Република Алтај

Ова е статија за руска република. За други значења, погл. Алтај (појаснување).
Республика Алтай
Алтай Республика
Република Алтај
Знамето на Алтај
Грбот на Алтај
Знаме Грб
Положба во Русиј
Држава: Русија
Федерален округ: Сибирски
Површина: 92.600 км2
Население: 202.947 (2002.)
Главен град: Горно Алтајск
Густина на населението: 2,2 жит./км2
химна: Алтајски:Алтай Республиканыҥ Гимны

Алтај (рус. Республика Алтай) е автономна република во составот на Руската Федерација. Има површина од 92.600 км2. Има 202.947 жители. Се наоѓа во самиот центар на Азија, каде се спојуваат руската тајга, степите на Казахстан и полупустините на Монголија. Главен град е Горно Алтајск.

Главниот град Горно Алтајск
Панорама на реката Катун

Шумите покриваат 25% од територијата. Најголеми реки се Катун и Бија. Постојат повеќе од 7.000 езера со вкупна површина од 700 км2. Најголемо е езерото Телецкое, кое е долго 80 километри и 5 километри широко. Најголема длабочина на тоа езеро е 325 метри. Републиката се наоѓа точно внатре во планинскиот систем Алтај. Постојат минерални извори во планинитe Алтај. На Алтај се наоѓаат и многу ледници. Што се однесува на рудното богатство, Република Алтај располага со злато, сребро, литиум, железна руда. На пониските предели климата е умерено континентална.

Altai republic map.png

НаселениеУреди

 
Традиционална женска народна носија

Населението во републиката чини 203,900 жители. (2005). Густината на населението е: 2,2 жит./км2 (2005), уделот на градското население е: 25,9 % (2005). Според пописот во 2002 во Алтај живеат следниве народи:

Народ Население, илјади.жит. % од вкупното население
Руси 116,5 57,4
Алтајци 62,2 30,6
Казаци 12,1 6,0
Теленгити 2,4 1,2
Тубалари 1,5 0,8
Украинци 1,4 0,7
Кумандинци 0,9 0,5
Германци 0,9 0,4
Челканци 0,8 0,4
Ерменци 0,5 0,2
Татари 0,5 0,2
Белоруси 0,3 0,1
Азербејџанци 0,3 0,1
останати 2,7 1,4