Ајлбек
Ајлбек е кварт на германскиот град Хамбург и дел од округот Вандсбек. Порано било независно мало село надвор од границите на Хамбург и всушност било подоцно припоено, кога градот се ширел.
Ајлбек | |
Кварт во Хамбург | |
Рекреациската зона Jacobipark | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Вандсбек |
Основни податоци | |
Површина | 2 км2 |
Население | 20.265 (1 јануари 2006) |
- Густина | 10.133 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на квартот Ајлбек во Хамбург | |
Координати | 53°34′4″N 10°2′44″E / 53.56778° СГШ; 10.04556° ИГД |
Потекло на поимот
уредиСелото било именувано по мала река со истото име.
- Ylenbeke потекнува од старогермански збор за брз поток. Eile означува брзо, а beck означува река или поток.
- Други извори велат дека Ylen или Ilen како пијавици (германски „Egel“), бидејќи во северна Германија јазикот е долногермански.
Историја
уредиАјлбек првпат се појавил во 1247 како Ylenbeke.
Во текот на големиот пожар во Хамбург од 5 до 8 мај 1844, центарот на Хамбург бил уништет. Некои од луѓето од Хамбург-Алтштат се населиле во Ylenbeke.
Во Втората светска војна, Ајлбек бил скоро целосно уништен од тешките бомбардирања во јули 1943 (кодно име: Операција Гомора). Со реорганизацијата на Хамбург во 1949 Ајлбек станал дел од Вандсбек.
Географија
уредиВо 2006 според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Ајлбек имал вкупна површина од 1,7 км2. На север и запад се квартовите Бармбек-Зид, Уленхорст и Хоенфелде на округот Хамбург-Норд. На исток се квартовите Вандсбек и Маринтал. На југ е квартот Хам-Норд од округот Хамбург-Мите.
Демографија
уредиВо 2006, во квартот Ајлбек живееле 20.265 луѓе. Густината на населеност била 11.741 жител на км2. 9,8% биле деца под 18 години, а 21,4% имале 65 или повеќе години. 14,7% биле странци. 1.087 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999 постоеле 12.659 домаќинства и 58,7% од сите домаќинства биле сочинети од поединци.[2]
Постоеле 3 основни и 1 средно училиште во квартот Ајлбек и 38 доктори во приватни ординации и 5 аптеки.[3]
Сообраќај
уредиСојузниот автопат 75 поминува низ квартот, поврзувајќи го градот Либек на север со Делменхорст во Долна Саксонија. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 6.560 приватни возила (328 возила на 1000 луѓе) во Ајлбек.[3]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
Оваа статија за место во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |