Тур де Франс 2012 - етапа 11 до етапа 20

список на статии на Викимедија

Етапата 11 на Тур де Франс 2012 се одржала на 12 јули, а трката се завршила на 22 јули. Втората половина на трката била сместена целосно во Франција; започнувајќи со планинската етапа од Албервил до Ла Тузиар-Ле Сибел – вклучувајќи две искачувања од екстра категорија на етапата – пред да се заврши трката вообичаено на етапната завршница на Шанзелизе во Париз на 22 јули.

Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на поединечните етапи, додека црвените линии се растојание поминати во префрлање помеѓу етапите.

По неговата победа на поединечниот хронометар на етапата 9, возачот на Тим Скај Бредли Вигинс го одржал водството во втората половина на трката. Го одржувал неговото водство на трката, правејќи разлика од 2 минути и пет секунди – постигната на етапата 9 – до последниот поединечен хронометар на трката, одржан на претпоследниот ден на трката. Вигинс ја освоил етапата со една минута и шеснаесет секунди предност пред неговиот колега Крис Фрум и Вигинс на крајот го задржал неговото водство до следниот ден во Париз, каде ја освоил трката со три минути и дваесет и една секунда, со што станал првиот возач од Велика Британија, кој освоил некоја голема трка. Фрум завршил втор, додека подиумот бил заокружен со поранешниот победник на Вуелта а Еспања Винченцо Нибали, возејќи за екипата Ликвигас-Канондејл, кој бил само втор возач, кој завршил во рамките од 10 минути зад конечното вкупно време на Вигинс.

Само колегата на Вигинс Марк Кевендиш успеал да победи на повеќе од една етапа во текот на втората половина на трка, победувајќи на две од трите последни етапи, вклучувајќи ја и четвртата последователна етапна победа во Париз. Оваа победа му овозможила да стане најуспешниот спринтер на Тур де Франс со 23 етапни победи, надминувајќи го рекордот од 22, кој бил држен 48 години од Французинот Андре Дарижад. Тројца француски возачи – Пјер Ролан, Пјерик Федриго и Тома Веклер – секој имал етапна победа во текот на втората половина на трката, додека победата на кралската етапа на Веклер му помогнала да стане краен победник на планинскиот пласман. Други етапни победници биле Дејвид Милар, Андре Грајпел, Луис Леон Санчес и Алехандро Валверде.

Во текот на етапата 14 на трката, Вигинс ја запрел групата на спустот по искачувањето Мур де Пегуер, откако биле пронајдени клинци фрлени на патот, кои биле одговорни за проблеми со гумите на триесетина возачи.[1] Помеѓу оние со проблеми бил и бранителот на титулата Кедел Еванс, кој доживеал повеќекратни проблеми со гумите на искачувањето и изгубил околу две минути пред Вигинс да повика на мир во главната група, дозволувајќи му на бегството да ја заврши етапата со време од осумнаесет минути пред групата.[2][3] По пребарувањето на хотелот на екипата Кофидис во текот на првиот ден за одмор, вториот ден за одмор одминал со позитивен тест за допинг на возачот од РадиоШек-Нисан Френк Шлек, третопласиран на трката во 2011. Шлек ја напуштил трката по пронајдените траги ксипамид, забрането средтво од велосипедистичкиот сојуз, кои биле пронајдени во примерок од неговата урина и подоцна потврдени со уште еден тест.[4]

Легенда[N 1]
  A yellow jersey   Го означува предводникот во генералниот пласман   A green jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман
  A polka-dot jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
  A jersey with a black rider number on a yellow background   Го означува предводникот во екипниот пласман[N 2]   A jersey with a white rider number on a red background   Го означува возачот означен како најборбен во текот на денот
   и.в. означува дека возачот ја поминал целната линија во иста група, како оној што го добил времето над него и затоа му било доделено истото завршно време.

Етапа 11

уреди
 
Профил на етапата
12 јули 2012 — Албервил до Ла Тузиар-Ле Сибел, 148 км[5]

Етапата целосно била сместена на Алпите со две искачувања од екстра категорија – Кол де ла Мадлен по 40 километри и Кол де ла Кроа де Фер по 93 километри; обата имаат врвови на 2.000 метри или повисоко - пред да заврши на завршницата во Ла Тузиар-Ле Сибел. Кол де ла Кроа де фер била највисоката точка на Алпите на овогодинешниот Тур, па така водачот, кој поминал на врвот ја добил наградата Сувенир Анри Дегранж. Завршницата била на искачување од прва категорија долго 18 километри со просечен наклон од 6,1%.[6][7] Како и претходниот ден било создадено големо бегство откако неколку различни групи се одвоиле од главната група по првото искачување на денот, на Кол де ла Мадлен.

Вкупно имало дваесет и осум возачи[8] во групата; на врвот на искачувањето, темпото се зголемило и групата се поделила на повеќе помали групи, додека возачот на Омега Парма-Квик Степ Петер Велитс ги освоил максималните бодови на врвот, следен веднаш од возачот на Астана Фредрик Кесијакоф.[9] Велитс и Кесијакоф добиле предност од 45 секунди на спустот, но на крајот осум возачи ја намалиле разликата и го стигнале дуото пред Кол де ла Кроа де Фер. Тим Јуропкар имал двајца возачи во групата, Кристоф Керн кој го поставувал темпото за неговиот колега Пјер Ролан, и темпото повторно ја поделило групата.[9] Назад во групата, водачот во пласманот за млад возач Тиџеј ван Гардерен (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) нападнал на искачувањето, како најава за подоцнежниот потег на неговиот колега Кедел Еванс.[10] Тие постигнало предност од 30 секунди на една точка пред Тим Скај повторно да го доведе Бредли Вигинс назад до нив. Кесијакоф бил подобар од Ролан за бодовите во планинскиот пласман на Кол де ла Кроа Фер, додека групата била две минути зад нив.[8]

Групата составена од Вигинс и другите кандидати за генералниот пласман заостанала дополнително за една минута во првите делови на Кол ду Молар, каде бегството составено од Велитс, Ролан, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Крис Анкер Соренсен и Роберт Кишерловски од Астана, додека возачот на Мовистар Тим Васил Кириенка пристигнал подоцна.[8] Ролан паднал на спустот од искачувањето, каде пристигнал прв, додека Соренсен бил во потешкотии да остане со водачите.[8] Возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали се обидел да се одвои од главната група на два наврати на последното искачување,[11] достигнувајќи го возачот на Лото-Белисол Јурген ван ден Брук, кој избегал со победникот на осмата етапа, возачот на ФДЖ-БигМет Тибо Пино.[9] Еванс не успеал да се задржи на искачувањето, губејќи време од вигинс, неговиот колега Крис Фрум и другите соперници.[9] Фрум го довел Вигин во потешкотии едно време, но го намалил темпото, кога му кажале преку екипното радио.[12][13] Напред, Ролан бил последниот преостанат возач од бегството и заминал соло кон неговата втора етапна победа на Тур,[9] и втора последователна етапна победа на неговата екипа.[14] Пино водел во групата на жолтата маичка низ линијата на целта, додека Еванс изгубил скоро 90 секунди зад Вигинс, Фрум и Нибали, кои завршиле на првите места во генералниот пласман по оваа етапа.[8]

Резултат од етапа 11
Возач Екипа Време
1   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар 4ч 43' 54"
2   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 55"
3   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 55"
4   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 57"
5   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
6   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај + 57"
7   Крис Анкер Соренсен (ДАН) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1' 08"
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 1' 58"
9   Васил Кириенка (БЛР) Мовистар Тим + 2' 13"
10   Френк Шлек (ЛУК)   РадиоШек-Нисан + 2' 23"
Генерален пласман по етапа 11
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 48ч 43' 53″
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05″
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 23″
4   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 3' 19″
5   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 4' 48″
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 6' 15″
7   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 6' 57″
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 7' 30″
9   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 8' 31″
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 8' 51″

Етапа 12

уреди
 
Профил на етапата
13 јули 2012 — Сен-Жан-де-Морин до Аноне-Давезје, 226 км[15]

Со растојание од 226 километри оваа етапа била најдолгата на овогодишниот Тур; трката ги оставила Алпите и имало само две искачувања од прва категорија - Кол ду Гран Кишерон на 1.188 метри и Кол ду Гранје на 1.134 метри – во првите 80 километри, иако имало и едно искачување од трета категорија кратко пред крајот на етапата.[16] Како што било случај на претходните две етапи, повторно се создала голема група во бегство, која поставила темпо и се одвоила од главната група уште на почетокот на етапата. На нејзиниот максимум, групата била составена од деветнаесет возачи, но била намалена на единаесет, кога групата дошла до подножјето на воведното искачување, Кол ду Гран Кишерон.[17]

Роберт Кишерловски од Астана ги зел максималните бодови на искачувањето, за да го заштити водството во пласманот, држен од неговиот колега Фредрик Кесијакоф.[17] Возачот на Кофидис Давид Монкутје се обидел да ја намали разликата и да стигне до водечките, но доживеал сериозен пад на спустот од искачувањето. Тој ја напуштил трката со исеченици.[18] Кишерловски исто така ги зел максималните бодови и на Кол ду Грание, што го направило водството на Кесијакоф безбедно уште еден ден. По пристигнувањето на средина на етапата во зоната за храна, водечката група се поделила и пет возачи – Дејвид Милар од Гармин-Шарп, возачот на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо, возачот на Еускалтел-Еускади Егои Мартинес, Кишерловски и Сирил Готје,[19] кој одел кон третата победа по ред за Тим Јуропкар – заврзувајќи се одвоиле и достигнале водство од 13 минути на нивниот максимум.[17] Бидејќи ниеден од тие возачи не биле блиску до водечките во генералниот пласман, главната група ја оставила групата и одлучиле да не ги бркаат до крајот.[20]

