Отвори го главното мени

Смоленск (руски Смоле́нск) е град во западна Русија и административен центар на Смоленската област. Се наоѓа во горниот тек на Днепар, 378 километри западно-југозападно од Москва. Според пописот на жители од 2010 година во градот живееле 326.863 жители.

Смоленск
град во Русија
Skyline of Смоленск
Управа
 • ГрадоначалникВалентина Михајловна Олејникова
Мреж. место{{http://admcity.smolensk.ru/ admcity.smolensk.ru]}}

ГеографијаУреди

Градот се наоѓа на бреговите на горен Днепар, кој во пределот на градот проаѓа низ Смоленската висорамнина. Реката, која тече во градот во правец од исток кон запад, го дели на два дела: северен, заднопровски и јужен централен.

КлимаУреди

Климата во Смоленск е умерено-континентална, ублажена под влијание на Атлантскиот Океан. Во Смоленск преовладуваат релативно топли лета и умерено студени зими. Просечна годишна температура е 5,0 °C. Најстуден месец е јануар со просечна температура - 7,3 °C, а најтопол месец е јули со просечни 17,1 °C. Годишна количина на врнежи изнесува во просек 721 милиметри. Просечно во текот на годината во 178 дена преовладува облачно време, 103 дена се со магла и 28 дана со грмотевици. Најмногу врнежи има во летниот период.

ИсторијаУреди

Средновековни корениУреди

Според руската хроника, кнез Олег го освоил Смоленск 882 година. Тогаш меѓутоа Смоленск не се наоѓал на исто место како денешниот. Овој град го спомнува и византискиот цар Константин Порфирогенит во делото -{De administrando imperio}-: тука пишува дека Смоленск е важна тврдина во Русија.

Кнежевството Смоленск основано е 1054 година. Веќе кон крајот на 12-от век, кнежевството било најсилно во источна Еворпа. Дури династијата од Смоленск повремено контролирала власт во Киевска Русија. Во 12 век изградени се бројни цркви во Смоленск: црквата св. Петар и Павле, црквата св. Јоваа Крстител. Една од најубавите цркви во цела Русија, Свирскаја, изградена е во Смоленск на самиот крај на 12 век.

Помеѓу Русија, Литванија и ПолскаУреди

 
Соборна црква

Иако Смоленск не страдал од монголското уништување 1240 година, набргу се нашол помеѓу Московска Русија и Литванија. Кон крајот на 14 и почетокот на 15 век Смоленск бил приклучен на Литванија, а некоии болјари побегнале во Москва.

Во 15-от век Смоленск бил најголем град на Литванија. Единиците од Смоленск одлучувачки помогнале во битката кај Грунвалд да се Литванија спротивстави на Тевтонските витези. Конечно, 1514 година, Смоленск преминал под власт на Московска Русија. Да го одбележи овој значаен настан, царот Василиј III го основал Новодевичниот манастир и му ја подарил иконата на Богородица Смоленска.

Да се спречат идните полско-литвански напади, царот Борис Годунов го утврдил градот. Смоленскиот Кремљ изграден помеѓу 1597 и 1602 година од камен бил најголем во тогашна Русија. Но, полско-литванските чети сепак по дваесетмесечна опсада успеале 1611 година да го освојат Смоленск. Московска Русија не успела да го поврати градот во текот на Смолеснката војна 1632 година; сепак 1654 градот преминал под контрола на Русија, кое Полјаците и Литванците го признале со мирот од Андрузово 1667 година.

ЖителиУреди

Спред прелиминарните податоци од пописот, во градот 2010 година живеле 326.863 жители, 1.726 (0,53%) повеќе отколку 2002.

Види уштеУреди

Надворешни врскиУреди