Ралштет
Ралштет е кварт (Stadtteil) во округот Вандсбек (Bezirk) на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.
Ралштет
Rahlstedt | |
Кварт во Хамбург | |
Старата црква во Ралштет | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Вандсбек |
Основни податоци | |
Површина | 27 км2 |
Население | 86.413 (31 декември 2006) |
- Густина | 3.200 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Ралштет во градот Хамбург | |
Координати | 53°36′0″N 10°09′0″E / 53.60000° СГШ; 10.15000° ИГД |
Историја
уредиКвартот бил првпат споменат во 1248 со името Radoluestede.
Географија
уредиКвартот, кој се наоѓа во североисточниот дел на Хамбург, е најголемиот во округот и еден од најголемите во градот. Се граничи со квартовите на Хамбург Фолксдорф, Фармзен-Берне, Тондорф и Јенфелд; и округот Штормарн, во Шлезвиг-Холштајн.
Демографија
уредиВо 2006, во квартот Ралштет живееле 86.413 луѓе. Густината на населеност била 3.252 жители на км2. 17,4% биле деца под 18 години, а 22,5% имале 65 или повеќе години. Странци биле 9% од населението. 3.983 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, имало 41.301 домаќинство, од кои 22,4% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,8% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,05.[2]
Образование
уредиМеѓу училиштата во Ралштет се: Гимназија Олденфелде, Гимназија Ралштет, Гимназија Мајендорф и Ново училиште Хамбург.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- (германски) Службена страница Ралштет Архивирано на 27 февруари 2012 г.
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein. (германски)
Оваа статија за место во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |