Хакасија (рус. Республика Хакасия, хакашки Хакасия Республиказы) е автономна република во составот на Руската Федерација.

Республика Хакасия
Хакасия Республиказы
Република Хакасија
Знамето на Хакасија
Знамето на Хакасија
Грбот на Хакасија
Грбот на Хакасија
Знаме Грб
Положба во Русија
Положба во Русија
Држава: Русија
Федерален округ: Сибирски
Површина: 61.600 км2
Население: 538.221 (2006.)
Главен град: Абакан
Густина на население: 8,7 стан./км2
Бунар во Хакасија

Народот по кој републиката го носи името, Хакаси, се од групата на турски народи. Тие, по пописот од 2002, сочинуваат само 11,98% (65.421) од вкупно 546.072 жители. Големо мнозинство се Руси 80,28% (438.395), а меѓу останатите се Германци 1,68% (9.161), Украинци 1,53% (8.360) и Татари 0,73% (4.001). Службени јазици се хакашки и руски. Мнозинство од населението верски припаѓа на Руската православна црква, а има и муслимани.

Главни стопански гранки на републиката се експлоатација на јаглен, руда и дрво.

Историја

уреди

Хакашкката држава во 13 век ја освоиле Монголите. Почетокот на XVIII век конституирана е руска власт на оваа територија. Во XIX век почнуваат да се населуваат Руси, а делот на староседелците преминува во православна вера. Регионот Хакасија е основан на 10 октомври 1930.