Ниеден од квинтетот не напаѓал во групата и тие останале заедно до последните 5 километри на етапата. Кишерловски одиграл прв, напаѓајќи на 3,5 километри, но Перо го достигнал веднаш и нападот се прекинал; вториот потег дошол од Мартинес и Готје.[17] Перо повторно забрзал и Милар го следел на неговото тркало, додека Кишерловски отпаднал. Милар излегол напред во последниот километар,[20] но Перо останал на неговото тркало на само 200 метри пред крајот; тој започнал напад, но Милар го победил на линијата за неговата четврта поединечна етапна победа на Тур[21] – прва неговата победа од 2003[20] – и четврти различен британски возач, кој победил на етапа на Тур 2012.[22] Главната група била предводена на линијата на целта осум минути зад водечките од двајцата водачи во бодовниот пласман,[20] возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос и возачот на Ликвигас-Канондејл Петер Саган. Саган реагирал на спринтерската завршница од Гос, изразувајќи дека бил попречен во последните метри. Организаторите на трката се согласиле со Саган и поместиле Гос на седмото место - ставајќи една секунда разлика помеѓу нив и групата[23] – и го казниле со одземање на 30 бода во пласманот, како и му додале 30 секунди во генералниот пласман.[24]

Резултат од етапа 12
Возач Екипа Време
1   Дејвид Милар (ВБР) Гармин-Шарп 5ч 42' 46"
2   Жан Кристоф Перо (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
3   Егои Мартинес (ШПА) Еускалтел-Еускади + 5"
4   Сирил Готје (ФРА) Тим Јуропкар + 5"
5   Роберт Кишерловски (ХРВ) Астана + 5"
6   Петер Саган (СВК)   Ликвигас-Канондејл + 7' 53"
7   Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ + 7' 53"
8   Себастјен Ино (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 7' 54"
9   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 7' 54"
10   Лука Паолини (ИТА) Катјуша + 7' 54"
Генерален пласман по етапа 12
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 54ч 34' 33″
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05″
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 23″
4   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 3' 19″
5   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 4' 48″
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 6' 15″
7   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 6' 57″
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 7' 30″
9   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 8' 31″
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 8' 51″

Етапа 13

уреди
 
Профил на етапата
14 јули 2012 — Сен-Пол-Тру-Шато до Капо д’Агд, 217 км[25]

Оваа транзитна етапа го носела Тур на Средоземното Море. Искачувањето преку Мон-Сен-Клер и ветерот на морскиот брег претставувале две опасности за трката во последните 28 километри.[26] За прославата на Денот на Бастилја,[27] бегството се состоело со голема бројка на Французи, со дури пет возачи од вкупно осум – возачот на Кофидис Самуел Димулен, возачот на ФДЖ-БигМет Матје Ладању, Џими Енжулвен од Сор-Сожасен, Максим Буе (Аг2р-Ла Мондијал) и Жером Пино, претставувајќи ја екипата Омега Парма-Квик Степ.[28] Групата била заокружена со Пабло Уртасун од Еускалтел-Еускади, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Мајкл Морков и возачот на Аргос-Шимано Рој Карверс.[29]

Октетот го направил бегството во првите 20 километри од етапата и нивната предност се искачила на максмилани десет минути на обележјето од 35 километри,[28] пред Орика-ГринЕЏ да испрати возачи напред во главната група, со цел да ја намали разликата. Уртасун ја предводел групата низ линијата на средниот спринт, додека позади, водачот во бодовниот пласман Петер Саган (Ликвигас-Канондејл) бил во можност да го започне неговиот спринт пред тоа да го прави спринтерот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос,[29] и со овој резултат го зголемил неговото водство во пласманот. Пино се одвоил на 65 километри пред крајот, но неговиот потег бил предвиден од Морков, пред тој да нападне.[29] Морков ја држел едноминутната предност пред поранешните членови на бегството сè до подножјето на Мон-Сен-Клер, но групата ги достигнала пред врвот на искачувањето.[30]

Возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Кедел Еванс и возачот на Лото-Белисол Јурген ван ден Брук нападнале на Мон-Сен-Клер[29] и нивното забрзано темпо ја поделило групата, кога многу возачи отпаднале од групата. Околу дваесет и пет возачи останале во водечката група,[31] и во оваа група од спринтерите останале единствено Саган и колегата на Ван ден Брук Андре Грајпел.[28] Други потези дошле од возачот на Астана Александар Винокуров, Михаел Албасини од Орика-ГринЕЏ,[32] и возачот на Рабобанк Луис Леон Санчес, но тие биле достигнати од Лото-Белисол – поставувајќи го Грајпел за крајот на етапата – и Тим Скај за водачот во трката Бредли Вигинс. Вигинс го довел колегата Едвалд Боасон Хаген за спринт,[33] но Грајпел го започнал неговиот спринт и успеал да излезе прв пред брзиот Саган на крајот со што победил на третата етапа на Тур за половина тркало,[28] прво такво постигнување од германски возач од Ерик Цабел во 2001.[34]

Резултат од етапа 13
Возач Екипа Време
1   Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Белисол 4ч 57' 59"
2   Петер Саган (СВК)   Ликвигас-Канондејл и.в.
3   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в.
4   Себастјен Ино (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
5   Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ и.в.
6   Жилјен Симон (ФРА) Сор-Сожасен и.в.
7   Марко Маркато (ИТА) Вакансолел-ДКМ и.в.
8   Филип Жилбер (БЕЛ) Аксент.џобс-Вилемс Веранда и.в.
9   Петер Велитс (СВК) Омега Парма-Квик Степ и.в.
10   Данило Хондо (ГЕР) Лампре-ИСД и.в.
Генерален пласман по етапа 13
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 59ч 32' 32"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 23"
4   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 3' 19"
5   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 4' 48"
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 6' 15"
7   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 6' 57"
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 7' 30"
9   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 8' 31"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 8' 51"

