Фридрих II (војвода на Австрија)

војвода на Австрија

Фридрих II Бабенберг (германски: Friedrich der Streitbare, роден на 25 април 1211 - починал на 15 јуни 1246 во кај Лајта) — владетел од династија Бабенберг како војвода на Австрија од 1230 година и војвода од Штаерска од 1230 до 1246 година.

Фридрих II
Војвода на Австрија
Војвода од Штаерска
Војвода1230–1246
ПретходникЛеополд VI
Роден(а)25 април 1211(1211-04-25)
Починал(а)15 јуни 1246(1246-06-15) (возр. 35)
Битка кај реката Лајта
СопругиСофија Ласкарина
Агнес
ТаткоЛеополд VI
МајкаТеодора Ангелина

Рани години

уреди
 
Гробот на Фридрих
 
Печатот на Фридрих

Фридрих II бил третиот син на војводата Леополд VI и неговата сопруга Теодора Ангелина, византиска принцеза. Смртта на постариот брат Хајнрих во 1228 година го направил наследник на Војводство Австрија. Две години подоцна (1230), неговиот татко починал по кое Фридрих го наследил.

Првата сопруга на Фридрих II е друга византиската принцеза на име Софија Ласкарина, од династијата Ласкариди, а втората сопруга Агнес од Андекската династија, ќерка на војводата Отон I од Меранија и грофицата Беатриса II Бургундска. И двата брака му пропаднале, а самиот Фридрих II немал преживеани деца и по машка линија династијата Бабенберг завршила со него.

Управување

уреди

Горд со византиското потекло, Фридрих II станал познат како „Зајадливиот“ поради конфликтите во управувањето и честите војни против соседите на Австија - Унгарија, Баварија и Бохемија. Дури австриската аристократска династија Куенрингер, традиционално верна на владетелската династија, започнала бунтови со стапувањето на Фридрих II на австрискиот престол. Најопасни му биле споровите со царот Фридрих II за време на востанието на царскиот син Хајнрих VII. Австрискиот војводата паднал во немилост пред царот и во 1236 година последниот му дал дозвола за Вацлав I, крал на Бохемија да навлезе во Австрија. Во годините на царската забрана, Виена станала царски слободен град. Сепак Фридрих II успеал да ја задржи својата позиција на гувернер на австриската држава.

Во 1239 година настапила промена во царската политика и војводата Фридрих II се претворил во еден од најважните сојузници на светиот римски цар. Конфликтот со Бохемија завршил со свршувачката на внука на Фридрих II, Гертруда Бабенберг и најголемиот син на Вацлав I - маркгроф Вацлав Моравски. Исто така биле заапочнати преговори за издигнување на Виена во епископство на Католичката црква, а на Австрија (вклучувајќи ја и Штаерска) во кралство. Услов за тоа било внуката Гертруда да се омажи за педесет годишниот цар кој освен тоа неодамна бил отфрлен од папа Григориј IX. Во 1245 година било договорено по овој услов, но своеволно вереница одбила да се појави на церемонијата на соборот во Верона. Во годината пред неговата смрт војводата Фридрих успеал да ја добие и Крањска, но по неговата смрт таа територија била присоединета кон Војводство Корушка под власта на Бернхард фон Шпанхајм.

Амбициозните планови на војводата Фридрих биле спречени од неговата смрт во Битката кај реката Лајта во 1246 година, за време на граничниот конфликт со унгарскиот крал Бела IV Арпад. Фридрих II бил погребан во опатија Хајлигенкројц.

Наследство

уреди

Со своите премногу амбициозни планови кои често биле спречуани од хаотичноста на неговиот карактер и со агресивната политика, Фридрих се претворил во последен војвода од династијата Бабенберг и го означил крајот на една ера во австриската историја. По неговата смрт настапил период на интеррегнум и титулата владетел на Австрија била оспорувана од многу династии. На прв поглед, неговото наследство било прецизирано преку Privilegium Minus кој им овозможувал на жените да ја наследуваат власта.

Така сестрата на Фридрих, Маргарет фон Бабенберг и неговата внука Гертруда Бабенберг имале право на престолот. По смртта на Фридрих, Гертруда Бабенберг најпрвин се омажила за Владислав Моравски, кој починал следната година. Потоа таа се омажила за маркгроф Херман VI Баденски кои не успеал да ја задржи својата позиција во Австрија. На крајот во 1252 година Гертруда се омажила за кнезот Роман Даниловиќ, помал брат на кнезот Лав I Руриковиќ, зет на унгарскиот крал. Во истата година бохемиската династија Пшемисловци извршиле втор обид да ги остварат своите претензии кон Австрија, преку организирање на брак меѓу Маргарет фон Бабенберг и Отокар, кој бил дваесет години помлад од неа, и кој бил син на Вацлав I. Како резултат од ова Австрија станала бојно поле на конфликтот меѓу Пшемисловци и унгарската династија Арпад во кој Отокар најпрвин имал предност, победувајќи го кралот Бела во Битката кај Кресенбрун, а конечно бил поразен и исфрлен од германскиот крал Рудолф I во битката на Моравско поле во 1278 година.

Литература

уреди
  • Heinrich von Zeißberg: Friedrich II. der Streitbar. In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 7, Duncker & Humblot, Leipzig 1877, S. 580–585.
  • Adolf Ficker: Herzog Friedrich II., der letzte Babenberger. Wagner, Innsbruck 1884.
  • Johannes Preiser-Kapeller, Von Ostarrichi an den Bosporus. Ein Überblick zu den Beziehungen im Mittelalter, in: Pro Oriente Jahrbuch 2010. Wien 2011, S. 66-77 (zur vermeintlichen byzantinischen Eheschließung Friedrichs II., online)

Надворешни врски

уреди