депресивна болест. Тој го призна ова, раскажува водителот на интервјуто во 1950-тите: „Да си 18- каратен манично – депресивна особа, и да живееш со насилно емоционални спротивставувања, тоа е да имаш преостар капацитет за тага, како и за емоција. “ Во мемоарите „Татковата ќерка“,ќерка му Тина пишуваше за забелешката " осумнаесет-каратен ": „Лекомислен тато може да биде кога станува збор за неговата психичка состојба, верувам дека со една таблета „Золофт“(Sertraline hydrochloride) на ден би можел да ги контролира демоните во него. Но, таков вид на лекарство го немаше со децении. “

„Синатра беше ... првата модерна поп-ѕвезда ... По стапките на неговиот идол Бинг Крозби, кој е пронаоѓач на микрофонот, Синатра се прослави со користење стихови од лично, интимно гледиште и имаше големо присуство на еротика во текстовите ... Речиси сам, тој помогна да доведе до заживување на испеана свинг музика која што ја направи американската поп-музика, да достигне едно ново ниво на музичка софистицираност... Неговите песни во 1950-тите... беа инструменталки, и тој направил правило за литературна американска поп песна. " Стивен Холден

Смрт уреди

Синатра страдаше од сенилна деменција во неговите последни години од животот и немаше никакви јавни настапи по срцевиот удар во јануари 1997 година. Откако доживеа срцев напад, тој умре во 22:50 часот на 14 мај 1998 година, во „ Медицинскиот центар- Седарс-Синај “, само со неговата сопруга Барбара до него. Бил 82 години. Последните зборови на Синатра, коишто пробал да ги изусти, беа за да го стабилизираат, беа "Јас се губам." Неговата смрт беше потврдена од страна на семејството на Синатра на нивното мрежно место со изјава придружена од верзија на неговата снимка „Нежно како што те оставам.” Следната ноќ светлата на Лас Вегас Стрип беа изгаснати во негова чест. Претседателот Бил Клинтон му одаде почит на Синатра, изјави дека тој успеал „да цени лично што милиони луѓе ценат од далеку.“ Елтон Џон изјави дека Синатра „беше едноставно најдобар – ниту еден не му е рамен.“ На 20 мај 1998 година во црквата Божјиот Пастир во Беверли Хилс, се одржа погребот на Синатра, со 400 ожалостени луѓе кои присуствуваа внатре и стотици обожаватели надвор. Грегори Пек, Тони Бенет, и Френк Јуниор се обратија кон ожалостените луѓе, меѓу кои беа Џил Сент Џон, Том Селек, Џои Бишоп, Феј Данавеј, Тони Кертис, Лиза Минели, Кирк Даглас, Роберт Вагнер, Дон Риклес, Нанси Реган, Енџи Дикинсон, Софија Лорен, Боб Њухарт, Миа Фароу, и Џек Николсон. Приватната церемонијата се одржа подоцна истиот ден во Св. Тереза, Католичката црква во Палм Спрингс. Синатра бил погребан со следење на традицијта, закопан е до неговите родители во делот Б-8 на „Дезерт меморијал парк“ во „Градската катедрала“, тивки гробишта на Рамон Роад на границата на катедралата со „Ранчо Мираж“ , во близина на неговиот познат комплекс Ранчо Мираж, сместен на дрвообложената Френк Синатра Драјв. Неговите блиски пријатели Џили Ризо и Џими ван Хјусен се закопани во близина на истите гробишта. Зборовите: "Најдоброто допрва треба да дојде", се впишани на надгробната плоча на Синатра.

 
Синатра

Дискографија уреди

Награди и признанија уреди

 
Музичката ѕвезда на „Холивудската патека на познатите“
 
Тротоар ѕвезда пред родното место на Синатра.

Наследство уреди

„Американската поштенска услуга“ издаде 42 процентна поштенска марка во чест на Синатра на 13 мај 2008. Дизајнот на маркицата беше откриен во среда 12 декември 2007 - на годишнината на тоа како би изгледал неговиот 92 роденден - во Беверли Хилс, Калифорнија, со членови од семејството Синатра. На дизајнот на маркицата е најтипична слика од Синатра со капа како што бил во 1950-тите. На дизајнот, исто така, е неговиот потпис, само со неговото презиме. „Поштата“ во Хобокен беше преименувана во негова чест во 2002 година. „Училиште за уметности Френк Синатра “ во Лонг Ајленд Сити и „ Парк Френк Синатра“ во Хобокен беа исто така именувани во негова чест.

„Конгресот на САД“ донесе резолуција на 20 мај 2008 година каде што 13 мај е „Ден на Френк Синатра“ во чест за неговиот придонес во американската култура. Резолуцијата беше воведена од страна на претставничката Марија Боно Мек.