Етапа 14

уреди
 
Профил на етапата
15 јули 2012 — Лиму до Фуа, 191 км[35]

Трката навлегла во долните Пиринеи со две искачувања од прва категорија; Порт де Лер на 1.517 метри и Мур де Пегвер, достигнувајќи височина од 1.375 метри. Мур де Пегвер се возел за првпат во историјата на Тур де Франс; имал делови со наклон од 16%.[36][37] Мали напади се случиле на патеката уште на почетокот од етапата, но групата останала целосна во текот на првиот час од трката и нападите биле прекинувани за неколку минути. До првата четвртина од етапата - на некои 50 километри[38] – не било дозволено да се создаде бегство, но подоцна единаесет возачи се одвоиле од главната група, вклучувајќи и водачот во бодовниот пласман Петер Саган од Ликвигас-Канондејл,[39] кој сакал да ја зголеми бодовната разлика над неговите соперници Андре Грајпел (Лото-Белисол) и возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос.

Во водечката група Саган прв ја поминал линијата на средниот спринт,[39] предноста на водечките веќе се искачила на тринаесет минути и се зголемувала и понатаму поради влажните услови на патот. Кај Порт де Лерс, единаесетте возачи боле 15 минути пред групата, кога Сирил Готје (Тим Јуропкар) доживеал проблем со неговиот велосипед и морал да застане за промена на опрема, губејќи околу 40 секунди во однос групата. Тој не успеал да се врати до нив и на крајот изгубил четиринаесет минути во однос на нив на крајот на етапата. Возачот на Рабобанк Луис Леон Санчес нападнал на Мур де Пегуер,[39] и единствено Филип Жилбер (Аксент.џобс-Вилемс Веранда), возачот на Еускалтел-Еускади Горка Изагире и Санди Казар од ФДЖ-БигМет успеал првично да го следат.[38] Подоцна, Саган успеал да дојде до нив, пред Касар да се одвои на неколку секунди пред врвот.[40]

На врвот на искачувањето биле фрлени клинци на патот предизвикувајќи проблеми кај триесетина возачи,[41][42] вклучувајќи го колегата на Жилбер Кедел Еванс и Стив Камингс,[38] додека водачот во трката Бредли Вигинс (Тим Скај) го променил неговиот велосипед како мерка на претпазливост.[43] Како последица на ова, Вигинс повикал на привремен застој на тркањето на спустот.[44][45] Во тоа време, Пјер Ролан (Тим Јуропкар) нападнал и добил предност од две минути пред главната група,[46] но комбинацијата на темпото поставено од Лото-Белисол и Ликвигас-Канондејл,[47] и спознавањето на ситуацијата зад него од Ролан - подоцна извинувајќи се за своите постапки[48] – значело дека тој бил достигнат од главната група и потоа продолжила бавно кон завршницата во Фуа. Напред, Санчес нападнал на околу 11,5 километри пред крајот[39] и на крајот сам стигнал до четвртата етапна победа во кариерата на Тур.[49] Саган стигнал прв во групата зад Санчес од четворица возачи скоро една минута зад него, додека групата на крајот ја поминале целта по 18 минути зад Санчес.[38]

Резултати од етапа 14
Возач Екипа Време
1   Луис Леон Санчес (ШПА) Рабобанк 4ч 50' 29"
2   Петер Саган (СВК)   Ликвигас-Канондејл + 47"
3   Санди Казар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 47"
4   Филип Жилбер (БЕЛ) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 47"
5   Горка Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 47"
6   Серхио Паулињо (ПОР) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 2' 51"
7   Себастјен Минар (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 51"
8   Мартин Велитс (СВК) Омега Парма-Квик Степ + 3' 49"
9   Едуард Ворганов (РУС) Катјуша + 4' 51"
10   Стевен Краусвајк (ХОЛ) Рабобанк + 4' 53"
Генерален пласман по етапа 14
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 64ч 41' 16"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 23"
4   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 3' 19"
5   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 4' 48"
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 6' 15"
7   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 6' 57"
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 7' 30"
9   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 8' 31"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 8' 51"

Етапа 15

уреди
 
Профил на етапата
16 јули 2012 — Саматан до По, 158,5 км[50]

Оваа етапа се возела низ падините на Пиринеите. Имало три помали искачувања во последната третина од етапата, кои се очекува да ги задржат преостанатите спринтери.[51] Како и претходниот ден, уште на почетокот на етапата се случиле мали напади, но групата останала целосна во првиот час од тркањето и нападите биле достигнувани по неколку минути. Најподготвен напад бил оној од пет возачи, вклучувајќи ги возачот на Омега Парма-Квик Степ Берт Грабш, возачот на Гармин-Шарп Дејвид Милар, Андриј Гривко од Астана, Руј Кошта (Мовистар Тим) и Јукија Араширо, претставувајќи ја Тим Јуропкар.[52] Сепак, групата не дозволила да добијат предност поголема на 30 секунди,[53] и тие на крајот биле достигнати од главата група на ознаката за 60 километри.

