Делфт

град и општина во Холандија

Делфт (холандски: Delft) — град и општина во Холандија. Се наоѓа во покраината Јужна Холандија, северно од Ротердам и јужно од Хаг.

Делфт
Град и општина
Воздушен поглед на Делфт од лево на десно се гледаат три цркви, универзитетската кула и ветерница
Воздушен поглед на Делфт од лево на десно се гледаат три цркви, универзитетската кула и ветерница
Знаме на ДелфтГрб на Делфт
Местоположба во Јужна Холандија
Местоположба во Јужна Холандија
Координати: 52°1′N 4°22′E / 52.017° СГШ; 4.367° ИГД / 52.017; 4.367
ДржаваХоландија
ПокраинаЈужна Холандија
Управа[1]
 • ОрганОпштински совет
 • ГрадоначаланикБас Веркерк (VVD)
Површина[2]
 • Вкупна24,06 км2 (929 ми2)
 • Земјишна22,82 км2 (881 ми2)
 • Вода1,24 км2 (48 ми2)
Надм. вис.[3]&100000000000000000000000 м
Население (август 2017)[4]
 • Вкупно101.400
 • Густина4.443/км2 (11,510/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број2600–2629
Повикувачки број015
Мреж. местоdelft.nl

Делфт е познат по својот стар град со канали, производството на порцелан, Делфтскиот технички универзитет, сликарот Јоханес Вермер и научникот Антони ван Левенхук и поврзаноста со кралската оранска династија.

Историја

уреди

Делфт настанал како населба на вештачки канал, по што го добил името (Delf, од Delven: „копање“). Грофот Вилем II му ги дал на Делфт сите градски права на 15 април 1246 година. Трговијата, занаетчиството и производството на пиво понатаму значително се развиле. Во 1389 година бил ископан канал со што градот бил поврзан со реката Мас, а со тоа и со Северното Море.

Сè до XVII век Делфт бил еден од најголемите градови во Холандија. Околу 1400 година Делфт имал околу 6.500 жители и бил трет град во Холандија, после Дордрехт (8.000) и Харлем (7.000).

Принцот Вилем Орански имал резиденција во Делфт, и тука загинал во атентат на 10 јули 1584 година. Погребан е во градската катедрала, а со тоа е започната традицијата на погребување на членовите на Оранската династија во Делфт.

Во експлозија на барут во 1654 година уништен е голем дел од градот и притоа загинале околу стотина граѓани.

Градот своето трговско значење го изгубил кон крајот на XVII век во корист на Хаг и Ротердам.

Денес, Делфт е туристичко одредиште со сочувани историски зданија.

Население

уреди

По податоците од 2014 година, во градот живееле 99.737 жители.

Наводи

уреди
  1. „Meet...“. Burgermeester Verkerk (холандски). Gemeente Delft. Архивирано од изворникот на 2013-07-18. Посетено на 18 јули 2013.
  2. „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
  3. „Postcodetool for 2611GX“. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 18 јули 2013.
  4. „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.

Надворешни врски

уреди