Гијом де Сонак
Жилом де Сонак бил Голем мајстор на витешкиот ред Темплари од 1247 до 1250.
Личен живот
уредиГијом де Сонак се родил во благородничко француско семејство од провинцијата Роржу. За неговата дата на раѓање не се сочувани податоци. Според Метју Парис, тој бил „паметен и храбар човек којшто исто така бил вешт и искусен во стравовите од војната“.
Гијом де Сонак бил истакнат член на редот на Темпларите уште пред да биде избран за Голем мајстор. Тој бил учителот од Аквитајн во Франција за темпларите.[1] Тој пристигнал во Светата земја есента 1247 година, наоѓајќи ги „остатоците од Ерусалимското Кралство во неоснованата земја“.[1] Големиот мајстор Арман де Перижор бил земен и однесен во заробеништво по Битката кај Ла Форбје во 1244 и по преговорите за негово ослободување умрел 2 години подоцна.[1] Тој бил предложен да го заземе неговото место, но го зазел нешто подоцна.
Воените белешки
уредиСедмата крстоносна војна
уредиДе Сонаковиот откуп бил делумно насилен. Од 1247 година, Христијаните ги загубиле важните и моќни бази во Тиберија, Планината Табор, Белвоир и Аскалон.[1] Ова претставувало повик за францускиот крал Луј IV којшто стигнал во Лимасол, Кипар на 17 септември 1248 година.[1] Де Сонак допловил до Арка за да се сретне со него и да ги направат подготовките. Кратко тоа, Големиот мајстор го добил Емир од султанот Ал-Салих Ајуб, нудејќи им на Крстоносците примирје. Де Сонак ова го испратил до кралот којшто му наредил да се прифатат преговорите без кралска дозвола за тоа.[1] Ова ја потврдило новата кампања којашто вклучувала наслиство, а не дипломатија.
Опсадата на Дамиета
уредиНа 5 јуни 1249 година, француската крстоносна армија, заедно со витезите, темплари на Жилом де Сонак се обидела да се префрли во Египет.[1] Тие за цел го имале градот Дамиета, како и во Петтата крстоносна војна, неколку години пред тоа. Борбата со Египќаните се водела на бреговите на Средоземното Море, а францускиот крал се борел покрај своите трупи, под вода до појас.[1] По битката, Муслиманите биле принудени да се предадат, оставајќи го градот незаштитен. Следниот ден, де Сонак му пишал на Роберт Сандфорски, опишувајќи му како во утрото по битката, Дамиета била осигурена со еден Крстоносец.[1]
Кон крајот на ноември, Жилом де Сонак и кралот Луј го започнале својот марш кон Каиро преку Мансурах.
Битката кај Ал Мансурах
уредиСледното искушени за Жилом де Сонак била Битката кај Ал Мансурах, за градот во којшто имало одбранбена територија и претставувал последна пречка за централен Египет. Муслиманите се заштитувале од реката Нил, но на 8 февруари 1250 година, локален Бедуин им покажал од каде треба да преминат.[1] Жилом де Сонак, Роберт Артојски, братот на кралот и Вилијам II Лонгеспи, водач на англиските трупи извршиле напад над Муслиманските сили без франкската армија. Изненадени, Египќаните брзо се повлекле во градот, а грофот започнал да ги брка со товарот на француската армија.[1]
Џон Џоинвилшки се пожалил дека грофот мислел да се следи и дека остатокот од работата нема да изгледа кукавички. Темпларите мислеле дека „нема да бидат почестени доколку остават грофот да оди позади нив“[2] Метју Парис изјавил дека Жилом де Сонак бил принуден од грофот да се бори. Роберт „викал и се колнел безмилосно, како што бил францускиот обичај“[3] и ги прекорувал темпларите поради ризичниот вистински пад на Еруслаимското кралство. Бесен, Жилом де Сонак се вратил кај своите луѓе и започнал да се подготвува за протерувањето на побројните противници.[1]
Било што да било, тројцата водачи предводеле заморени луѓе коишто не моеле да се справат со одлично подготвените противници и по тешка борба биле опколени и принудени да се предадат. Комплетно биле опколени како „остров опколен со море“[3], но де Сонак не сакал да се предаде и останал да се бори до последниот човек. Ерлот Лонгеспи загинал во боребата, а војводата успеал од двобојот едвај да се извлече.[1] Бегството на Жилом де Сонак го напрваило голем борец во време кога многумина размислувале дека тој е точниот човек за да биде дипломат. Со течки повреди, едно око и само двајца витези од сите 280,[1] тој се борел со Египќаните и надвор од градот каде што наишол на фрнакската армија. Тој одбил да се одмори и по добиената лекарска интервенција помогнал да се спречи муслиманската прослава за продорот.[1]
Битката кај Фарискур
уредиХристијанските сили биле надвор од градот и биле под постојан напад. Најголемиот напад на Муслиманите бил на 6 април, а Гијом де Сонак и с приклучил на франкската армија за да им се спротивстави на протвиниците. Тој со едното останато око се борел против Муслиманите по брегот на реката, но бил соборен и му било ослепено и другото око, а потоа бил убиен.[1] Со тоа умрел човекот којшто се борел да воспостави мир каде што е можно, но се борел страшно, хртабро и силно на бојното поле. На функцијата Голем мајстор го наследил Реежинал де Вишје.
Хроничар
уредиГијом де Сонак бил првиот Голем мајстор кој нехогаш ги забележувал нејасностите во хиерархијата на темпларскиот ред. Тој ги додал нив во постоечките архиви, ги шифрирал и ги оставил да се чуваат на сигурно место така што да може темпларите во наредните години да имаат преглед на тоа што се случувало. Иронично е тоа што, човек како него којшто водел такви забелешки да не ја оставил датата на своето раѓање.[1] Архивирано на 3 март 2016 г.
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 Историја на темпларите - Барбер
- ↑ Џон Џоинвилшки
- ↑ 3,0 3,1 Метју Парис
Претходник Ришар де Бур |
Голем мајстор 1247–1250 |
Наследник Рено де Вишје |