Веднаш потоа се создала нова група од пет члена, составена од Кристијан Ванде Велде (Гармин-Шарп), колегата на Араширо Тома Веклер, возачот на ФДЖ-БигМет Пјерик Федриго, возачот на Кофидис Самуел Димулен и Дрис Девенин од Омега Парма-Квик Степ.[52] Возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Ники Серенсен одел по квинтетот околу 20 километри и на крајот групата ја направил секстет, откако некое време неговата екипа го поставила темпото во главната група.[53] Групата ја намалила разликата во однос на водечките на околу 5 минути едно време, но на крајот одлучиле Битката за етапна победа се води во бегството. Веклер ги зел максималните бодови на сите три категоризирани искачувања пред последните 10 километри,[53] пред Серенсен да го започне првиот значаен напад пред крајот.[53] Меѓутоа, Федриго и Ванде Велде успеале да се одвојат по нивниот напад на 6,5 километри пред целта[52] и тие се бореле меѓусебе со спринт во По; Ванде Велде се обидел да го започне неговиот спринт прв, но Федриго го видел потегот и останал напред, со што ја зел втората етапна победа во По[52] – по претходната победа во 2010[54] – и четврта во неговата кариера.[55][56] Преостанатите членови на бегството дошле пред главната група, каде возачот на Лото-Белисол Андре Грајпел бил прв со задоцнување од 11' 50" зад Федриго.[57]

Резултат од етапа 15
Возач Екипа Време
1   Пјерик Федриго (ФРА) ФДЖ-БигМет 3ч 40' 15"
2   Кристијан Ванде Велде (САД) Гармин-Шарп и.в.
3   Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар + 12"
4   Ники Серенсен (ДАН) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 12"
5   Дрис Девенин (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 21"
6   Самуел Димулен (ФРА) Кофидис + 1' 08"
7   Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Белисол + 11' 50"
8   Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп + 11' 50"
9   Петер Саган (СВК)     Ликвигас-Канондејл + 11' 50"
10   Крис Бекман (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 11' 50"
Генерален пласман по етапа 15
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 68ч 33' 21"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 23"
4   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 3' 19"
5   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 4' 48"
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 6' 15"
7   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 6' 57"
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 7' 30"
9   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 8' 31"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 8' 51"

Етапа 16

уреди
 
Профил на етапата
18 јули 2012 — По до Бањер-де-Лишон, 197 км[58]

По вториот и последен ден за одмор, трката навлегла во високите планини со „кралската етапа“[59], на која имало две искачувања од екстра категорија — Кол д’Обиск и Кол ду Турмале — и искачувања од прва категорија Кол д’Оспен и Кол де Пересуар, завршувајќи го т.н. „круг на смртта“,[60], пред да се дојде до крајот во Бањер-де-Лишон.[61] Првиот возач преку Турмале - највисоките точка на Пиринеите и на целиот Тур 2012 со височина од 2.115 метри – ќе ја добие наградата Сувенир Жак Годе.[62]

Скоро четириесет возачи - околу четвртина од главната група на трката на почетокот на етапата - отишле во рано бегство на околу 25 километри,[63] вклучувајќи тројца возачи, кои се наоѓале на првите 20 места во генералниот пласман, водачот во планинскиот пласман Фредрик Кесијакоф (Астана) и етапните победници Тома Веклер од Тим Јуропкар и возачот на ФДЖ-БигМет Пјерик Федриго.[59] Веклер и Кесијакоф воделе во групата на врвот на Кол д’Обиск и групата останала заедно до подножјето на Кол ду Турмале. Овде, групата започнала да се дели откако возачот на Гармин-Шарп Даниел Мартин забрзал со Кесијакоф и возачот на Рабобанк Лауренс тен Дам.[63] Возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Џорџ Хинкапи, Крис Анкер Серенсен од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и возачот на Сор-Сожасен Брис Феји подоцна ѝ се приклучиле на групата напред, но само Веклер и Феји останале до врвот на искачувањето, каде Веклер го намалил водството на Кесијакоф за точкестата маичка.[64] Групата го поминала врвот на околу десет минути подоцна.

Веклер и Феји имале предност од околу две минути во подножјето на Кол д’Оспен, додека на Мартин - кој последен отпаднал од францускиот пар напред - му се приклучиле Хинкапи и шест други возачи. Со зголемениот притисок од Серенсен и возачот на РадиоШек-Нисан Јенс Фогт, Кесијакоф отпаднал од групата и зголемил напорите на Веклер да го задржи водството во планинскиот пласман. Назад во групата, темпото било поставувано од Ликвигас-Канондејл и Тим Скај и групата полека се намалувала и на крај, возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Кедел Еванс го изгубил контактот на искачувањето.[63] Меѓутоа, со колегите околу него, тој повторно се вратил во групата пред последното искачување на Кол де Пересуар.[59] На третина од искачувањето, Веклер го оставил Феји позади и тргнал кон соло-напад. Еванс повторно возел позади во групата, кога Винченцо Нибали (Ликвигас-Канондејл) одлучил да го направи првиот напад на неговите соперници, возачите од Тим Скај Бредли Вигинс и Крис Фрум.[65]

