Кримски федерален округ

Кримски федерален округ (руски: Кры́мский федера́льный о́круг) — поранешен федерални окрузи во Русија. Основан бил со претседателски указ на 21 март 2014 г. по враќањето во состав на Русија.[1][2]. Како свои единици, округот ги опфаќал Република Крим и федералниот град Севастопол. За претседателски претставник бил назначен Олег Белавенцев.[3]. Административен центар на федералниот округ бил градот Симферопол — главниот град на Република Крим.

Кримски федерален округ
Крымский федеральный округ
Федерален округ на Русија
Земја Русија
Основан21 март 2014
припоен кон Јужниот федерален округ28 јули 2016
Админ. центарСимферопол
Управа
 • Претседателски претставникОлег Белавенцев
Федерални субјекти2
Единици на Кримскиот федерален округ. Со заокружена ѕвезда е претставен административниот центар Симферопол.

На 28 јули 2016 година, Кримскиот федерален округ, кој бил далеку најмалиот федерален округ во Русија, бил укинат и припоен кон Јужниот федерален округ, со цел „да се зголеми ефикасноста на работењето на органите на федералната држава“.[4]

Федерални субјектиУреди

Бр. Знаме Федерален субјект Админ.
центар
1   Севастопол Севастопол
2   Република Крим Симферопол

НаводиУреди

  1. „Указ Президента РФ от 21 марта 2014 года № 168“ (PDF). конс. 2014-03-21. 
  2. „Путин образовал Крымский округ и назначил своего полпреда“. РИА Новости. конс. 21 март 2014. 
  3. „Указ Президента РФ от 21 марта 2014 года № 169“ (PDF). конс. 2014-03-21. 
  4. Putin integrates Crimea into Russia’s southern federal district“, Russian News Agency TASS, 28 јули 2016 (посет. 28 јули 2016 г).

Надворешни врскиУреди