Сибирски федерален округ

Сибирски федерален округ (руски: Сибирский федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Овој е средиште на три азиски окрузи. Населението брои 20,062,938 жители по попис од 2002, а округот зафаќа површина од 5,114,800 км2. Моментален полномошен претставник на претседателот е Анатолиј Квашнин.

Местоположба на Сибирскиот федерален округ во рамките на Русија
Местоположба на Сибирскиот федерален округ во рамките на Русија

Оваа единица не е исто што и Сибир, во чии рамки спаѓа цела азиска Русија освен деловите крај Тихиот Океан.

Ова е списокот на федералните субјекти во рамките на Сибирскиот федерален округ. (Републиките се означени со ѕвездичка).

1. Алтајска република*
2. Алтајски крај
3. Бурјатија*
4. Читинска област
4a. Агински Бурјатски автономен округ
5. Иркутска област
5a. Уст-Ордински Бурјатски автомомен округ
6. Хакасија*
7. Кмеровска област
8. Краснојарски крај
8a. Евенкиски автомомен округ
8b. Тајмирски автомомен округ
9. Новосибирска област
10. Омска област
11. Томска област
12. Тува*

Поделба на Сибирскиот федерален округ

Најголеми градови

уреди
  1. Новосибирск 1,405,569 (попис од 2005)
  2. Омск 1,142,773
  3. Краснојарск 917,195
  4. Барнаул 631,221
  5. Иркутск 582,547
  6. Новокузнетск 563,257
  7. Кемерово 522,641
  8. Томск 487,357
  9. Улан Уде 352,623
  10. Чита 308,492
  11. Братск 256,552

Надворешни врски

уреди