Вигинс и Фрум успеале да стигнат до Нибали, оставајќи го помеѓу нив со Фрум на чело и Вигинс позади во триото. Веклер го потврдил водството во неговиот планински пласман пристигнувајќи прв на врвот Кол де Пересуар, додека преостанатите возачи на бегството се наоѓале помеѓу него и групата на Вигинс, Фрум и Нибали. Серенсен заостанувал зад Веклер минита и пол. Нибали нападнал уште двапати[66] на најстрмниот дел на искачувањето, но Вигинс ги предвидел потезите и сам се погрижил за Нибали. Напред, Веклер се спуштал кон целта во Бањер-де-Лишон со предност од 1' 40" пред Серенсен и го одржил водството до крајот за втора етапна победа на трката,[67] и ја повторил неговата етапна победа во 2010 во градот.[68] Серенсен останал на 1' 40" зад него, додека возачот на Еускалтел-Еускади Горка Изагире го победил Александар Винокуров (Астана) за третото место.[59] Нибали, Вигинс и Фрум стигнале седум минути зад Веклер, додека Еванс загубил скоро пет минути зад триото,[69] паѓајќи од четврто на седмо место во генералниот пласман зад возачот на Лото-Белисол Јурген ван ден Брук, возачот на РадиоШек-Нисан Ајмар Зубелдија и неговиот колега Тиџеј ван Гардерен.[63] Возачот на Кофидис Јан Гизелинк завршил четири секунди надвор од временската рампа на етапата, но му била дадена шанса од комесарите да продолжи на Тур, правејќи од него новиот „lanterne rouge“ (последен возач).[70]

Резултат од етапа 16
Возач Екипа Време
1   Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар 5ч 35' 02"
2   Крис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1' 40"
3   Горка Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади + 3' 22"
4   Александар Винокуров (КАЗ) Астана + 3' 22"
5   Брис Феји (ФРА) Сор-Сожасен + 3' 58"
6   Јенс Фогт (ГЕР) РадиоШек-Нисан + 4' 18"
7   Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 6' 08"
8   Симоне Стортони (ИТА) Лампре-ИСД + 6' 08"
9   Џампаоло Карузо (ИТА) Катјуша + 6' 08"
10   Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 6' 11"
Генерален пласман по етапа 16
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 74ч 15' 32"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 23"
4   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 5' 46"
5   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 7' 13"
6   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 7' 55"
7   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 8' 06"
8   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 9' 09"
9   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 10' 10"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 11' 43"

Етапа 17

уреди
 
Профил на етапата
19 јули 2012 — Бањер-де-Лишон до Пејрагудс, 143,5 км[71]

Последниот ден во планините ја водел трката низ Кол де Менте од прва категорија и Кол де Ар од втора категорија, пред да се достигне последното искачување од екстра категорија на Тур, Порт де Балес. Потоа трката одела надолу, пред да се врати на некатегоризираното искачување Кол де Пересуар – поминувајќи го врвот втор ден по ред - и завршницата на врвот во скијачкиот центар Пејрагудс.[72] Со предвиденото растојание од 143,5 километри, етапата била најкратка од планинските етапи на Тур 2012.[73]

Нали напади се случиле на патеката уште на почетокот на етапата, но групата останала целосна во првиот половина час од тркањето, откако неколку напади биле достигнати по неколку минути. Сè до Кол де Менте не биле поставени раните основи за бегство од страна на кандидатите за планинскиот пласман, возачот на Тим Јуропкар Тома Веклер и Фредрик Кесијакоф од Астана повторно се бореле за бодовите на врвовите; Веклер тргнал прв пред Кесијакоф.[74] Двајцата возачи исто така биле дел од седумчленото бегство, кое се создало на спустот по искачувањето.[73] Групата била потресена едно време по нападот на возачот на Ликвигас-Канондејл Винченцо Нибали,[75] трето место во генералниот пласман зад дуото од Тим Скај Бредли Вигинс и Крис Фрум, но на крајот бил достигнат од групата.[76]

Зад водечките се создала група од десет возач, кои на крајот им се придружиле на половина од етапата.[74] Веклер бил подобар од Кесијакоф на Кот де Бир,[73] со што го зголемил неговото водство во пласмано; групата доцнела околу 3 минути зад нив, но полека ја намалувала разликата. Следејќи го потегот на двоецот возачи од Еускалтел-Еускади, Руј Кошта (Мовистар Тим) нападнал во групата и заминал даму помогне на неговиот екипен водач Алехандро Валверде, кој го проследил неговиот потег неколку километри подоцна. Кошта му давал темпо некое време, пред Валверде да го одмине и да продолжи сам,[77] и обезбедил водство од 35 секунди на врвот Порт де Балес, додека групата била оддалечена минита и пол зад него.[78] Главната група ја достигнала групата на Веклер, возачот на Омега Парма-Квик Степ Леви Лајпхајмер и Блел Кадри од Аг2р-Ла Мондијал, на спустот, каде само Валверде се одржал пред нив и врвот Кол де Пересуар.[74]