За одбележувањето на годишнината од смртта на Синатра, „Петси“ ресторанот во Њујорк, каде што Синатра бил драг и редовен гостин, во мај 2009 година беа изложени досега необјавени фотографии од Синатра, коишто беа преземени од Боби Бенк. На нив е снимањето на неговата песна "Сите треба да бидат заљубени" во близина на студиото.

Стивен Холден напиша за водичот на Ролинг Стоун Рекорд во 1983год: Гласот на Френк Синатра е поп-музичка историја. [...] Како Присли и Дилан – единствените машки белци американски пејачи од 1940 чија популарност, влијание и митската сила се споредливи - Синатра ќе трае вечно. Тој практично го измисли модерното изразување во поп една песна.

„Вин Ресортс“ посвети ресторан на Синатра во Енкор Лас Вегас на 22 декември 2008 година. Меѓу сувенирите во ресторанот се: неговиот „Оскар“ за „Од овде до вечноста“, неговата „Еми награда“ за „Френк Синатра: Човек и неговата музика", неговите „Греми“ награди за "Странци во ноќта", фотографии и златен албум кој го доби за "Класик Синатра".

Филмски портрети уреди

  • Во 1992 година, ЦБС емитуваше телевизиски мини-серијал за животот на изведувачот Синатра, во режија на Џејмс Стивен Седвит, а Филип Касноф го глуми Синатра. Започнува со детството во Хобокен, Њу Џерси, филмот го следи подемот на Синатра кон врвот во 1940-тите, низ мрачните денови на почетокот на 1950-те и неговото повторното враќање во средината на 1950 година, со неговиот статус како поп-културна икона во 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите. Во филмот се раскажува за сите главни настани во животот на Синатра, вклучувајќи ги и неговите три брака, неговите врски со мафијата и неговото озлогласеното пријателство со „Рет Пек“. Дури и со присуството на Тина Синатра, како извршен продуцент. Касноф доби номинација за „Златен глобус“ за неговата глума.
  • Во 1998 година, Реј Лиота го глумеше Синатра во ХБО филмот „Рет Пек“, заедно со Џо Мантенга како Дин Мартин и Дон Чидал како Семи Дејвис Џуниор. Овде е се раскажува за нивната улога при изборот на Џон Ф. Кенеди како претседател на САД во 1960 година.
  • Себастијан Анзалдо го глуми Синатра во филмот „Солзите на кралот“, а исто така ја игра и улогата на Синатра во една епизода на „Следното добро нешто“.
  • Брет Ратнер е во моментов снима филм за мемоарите на Џорџ Џејкобс „Господинот С“: „Мојот живот со Френк Синатра. “ Џејкобс, кој му беше личен слуга на Синатра, ќе го глуми Крис Такер.

Наводни врски со организираниот криминал уреди

На Синатра му се обрна посебно внимание поради неговите наводно лични и професионални врски со организираниот криминал, вклучувајќи личности, како што Карло Гамбино, Сем Џијанкана, Лаки Лучано, и Џосеф Фишети. Федералното биро за истражување (ФБИ) чуваат записи од истраги со вкупно 2403 страници од Синатра. Со неговите мафијашки врски, неговиот жесток „Њу дил“ на политики и неговото пријателство со Џон Ф. Кенеди, тој претставуваше главна мамка за агентот од ФБИ, Џ. Едгар Хувер.

ФБИ го надгледувале Синатра речиси пет децении од 1940-та. Во документите се наведени причините поради кои Синатра е цел за смртни закани и изнудување интриги. Тие, исто така, ја прикажуваат неговата неконтролирана параноја и непознатите прогонување спрема ФБИ и тие ги откриваат скоро сите мали грешки и слаби страни на Синатра.

Хувер една година ја истражувал наводната комунистичка припадност на Синатра, но не дошол до никаков резултат. Во досието е раскажано за неговите состаноци со проститутки, и неговата афера со Ава Гарднер, со која што подоцна се оженил. Познатите личности коишто се исто така споменати во досиејата на Хувер се: Дин Мартин, Мерилин Монро, Питер Лафорд, и девојка му на Џијанкана, пејачката Филис Мекгваер. Тајните досиеја на ФБИ на Синатра биле издадени во 1998 година како одговор за барањата на „Слобода за информациите.“

Политички погледи уреди

 
Синатра, сликан со Елеанор Рузвелт во 1960 година, беше еден од најтврдокорните застапници на Демократската партија до 1968 година.

