Златна була (1242)

златна була од 1242 г.
(Пренасочено од Златната Була од 1242)

Златната була од 1242златна була или едикт, издаден од страна на кралот Бела IV Унгарски на жителите на Градец (дел од денешен Загреб, главниот град на Хрватска) за време на монголската инвазија на Европа. Со овој едикт, кралот Бела IV го прогласи Градец за кралски слободен град.[1] Документот бил издаден на 16 ноември 1242 година во Вировитица и потврден во 1266 година.[2] Оригиналот беше напишан на парче пергамент и бил чуван во строго контролирани услови во Хрватската државна архива во Загреб, додека копијата била изложена во Загребскиот градски музеј.[3]

Златната була од 1242 година
Златната була на Бела IV
Златната була на Бела IV
Создаден 16 ноември 1242
Место Загребска државна архива
Автор(и) Бела IV
Намена Бела IV го прокламирал Градец за кралски слободен град.

Одредби

уреди

Златнта була го прогласи и декларира за "слободен кралски град Градец, ридот на Загреб". Со градот претседаваше "градски судија" (хрватски: gradski sudac, латински: iudex), кој бил избиран годишно од страна на граѓаните и ја исполнувал улогата на градоначалник. Покрај ова, осум поротници (латински: jurati) и дваесет градски советници биле избирани секоја година на 3 февруари, за време на празникот Св. Власиј.[4] Градец продолжи да биде управуван од страна на iudex до 1850 година кога Градец, Каптол и неколку други општини биле формално обединети во новиот кралски град Загреб.[5]

Едиктот резултираше со многу привлегии и слободи за жителите на Градец. Меѓу другото, тој изјави дека населбите биле субјекти директно на царот, а не на благородниците на чии имот тие се наоѓале. Ова исто така го стави надвор од јурисдикцијата на Загребската епархија, која собираше приходи од големи земјишни имоти и беше со седиште во соседниот ридот Каптол; за време на средниот век, често имаше конфликти меѓу граѓаните на Градец и канониците на Каптол, понекогаш резултирајќи и во граѓански војни.[4][6] Граѓаните исто така се здобиле со слобода на движење, слободна употреба на нивниот имот[4] и со слободата да си изготват слободно сопствен завет. Покрај ова, тие биле абсолвирани од плаќање на патарини за патишта и мостови во Хрватско-унгарското царство.

Во замена за привилегиите, граѓаните беа должни да издигнат утврдувања околу градот на свој трошок, што и го направија во 1266 година.[5] Тие исто така биле дожни да го снабдуваат кралот со "12 волови, 1000 леба и 4 буриња вино"[7] во случај на кралска посета и десет вооружени војници во случај на војна. Второто барање беше укинето од страна на кралот во 1266 година. Граѓаните исто така требале да ги нагостат при посета војводата на Славонија и банот на Хрватска (само една посета од банот).

Едиктот исто така ги дефинирал границите на територијата контролирана од Градец—градот имал право на земјиштето на југ од сртот на планината Медведница, на запад од потокот Врапчак и на север од реката Сава.

Мотив

уреди
 
Градец денес.

Златната була од 1242 година беше само една од низата прокламации за кралските привилегии на разлни градови.[8] Во годините пред Златната була, Монголците на чело со Бату хан ја нападнале Европа. На почетокот на 1241 година тие стигнале до Унгарија, поразувајќи ја во април истата година во Битката кај Мохи кај Шајоската река. Кралот Бела IV и кралското семејство се криеле од Монголците во Загреб. Во зимата 1241-42, Монголците ги преминале замрзнатите реки Драва и Дунав. Кралот побегна во Далмација како што Монголците се приближувале кон лошо утврдениот Загреб, кој тие сосема го уништиле и запалиле.[5] Неодамна осветената Загребска катедрала беше сосема демолирана од окупаторската армија. Монголската армија продолжи да го следи Бела до март, кога дознале за смртта на каганот Угедеј и се повлекле во Средна Азија.[5] По прекинот на непријателствата, а во пресрет на нова инвазија, Бела IV издаде десетици привилегии поттикнувајќи изградба на утврдени урбани населби, бидејќи тие биле единствените безбедни места за време на војната.[4]

Влијание

уреди

Потпомогнат од неговата локација во пресекот на две важни трговски пата,[4] новиот град Градец—заштитен со камени ѕидови, за разлика од неговиот соседски град Каптол—достигна население од околу 3,000 жители во 14 век,[4] што го направи доста голем град во споредба со тогашна претежно рурална Средна Европа.[4] Тој исто така беше финансиски центар на Хрватско-унгарското царство, имаше ковачница за пари и беше база на наплата на данокот tricesima во Славонија, кој беше голем извор на вработување за градот.[4] Во 1267 година, граѓаните на Градец биле абсолвирани од плаќање на данокот tricesima. Како кралски слободен град, на Градец исто така му беше дозволено да одржува дневни и неделни панаѓури ослободени од данок, како и панаѓур секои две недели околу празникот на Св. Марко (бил одржан од 17 април до 3 мај), кој првпат беше одржан во 1256 година[4] на плоштадот Св. Марко.[9] Панаѓурот Св. Марко беше повторно возобновет на почетокот од 21-от век и постои и денес.[10]

Во 1992 година, градот Загреб ја прослави 750-тата годишнина на Златната була. Изложбата беше организирана од страна на Загребскиот градски музеј и Загребската државна архива во чест на овој настан.[11]

Наводи

уреди

Белешки

уреди
  1. „750th anniversary of the Golden Bull granted by Bela IV“. Croatian Post. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 18 February 2013.
  2. „Zlatna bula Bele IV“. Croatian Encyclopedia (хрватски). Miroslav Krleža Institute of Lexicography. Посетено на 13 June 2017.
  3. „Zlatna bula – povijesni dokument Zagreba“. hupzagreb.com (хрватски). 29 September 2014. Посетено на 13 June 2017.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Škreblin 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Šašić 1998.
  6. Milčec, Zvonimir. „Krvavi Most“. Zagreb.hr (хрватски). City of Zagreb. Посетено на 13 June 2017.
  7. „Zlatna bula Bele IV“. Croatian Encyclopedia (хрватски). Miroslav Krleža Institute of Lexicography. Посетено на 13 June 2017. U slučaju kraljeva posjeta Gradecu, građani su trebali za njegov i objed njegove pratnje osigurati »12 volova, 1000 kruhova i 4 bačve vina«...
  8. „Kralj Bela IV Gradecu izdao Zlatnu bulu kojom je postao slobodni kraljevski grad – narod.hr“. Narod.hr (хрватски). 16 November 2014. Посетено на 15 June 2017.
  9. Vidaković, Senka (23 May 2016). „U Zagrebu otvoren Markov sajam – festival starih zanata“. Croatian Radiotelevision (хрватски). Архивирано од изворникот на 2016-07-05. Посетено на 19 June 2017.
  10. Dabo Hunjak, Emina (8 June 2017). „Otvoren festival starih zanata – Markov sajam :: Radio Sljeme“. Croatian Radiotelevision (хрватски). Архивирано од изворникот на 2017-09-17. Посетено на 13 June 2017.
  11. Stublić, Zlatko (15 November 1992). „Zlatna bula 1242.-1992“. Zagreb City Museum (хрватски). Посетено на 13 June 2017.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди