Анклам
Анклам (германски: Anklam, полапски: Tąglim) — град историската област Западна Померанија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на бреговите на реката Пене, на само осум километри од нејзиното устие во Малиот Залив (Kleines Haff), западниот дел на Шчеќинскиот Залив. Анклам претставувал административно седиште на поранешниот округ Источна Западна Померанија. Од септември 2011 е дел од округот Западна Померанија-Грајфсвалд.
Анклам | |
Главниот плоштад | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Градоначалник | Михаел Галандер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 56,57 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 12.312 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 218 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | VG, ANK, GW, PW, SBG, UEM, WLG |
Пошт. бр. | 17389 |
Повик. бр. | 03971 |
Портал | anklam.de |
Местоположба на градот Анклам во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 53°51′N 13°41′E / 53.850° СГШ; 13.683° ИГД |
Историја
уредиВо раниот среден век, постоеле важни скандинавски и вендски населби близу денешниот град, сега познати како археолошки наоѓалишта Алтес Лагер (Altes Lager Menzlin).
Анклам бил основан на место на напуштена вендска тврдина во текот на средновековното германско доселување. Прво бил именуван по основачот Танглим и ги добил градските права во 1244. Во 1283 станал член на Ханзата. Иако градот бил мал и невлијателен споредено со другите ханзеатски градови, членството му донело богатство и развој на Анклам.
Опаѓањето на Анклам започнало со Триесетгодишната војна, кога шведските и царските трупи се бореле скоро дваесет години за Анклам. Анклам бил окупиран од царските сили од 1627 до 1630,[2] и потоа од шведските сили.[3] По војната, Анклам станал дел од Шведска Померанија во 1648. Во 1676 бил окупиран од Фридрих Вилхелм, изборен кнез на Бранденбург.
Во 1713, Анклам бил опљачкан од руски војници. Не бил запален до темел, како што наредил Петер Велики, најмногу поради отпорот од Кристијан Томезен Карл („Карлсон“), по кого е именувана една улица во знак на сеќавање.
Јужните делови на градот биле предадени на Кралството Прусија со Стокхолмскиот мир во 1720, додека помалиот северен брег на реката Пене останал шведски. Така, Анклам бил поделен град до 1815, кога во цела Западна Померанија станала пруска и влегла во рамките на Покраината Померанија.
Анклам бил скоро целосно уништен во неколку бомбашки напади од американските воздухопловни сили во 1943 и 1944 и во последните денови на Втората светска војна, кога советските сили палеле и уништувале сè низ градот. Откако Прусија и неговите покраини биле распуштени и поголемиот дел од Померанија бил предаден на Полска со одлука на Потсдамската конференција, Анклам станал дел од Источна Германија. Набрзо самата покраина Мекленбург-Западна Померанија била распуштена, исто така, и Анклам влегол во рамките на новосоздадениот округ Нојбранденбург. Градот бил повторно изграден во прилично униформен социјалистички стил.
По повторното обединување на Германија во 1990, Анклам станал дел од покраината Мекленбург-Западна Померанија, која била повторно создадена.
Знаменитости
уредиПорано, Анклам бил град со значајно воено присуство и значење и затоа страдал многу во текот на Триесетгодишната војна, Седумгодишната војна и Втората светска војна. Ова, заедно со постојаните несреќи со пожари и чума, ја направило неговата историја многу трагична. Утврдувањата на Анклам бил срушени во 1762, иако старите ѕидини сè уште постојат. Анклам има преостанато значајни градби. Црквата Св. Богородица, основана во XIII век и со нејзината денешна форма од XV век, била оштетена, но не и уништена во војната и обновена во 1947.[4]
Музеи
уреди- Музеј Ото Лилиентал
- Музеј во Камената порта; за месната историја (Museum im Steintor)
Сообраќај
уредиАнклам е поврзан со автопатот А20, кој се движи покрај брегот.
Железничката станица Анклам е опслужувана од национални и регионални возози до Ангерминде, Берлин, Дрезден, Еберсвалде, Франкфурт, Минхен, Прага и Штралзунд.
Познати луѓе
уреди- Кристијан Андреас Котениус — физичар
- Хајнрих Хановер — правник и писател
- Улрих фон Хасел — дипломат и антинацист
- Лудвиг фон Хенк — вицеадмирал
- Густав Лилиентал — градител и реформатор
- Ото Лилиентал — воздухопловен пионер
- Гинтер Шабовски — политичар
- Матијас Швајгхефер — глумец
- Јулиус Ургис — германско-еврејски сценарист и критичар
- Макс Вагенкнехт — композитор
Меѓународни односи
уредиАнклам е збратимен со следниве градови:
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ Langer, Herbert (2003). „Die Anfänge des Garnisionswesens in Pommern“. Во Asmus, Ivo; Droste, Heiko; Olesen, Jens E. (уред.). Gemeinsame Bekannte: Schweden und Deutschland in der Frühen Neuzeit (германски). Berlin-Hamburg-Münster: LIT Verlag. стр. 403. ISBN 3-8258-7150-9.
- ↑ Langer, Herbert (2003). „Die Anfänge des Garnisionswesens in Pommern“. Во Asmus, Ivo; Droste, Heiko; Olesen, Jens E. (уред.). Gemeinsame Bekannte: Schweden und Deutschland in der Frühen Neuzeit (германски). Berlin-Hamburg-Münster: LIT Verlag. стр. 397. ISBN 3-8258-7150-9.
- ↑ „Готски наследство со тули“. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2013-12-30.
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Надворешни врски
уреди„Анклам“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)