Црква „Св. Софија“ - Солун
Света Софија (грчки: Ἁγία Σοφία) е црква која се наоѓа во Солун, Егејска Македонија. Црквата е една од најстарите во градот кои опстојуваат до ден денес.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
The Hagia Sophia | |
Критериум | Cultural: i, ii, iv |
Навод | 456 |
Запис | 1988 (12 заседание) |
Координати | 40°37′N 22°56′E / 40.617°N 22.933°E |
Историја
уредиСпоред некои извори, уште во 3 век на местото на денешната црква постоела друга градба, која би требало да била црква. Во 8 век црквата била изградена, врз основа на црквата Света Софија во денешен Истанбул. Во 1205 година, во времето на Четвртата крстоносна војна и заземањето на градот, црквата била претворена во катедрала и како таква се задржала до 1246 година кога повторно била воспоставена византиска власт. По зазимањето на Солун од страна на османлискиот султан Мурат II на 29 март 1430 година, црквата била претворена во џамија[1].
Оваа црква, заедно со денешните џамии Ѓул и Календерхане во Истанбул (тогаш цркви), претставуваат еден од најголемите архитектонски примери од тој тип, како типични претставници на византиската архитектра од средниот век.[2].
Голем дел од внатрешноста на црквата бил реконструиран по големиот пожар во Солун од 1917 година. Куполата била обновена во 1980 година.
Црквата Света Софија е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Црква „Св. Софија“ - Солун“ на Ризницата ? |
- Министерство за култура на Грција Архивирано на 7 февруари 2012 г.