Оренбург (руски: Оренбу́рг) – град во Русија и административен центар на Оренбуршката Област во Поволшкиот Федерален Округ. Спрема пописот на населението од 2010 година, во градот живееле 544.987 жители. Оренбург се наоѓ на 1.480 километри југоисточно од Москва, недалеку од границата со Казахстан.

Оренбург
Оренбург
Град[1]
Знаме на ОренбургГрб на Оренбург
ДржаваРусија
Федерален субјектОренбуршка Област[1]
Основан во1743[2]
Управа
 • Органградска дума
 • HeadЕвгениј Арапов[3]
Површина[4]
 • Вкупна259 км2 (100 ми2)
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (попис 2010)[5]
 • Вкупно548.331
 • проц. од (2018)[6]564.773 (+3%)
 • Ранг28. во 2010
 • Густина2,100/км2 (5,500/ми2)
 • Подреден наОренбург[1]
 • Седиште наОренбуршка Област[1], Оренбуршки Реон[7]
 • Градски округОренбуршки градски реон[8]
 • Седиште наОренбуршки градски реон, Оренбуршки општински реон
Час. појасЕкатеринбуршко време Уреди википодатоци[9] (UTC+5)
Поштенски бр.[10]460000
Повик. број.+7 3532
Мреж. местоorenburg.ru

Оренбург лежи на надморска височина од 150 м, на реката Урал, која е граница меѓу Европа и Азија.

Историја

уреди

Руското Царство планирало изградба на источен пограничен утврден град во регионот на јужен Урал. Населениците ја основале населбата во 1735 година на устието на реката Ор во реката Урал. Во 1739 година населбата го променила своето име во Орск. Имало обид да се основа уште еден Оренбург на местото викано Красногар, или Црвено Брдо (1741), но оваа населба не опстанала. Третиот Оренбург бил успешно втемелен на неговото денешно место приближно 250 км низводно по реката Урал од Орск.

Овој трет Оренбург функционирал како важна војна станица на меѓата со номадските Козаци. Станал средиште на оренбуршките Козаци. По соединувањето на средна Азија во Руското Царство, Оренбург се претвора во трговска станица и значаен железнички јазол на патот кон новите средноазиски поседи и кон Сибир.

Настрадал во пожар кон крајот на XVIII век, но брзо бил обновен. Во градот биле изградени цркви во барокен стил. Градот бил и значаен и по трговијата особено на стока.

Во XIX век неколкумина војни команданти се обиделе да зајакната културниот живот во градот. Со текот на времето, со понатамошниот продор на Козаците на исток, градот го губел својот гарнизонско-стражарски карактер. Во 1838 година била изградена и џамија, а кон крајот на XIX век била изградена црква во типичен руско-нововизантиски стил.

 
Мост преку реката Урал во Оренбург

Кога болшевиците ја презеле власта во Русија, биле срушени многу цркви во Оренбург. Градот добил на значење во текот на Втора светска војнаВтората светска војна, бидејќи голем број битни фабрики за војната биле преселени во далечниот Оренбург кој бил заштитен од воените дејства.

Оренбург функционирал и како главен град на Киргиска АССР (во денешен Казахстан) во Русија од 1920 до 1925 година. Кога таа република била преименувана во Казачка АССР (1925), Оренбург повторно ѝ се придружил на Русија, а Алма-Ата (денешен Алмати) станал нов главен град. Иако републиката станала Казахска ССР (1936), Оренбург останал во Русија.

Од 1938 до 1957 година, градот го носел името Чкалов (руски: Чкалов) по рускиот (советски) пробен пилот, а бројот на жители бил дуплиран во периодот меѓу триесеттите и шеесеттите години на дваесеттиот век. Во текот на својата советска историја, градот ѝ припаѓал на Русија или на некоја од автономните советски републики во состав на Русија.

Население

уреди

Спрема прелиминарните податоци од пописот, во градот во 2010 година живееле 544.987 жители, 4.374 (0,80%) помалку во однос на 2002 година.

Знаменитости

уреди

Градот во голема мерка е обележан со социјалистичкиот стил во архитектурата: големи станбени блокови за работничката класа. Сепак, во центарот вреди да се види црквата Свети Никола изградена во класицистички стил, потоа мостот на реката Урал, во чија близина се наоѓаат неколку преостанати куќи од XVIII и XIX век. Градот има опера, неколку музеи и уметничка академија.

Збратимени и градови партнери

уреди

Оренбург е збратимен со следните градови:

Следните градови се партнери на Оренбург

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Law #1370/276-IV-OZ
  2. Из истории Казахстана XVIII в
  3. „Глава города Оренбурга“. Официальный портал города Оренбурга. Архивирано од изворникот на August 17, 2012. Посетено на 2012-06-25.
  4. Генеральный план Оренбурга. Материалы по обоснованию проекта. Архивирано на 4 март 2016 г. Раздел 4.1. Территория города. Стр. 29
  5. Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  6. „26. Численность постоянного населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2018 года“. Федерална служба за државна статистика. Посетено на 23 јануари 2019.
  7. Государственный комитет Российской Федерации по статистике. Комитет Российской Федерации по стандартизации, метрологии и сертификации. №ОК 019-95 1 января 1997 г. «Общероссийский классификатор объектов административно-территориального деления. Код 53 234», в ред. изменения №278/2015 от 1 јануари 2016 г..
  8. Law #2367/495-IV-OZ
  9. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  10. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)

Надворешни врски

уреди