Владимирска област

Местоположба на Владимирската област во рамките на Русија

Владимирска област (руски: Владимирская область) е федерален субјект на Русија (област). Административен центар е средновековниот главен град на Русија, Владимир, кој е 190 км источно од денешната престолнина, Москва. За детални информации за средновековната историја на областа, видете Залесе и Владимирско-суздалљско Кнежевство. Катедралите од 12 век во Владимир, Суздаљ, Богољубово и Кидекша се на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.

Грб на Владимирската област
Russia-Vladimir-Vicinity.jpg

Областа зафаќа површина од 29,000 км2, и брои 1,443,693 жители (по попис од 2010)[1].

ГеографијаУреди

Владимирската област се граничи со Московската, Јарославската, Ивановската, Рјазањската и Нижегородската област.

Часовен појасУреди

Владимирската област спаѓа под Московската часовен појас (MSK/MSD). UTC +0300 (MSK)/+0400 (MSD).

Административна поделбаУреди

НаводиУреди

  1. Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.

Надворешна врскаУреди