Чукотски автономен округ (руски:Чуко́тский автоно́мный о́круг) е автономен округ во Русија. Претставува автономен округ кој се наоѓа на рускиот далечен исток, и граничи со Република Јакутија на запад, Магаданската област на југозапад, Камчатскиот Крај на југ, а на исток со Беринговиот Проток е одделен од американската држава Алјаска. Анадир е најголем град и административен центар, и најисточна населба во Русија која има градски статус.
Чукотка е населена од Руси, Чукчи, и други домородни народи. Моментално, Чукотка е единствениот автономен округ во Русија кој не е вклучен, ниту е подреден на друг федерален субјект, откако се одвоил од Магаданската област во 1992. Тука се наоѓа езерото Елигитгин, кратерно езеро, и изгаснатиот вулкан Анјујскиј. Селото Уелен е најисточната населба во Русија.
Автономниот округ зафаќа површина од 737.700 km2, и е седмиот најголем федерален субјект во Русија, иако има население од само 50,526.[13] Чукотка е вториот најмалку населен федерален субјект, и има најмала густина на население од сите федерални субјекти во Русија.
↑Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. «О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе». Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", No. 20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (President of the Russian Federation. Decree #849 од May 13, 2000 „On the Plenipotentiary Representative of the President of the Russian Federation in a Federal District“. Стапил на сила May 13, 2000).
↑Госстандарт Российской Федерации. №ОК 024-95 27 декабря 1995 г. «Общероссийский классификатор экономических регионов. 2. Экономические районы», в ред. Изменения №5/2001 ОКЭР. (Gosstandart of the Russian Federation. #OK 024-95 December 27, 1995 „Russian Classification of Economic Regions. 2. Economic Regions“, по измените на Amendment #5/2001 OKER. ).
↑Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.