Уралски федерален округ

Уралски федерален округ (руски: Уральский федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Овој е најзападниот од трите азиски окрузи. Има население од 12,373,926 жители по попис од 2002 и зафаќа површина од 1.788.900 км2. Моменталниот полномоштен претставник на претседателот е Петар Латишев.

Местоположба на Уралскиот федерален округ во рамките на Русија

Административна поделбаУреди

Најголеми градовиУреди

Статистика по попис од 2002.

  1. Екатеринбург (1.293.537)
  2. Чељабинск (1.077.174)
  3. Тјумењ (510.719)
  4. Магнитогорск (418.545)
  5. Нижни Тагил (390.498)
  6. Курган (345.515)
  7. Сургут (285.027)