Нојбранденбург

град во Мекленбург-Западна Померанија, Германија

Нојбранденбург (германски: Neubrandenburg) — град во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа во југоисточниот дел на покраината, на бреговите на Толензеското Езеро (18 км2).

Нојбранденбург
Црква Св. Богородица
Црква Св. Богородица
Црква Св. Богородица
Грб на Нојбранденбург
Нојбранденбург во рамките на Германија
Нојбранденбург
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Мекленбуршка Езерска Област
Градски единици 10
Градоначалник Паул Кригер (ДХС)
Основни податоци
Површина 85,65 км2
Надм. височина 20 м
Население 63.989 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 747 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NB
Пошт. бр. 17033, 17034, 17036, 17050[2]
Повик. бр. 0395
Портал www.neubrandenburg.de
Местоположба на градот Нојбранденбург во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област
Карта
Карта
Координати 53°33′25″N 13°15′40″E / 53.55694° СГШ; 13.26111° ИГД / 53.55694; 13.26111

Градот е познат по своето богато средновековно богатство на тулна готика. Претставува дел од Европската патека на тулна готика, патека која води низ седум држави долж брегот на Балтичкото Море.

Пред спроведувањето на административната реформа во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во септември 2011, градот бил слободен град, додека сега претставува административно седиште на новиот округ Мекленбуршка Езерска Област. Нојбранденбург е еден од главните урбани центри во покраината и економска сила во североисточна Германија, забележувајќи една од највисоката стапка на вработеност и БДП по глава на жител.[3]

Градот го носи прекарот „Град на четири порти“ (Stadt der Vier Tore), токму поради четирите средновековни порти кои постојат во градот.

Историја

уреди
 
Трептовска порта (Treptower Tor)
 
2 од 56. карактеристични фахверк куќи долж градскиот бедем

Првите доселеници на местото биле премонстратенсијански монаси во манастирот Брода, манастир на брегот на езерото (околу 1240). Темелите на градот Нојбранденбург се поставиле во 1248, кога маркгрофот на Бранденбург одлучил да изгради град во северниот дел на неговите поседи. Во 1292, градот и неговата околина станале дел од Мекленбург.

Градот процветал како трговски центар до Триесетгодишната војна (1618–48), кога оваа положба била загубена. Во текот на драматичното напредување на шведската војска на Густав Адолф во Германија, градот бил заземен од Швеѓаните, но повторно бил вратен од царските католички сили во 1631. Во текот на оваа операција било известувано за тоа дека католичките сили убиле многу од шведските и шкотските војници додека тие се предавале. Подоцна, кога и самите Швеѓани ја прифатиле политиката на „без затвореници“, ги прекинувале барањата за ослободување со повикот „Нов Бранденбург!“. Со тоа, градот несвесно одиграл важна улога во ескалацијата на бруталноста во една од најбруталните војни.

Во текот на Втората светска војна, во градот постоел воен камп Сталаг II-A. Во 1945, неколку дена пред завршувањето на Втората светска војна, 80% од стариот град бил запален од Црвената армија во голем пожар. Тогаш, околу 600 лица извршиле самоубиства.[4] Оттогаш, поголемиот дел од градбите со историско значење биле повторно изградени.

 
Штаргардска порта (Stargarder Tor)

Знаменитости и споменици

уреди

Нојбранденбург го зачувал неговиот средновековен градски бедем во целост. Ѕидот висок седум метри и долг 2,3 километри има четири градски порти во тулна готика, кои потекнуваат од XIV и XV век.

Од нив, една од највпечатливите е Штаргардската порта (Stargarder Tor; на сликата), со нејзините карактеристични калкани и цртежи на надворешната одбранбена страна.

Друга знаменитост во градот е црквата Св. Богородица во тулна готика, завршена во 1298. Црквата била скоро целосно уништена во 1945, но била обновена и од 1975 служи како концертна сала (отворена во 2001).

Највисока зграда во градот е „Куќата на културата и образованието“ (Haus der Kultur und Bildung) со нејзините 56 метри, отворена во 1965. opened in 1965. Нејзиниот виток изглед ѝ го донел прекарот „културен прст“ (Kulturfinger).

Најзначаен е Регионалниот музеј Нојбранденбург.

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Нојбранденбург е збратимен со следниве градови:[5]

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. „Agentur für Arbeit Neubrandenburg“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2014-05-20.
  3. Факти & бројки за Нојбранденбург
  4. Лакота, Беате (5 март 2005). „Tief vergraben, nicht dran rühren“ (германски). Der Spiegel. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 16 август 2010.
  5. Збратимени градови

Надворешни врски

уреди