По вториот спуст од Кол де Пересуар на трката, возачите се упатиле кон искачувањето во спротивниот правец, каде што тие биле претходниот ден, пред малиот спуст и потоа последното искачување на Пејрагудс.[73] Валверде ја задржал предноста од 1' 20" на врвот на некатеризираниот премин, каде само неколкумина возачи останале во групата maillot jaune, вклучувајќи ги првите четворица во генералниот пласман. Валверде се одржувал самиот напред и разликата се движела помеѓу 1' 20" и 1' 30" во следните километри, кога започнале да го искачуваат врвот, кога се дошло до моментот flamme rouge. Возачот на Лото-Белисол Јурген ван ден Брук се обидел да нападне,[79] но бил достигнат од тандемот Фрум и Вигинс, кои потоа забрзале и се одвоиле од нивните соперници, заминале кон Валверде.[80] На крај, тие стигнале кратко по него, бидејќи Фрум морал да го чека Вигинс трипати[81], бидејќи водачот на трката бил на неколку метри зад неговиот помошник на некои делови на искачувањето. Валверде ја постигнал својата четврта етапна победа во кариерата на Тур,[82] осумнаесет секунди пред Фрум и Вигинс,[74] кои ја зголемила нивната разлика пред остатокот од групата.

Резултат од етапа 17
Возач Екипа Време
1   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 4ч 12' 11"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 19"
3   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај + 19"
4   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 22"
5   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 26"
6   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 26"
7   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 37"
8   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 54"
9   Крис Хорнер (САД)   РадиоШек-Нисан + 1' 02"
10   Даниел Мартин (ИРС) Гармин-Шарп + 1' 11"
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 78ч 28' 02"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 41"
4   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 5' 53"
5   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 8' 30"
6   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 9' 57"
7   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 10' 11"
8   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 10' 17"
9   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 11' 00"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 11' 46"

Етапа 18

уреди
 
Профил на етапата
20 јули 2012 — Блањак до Брив-ла-Гајар, 222,5 км[83]

Иако била рангирана како „рамна етапа“ имало четири категоризирани искачувања на етапата, кои можале да дозволат успешно бегство од главната група.[84] На првите километри од етапата, група од шест возачи го направила првото бегство на етапата,[85] но откако групата им дозволила да направат предност на петаката, тие подоцна биле достигнат и групата повторно продолжила заедно. Потоа имало брановит период во групата со многу напади, сè до првото искачување на етапата, на Кот де Сен-Жорж.

 
Возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Филип Жилбер пред етапата. На етапата, Жилбер морал да се задржи, откако паднал на земја, кога куче втрчало во групата.

На самото искачување, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Ник Нијенс и возачот на Тим Јуропкар Јукија Араширо нападнале на врвот, пред да им се придружат четиринаесет други возачи, со што го создале второто бегствот на етапата.[86] Најдобро пласиран возач во групата бил Руј Кошта од Мовистар Тим – само малку под половина час зад водачот на трката Бредли Вигинс од Тим Скај[85] – кој бил свеж по пружената помош претходниот ден на колегата Алехандро Валверде. На околу половина од етапата, предноста помеѓу бегството од шеснаесет члена и групата ја достигнала највисоката точка, на 3' 30", пред Аксент.џобс-Вилемс Веранда и Аг2р-Ла Мондијал да го постават темпото за враќање на водачите назад во групата. Во групата, некоку возачи доживеале пад, откако куче втрчало на нивната патека на движење,[87] забавувајќи го целото темпо. Помеѓу паднатите бил и возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Филип Жилбер, кој морал да биде задржан, кога застанал на нозе.[88] Ликвигас-Канондејл ги пратила нивните возачи напред да го постават темпото на групата во надеж за поставување на Петер Саган напред и освојување на четврта етапна победа на трката, и ја намалиле разликата на под две минути на 50 километри пред крајот.[85]

Напред на трката, возачот на Гармин-Шарп Дејвид Милар нападнал на Кот де Сулак,[86] каде се одвоил од Араширо и колегата на Вигинс Едвалд Боасон Хаген, но не успеал во нападот. Пет возачи – возачот на Лото-Белисол Адам Хансен, Александар Винокуров од Астана, Нијенс, Лука Паолини (Катјуша) и возачот на ФДЖ-БигМет Жереми Роа – дошле заедно на подножјето на Коте де Лусак-сур-Куз,[86] пред Нијенс и Роа да отпаднат на искачувањето. Тие биле заменети во групата од возачот на Аг2р-Ла Мондијал Николас Роуш, возачот на РадиоШек-Нисан Андреас Кледен и Луис Леон Санчес од Рабобанк,[89] и шесте возачи останале заедно напред до последното искачување во Брив-ла-Гајар.[85] Роуш и Санчес нападнале на целта, но обајцата биле поминати на крајот од спринтерот на Тим Скај Марк Кевендиш, следен од неговиот помошник Боасон Хаген. Кевендиш поминал од надвор на двоецот и ја освоил својата 22. етапна победа на Тур,[90] изедначувајќи се со Ленс Армстронг и Андре Дарижад на четвртото место на списокот на сите времиња по бројот на етапни победи на Тур,[91] и изедначувајќи го рекордот по број на победи на Дарижад како спринтер.[92] Возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос и Саган исто така успеале да стигнат напред до Санчес и Роуш во последните метри, за второ и трето место соодветно,[86] но сепак биле оддалечени зад Кевендиш на целта.[93]

