Аврам Јусеф Садикарио (ладино: Avram Jusef Sadikario; 14 мај 1919 - август 2007) — македонски поет[1] со еврејско потекло.

Аврам Садикарио во првата половина на 1940-тите.

Роден е на 14 мај 1919 година во Битола. Завршил Медицински факултет во Софија и работел како доктор специјалист во Скопје. Член на ДПМ од 1973 година. Бил женет со истакнатата партизанка, писателка и профеорка, Жамила Колономос. Починал во август 2007 г.

Книжевно творештво

уреди
  • Ни крик ни самина (поезија, 1973)
  • Очи и корења (поезија, 1974)
  • Запалено лето (поезија, 1975)
  • Погледи и ѕвона (поезија, 1977)
  • Ханилеа (поезија, 1985)
  • Замолкната правдина (поезија, 1987)
  • Оносветски призиви (поезија, 1995)
  • Датуми на поколот (поезија, 1996)

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 223 -224.