Синатра имал различни политички гледишта во текот на неговиот живот. Родителите на Синатра емигрирале во САД во 1895 година и 1897 година. Неговата мајка, Доли Синатра (1896-1977), беше член и шеф на Демократската партија. Синатра остана поддржувач на Демократската партија до крајот на 1960 година, кога ја смени партијата и се приклучи кон Републиканската партија.

Политички активности 1944-1968 уреди

Во 1944 година откако му испрати писмо до претседателот Френклин Д. Рузвелт, Синатра беше поканет да се сретне со Рузвелт во „Белата куќа“, каде што тој се согласи да биде дел од регистрирањето на гласачите на Демократската партија.

Тој донираше 5000 долари до демократите за претседателските избори во 1944 година, и до крајот на кампањата се појавуваше во две или три политички настани секој ден.

По Втората светска војна, Синатра постепено ја сврте политиката кон левото крило, и стана јавно уште повеќе поврзан со „Народниот фронт“. Почна да чита литература за либералност, и го поддржаа многу организации кои подоцна биле идентификувани како „Фронт организации“ на Комунистичката партија од „Куќата за комисија на неамерикански активности“ во 1950 година, иако Синатра никогаш не беше изнесен пред Комисијата. Синатра држеше говори во многу средни училишта во Њу Џерси во 1945 година, каде што студентите покренале штрајк против расното обединување. Подоцна, истата година Синатра се појавува во „Куќата во која што живеам“ краток филм, кој е против расизмот. Филмот го напиша Алберт Малц, со насловната песна напишана од Ерл Робинсон и Авел Миропол (под псевдоним на Луис Ален).

Во 1948 година, Синатра ја поддржа кандидатурата на Хенри А. Волис. Во јануари 1961 година, Синатра и Питер Лафорд ја организираа „Свечената Гала“ во Вашингтон, која се одржа еден ден пред новиот претседател Џон Ф. Кенеди да стапи на власт. На настанот, на кој беа присутни голем број ѕвезди од шоу бизнисот, беше успешен, кој помогна во собирањето голема сума на пари за Демократската партија. Синатра, исто така, организираше Свечена Гала во Калифорнија во 1962 година за добредојде на демократскиот гувернер Пет Браун со неговиот втор мандат.

Потегот на Синатра кон Републиканците започна кога беше отфрлен од претседателот Кенеди во корист на Бинг Крозби, којшто му е голем соперник и Републиканец, со посетата на Кенеди во Палм Спрингс во 1962 година. Кенеди планираше да остане кај Синатра дома за време на велигденските празници, но се предомисли кога дозна за проблемите на Синатра и неговата наводна поврзаност со организираниот криминал. Синатра инвестираше многу за реновирање на неговиот дом, поради посетата на претседателот. Брат му на претседателот Кенеди, јавниот обвинител Роберт Кенеди, ги засили своите истраги кон организираниот криминал во тоа време, како што се кон шефот на мафијата Сем Џијанкана од Чикаго, кој претходно имал многупати доаѓано кај Синатра дома.

Политички активности од 1970-1984 година уреди

На 27 февруари 1970 Синатра пееше во Белата куќа, со почит кон сенаторот Еверет Дирксен. Во летниот период Синатра поддржа уште еден Републикански кандидат и го поддржа Роналд Реган за неговиот втор мандат за гувернер на Калифорнија. Синатра стана и добар пријател со потпретседателот Спиро Егњу. Синатра, рече дека се сложи со Републиканската партија за многу позиции, освен за абортусот.

По долгогодишната поддршка на демократските претседателски кандидати, Синатра го поддржа Ричард Никсон при реизборот на претседателските кандидати во 1972 година. Во 1973 година, Егњу беше обвинет за корупција и поднесе оставка од функцијата заменик-претседател; Синатра му помогна на Егњу да плати од неговите правни сметки.

 
Синатра е награден со „Претседателски медал за слобода“ од страна на претседателот Роналд Реган

При претседателските избори во1980, Синатра му даде поддршка на Роналд Реган, и донираше 4 000 000 долари за кампања на Реган. Синатра рече дека го поддржува Реган бидејќи „Вистинскиот човек што треба да биде претседател на САД ... „моменталната состојба е толку зафркната, така што ни треба некој за да ја доведе во ред. “„Победата на Реган му овозможи на Синатра лесен пристап со Белата куќа, уште на почетокот на 1960 година. Синатра му организираше „Претседателска Гала“ на Реган, исто како што направи за Кенеди пред 20 години.

Во 1984 година Синатра се врати во своето родно место во Хобокен, заедно со претседателот Роналд Реган, кој беше во средината на кампањата за претседателските избори во 1984 година. Реган го направи Синатра „Амбасадор за собирање средства“, како дел од Републиканците, победа 84- дадете го гласот.

Надворешни врски уреди