Републики во Русија
Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“. Заради децении (во некои случаи векови) внатрешна имиграција во рамките н Русија, оваа националност обично не е мнозинството во таа република.
Уставен статус
уредиРепубликите се разликуваат од другите федерални субјекти по тоа што имаат право да постават свој службен јазик (Член 68 од рускиот Устав) и да имаат свој устав. Другите федерални субјекти, како краеви (територии) и области (провинции), го немаат ова право. Секоја република има свој претседател.
Нивото на фактичка автономија варира од единица до единица, но обично таа е прилично голема. Парламентарните собранија на републиките често имаат донесувано закони кои се косат со федералниот устав, и претседателите на републиките знаат да бидат многу моќни. Меѓутоа оваа автономија е прилично намалена под водството на Владимир Путин, Претседател на Руската Федерација од 2000, кој се залага за превласт на федералниот устав.
Воспоставувањето на седум големи краеви над регионите и управители назначени од претседателот ја има зајакнато власта на законот и следењето на уставот во републиките. Покрај тоа, Путин го има зајакнато законодавството во републиките, а ја има заслабнато извршната власт. Сега претседателите на републиките ги назначува самиот претседател на Русија, но ваквата номинација мора да биде прифатлива за парламентот на таа република.
ВО најголемиот дел од републиките има некаков вид на сепаратистичко движење, но овие не се многу силни. Меѓутоа меѓу Tатарите, Bашкирите, Јакутите и еченците има силна поддршка за отцепување. Но оваа замисла е прилично проблематична заради етничкиот состав на населението во тие републики (Татарстан, Башкортостан, Јакутија); (заради Чеченската војна, денес многу малку нечеченци живеат во Чеченија).
Список на републики во Русија
уреди
8. Калмикија |
15. Северна Осетија-Аланија |
Република | Континент | Титуларна националност1 | Тируларна националност во населението на републиката | Титуларна националност: Јазична група | Титуларна националност: Главна религија | Етнички руси во населението на републиката | Население4 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Адигеја (Адыгея) | Европа | Черкези | 23% | Кавкаски | Сунитски ислам | 66% | 450,000 |
Алтај (Алтай) | Азија | Алтајци | 31% | Туркиски | Бурханизам, Ламаизам, Шаманизам | 57% | 200,000 |
Башкортостан (Башкортостан) | Европа | Башкири | 28% | Туркиски | Сунитски ислам | 39% | 4,000,000 |
Бурјатија (Бурятия) | Азија | Бурјати | 24% | Монголски | Тибетски будизам („Ламаизам“) | 69% | 1,100,000 |
Чеченија (Чеченская Республика) | Европа | Чеченци2 | помеѓу 70% и 98% | кавкаски | Сунитски ислам | не се знае7 | не се знае7 |
Чувашија (Чувашская Республика) | Европа | Чуваши | 68% | туркиски | Руско православие | 27% | 1,400,000 |
Дагестан (Дагестан) | Европа | 10 локални народности3 | 80% | Кавкаски,туркиски5 | Сунитски ислам | 12% | 1,900,000 |
Ингушетија (Ингушетия) | Европа | Ингуши2 | 77% | Кавкаски | Сунитски ислам | 1% | 470,000 |
Кабардино-Балкарија (Кабардино-Балкарская Республика) | Европа | Кабардинци, Балкари | 66% (Кабардинци 55%, Балкарци 11%) | Кавкаски,туркиски | Сунитски ислам, Руско православие6 | 25% | 790,000 |
Калмикија (Калмыкия) | Европа | Калмици | 53% | Монголски | Тибетски будизам („Ламаизам“) | 33% | 320,000 |
карачево-Черкесија (Карачаево-Черкесская Республика) | Европа | Карачајци, Черкеси | 50% (Карачајци 39%, Черкеси 11%) | туркиски, Кавкаски | Сунитски ислам | 42% | 430,000 |
Карелија (Карелия) | Европа | Карели (сродни на финците) | 11% | угрофински | Руско православие | 72% | 800,000 |
Хакасија (Хакас(с)ия) | Азија | Хакаси | 12% | туркиски | Руско православие | 80% | 580,000 |
Коми (Коми) | Европа | Коми | ~25% | угрофински | Руско православие | 58% | 1,200,000 |
Мариј Ел (Марий Эл) | Европа | Маријци | 43% | угрофински | Руско православие | 48% | 760,000 |
Мордовија (Мордовия) | Европа | Мордвинци | 36% | угрофински | Руско православие | 56% | 960,000 |
Саха (Јакутија) (Саха (Якутия)) | Азија | Јакути | 45% | туркиски | Руско православие, Шаманизам | 41% | 1,100,000 |
Северна Осетија-Аланија (Северная Осетия-Алания) | Европа | Осети | 53% | Ирански | Руско православие, Сунитски ислам | 30% | 650,000 |
Татарстан (Татарстан) | Европа | Татари | 52% | туркиски | Сунитски ислам | 39% | 3,700,000 |
Тува (Тыва) | Азија | Туванци | 77% | туркиски | тибетски будизам („Ламаизам“), шаманизам | 20% | 310,000 |
Удмуртија (Удмуртская Республика) | Европа | Удмурти | 31% | угрофински | Руско православие | 59% | 1,600,000 |
Белешки:
|