Резултат од етапа 18
Возач Екипа Време
1   Марк Кевендиш (ВБР) Тим Скај 4ч 54' 12"
2   Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3   Петер Саган (СВК)   Ликвигас-Канондејл и.в.
4   Луис Леон Санчес (ШПА) Рабобанк и.в.
5   Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
6   Тајлер Фарар (САД) Гармин-Шарп и.в.
7   Борут Божич (СЛО) Астана и.в.
8   Себастјен Ино (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
9   Дарил Импи (ЈАР) Орика-ГринЕЏ и.в.
10   Самуел Димулен (ФРА) Кофидис и.в.
Генерален пласман по етапа 18
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 83ч 22' 18"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 05"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 41"
4   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 5' 53"
5   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 8' 30"
6   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 9' 57"
7   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 10' 11"
8   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 10' 17"
9   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 11' 00"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 11' 46"

Етапа 19

уреди
 
Профил на етапата
21 јули 2012 — Бонвал до Шартр, 53,5 км поединечен хронометар (ITT)[94]

Претпоследната етапа на Тур бил последниот поединечен хронометар со добри патишта во центарот на градот Шартр.[95] Бидејќи другите познати специјалисти за хронометарските дисциплини веќе ја напуштиле трката, двајцата први возачи во генералниот пласман – двоецот на Тим Скај Бредли Вигинс и Крис Фрум – се очекувало да бидат фаворити на етапата, кои на претходниот хронометар на деветтата етапа завршиле прв и втор.[96][97] Како што е вообичаено на хронометарските етапи, возачите настапиле во обратен редослед од оној во генералниот пласман на крајот на претходната етапа. Така, Џими Енжулвен од Сор-Сожасен, кој бил на 153. место[86] и доцнел 3 часа, 49 минути и 9 секунди зад водачот Вигинс, бил првиот возач кој излегол на патеката.[98]

 
Водачот на трката Бредли Вигинс ја освоил неговата втора етапа на трката, победувајќи го колегата од Тим Скај Крис Фрум за една минута и шеснаесет секунди.

Енжулвен забележал време од еден час, дванаесет минути и четириесет и девет секунди на патеката, но неговото водство било краткотрајно, бидејќи неколку минути подоцна,[99] кога водачот на Кофидис Жулиен Фушар ја поминал патеката за две минути побрзо од времето на Енжулвен. Возачот на Гармин-Шарп Јохан Вансумерен бил првиот возач, кој забележал време под еден час и десет минути со време од еден час, девет минути и дваесет и четири секунди, пред возачот на Аргос-Шимано Патрик Греч да забележи време од скоро три минути побрзо, поминувајќи двајца возачи, кои ја започнале трката пред него - на интервали од една минута - на патеката и уште еден на самиот крај.[99] Времето на Греч се задржало прилично долго - околу два часа - и на крајот било сосем добро за тој да се пласира на шестото место по конечните резултати на етапата. Сè до појавувањето на 88. возач на патеката неговото време било најдобро.[99] Луис Леон Санчес од Рабобанк поставил најдобро време на секоја од трите мерни точки долж патеката од 53,5 километри и на крајот ја поминал целта со време од еден час, шест минути и три секунди,[100] надминувајќи го времето на Греч за триесет и осум секунди.[101]

Времето на шпанскиот национален првак се задржало до последните возачи на патеката, сега по триминутни интервали за последните четиринаесет возач. Возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тиџеј ван Гардерен, носителот на белата маичка во пласманот за млад возач, бил подобар од времето на Санчес на првата мерна точка,[100] но не успеал да биде подобар и на останатиот дел од патеката и на крајот завршил 44 секунди зад неговото време и завршил како трет. Тој веќе го поминал неговиот колега Кедел Еванс на патеката,[102] и жителот од Булдер (Колорадо) го посветил неговиот резултат за жртвите од пукањето во соседниот град Аурора.[103] Само Фрум и Вигинс го надминале времето на Ван Гардерен на првата мерна точка, каде Вигинс бил подобар од Фрум за неколку десетици секунди; Вигинс продолжил да го зголемува неговото водство на патеката, достигнувајќи разлика од 54 секунди на втората мерна точка,[104] и 1' 15" на третата.[100] Фрум ја поминал целта со време од еден час, пет минути и дваесет и девет секунди, со што го подобрил времето на Санчес за триесет и четири секунди, но Вигинс ја постигнал втората етапна победа на трката, додавајќи една секунда на неговото мерење на третата мерна точка на крајот.[99] Единствената промена на местата во генералниот пласман во првите десет било преминување на Еванс од страна на возачот на РадиоШек-Нисан Ајмар Зубелдија – и покрај тоа што тој скоро ќе удрел во заштитната ограда на патеката[105] – со разлика од осум секунди.[100]

Резултат од етапа 19
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 1ч 04' 13"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1' 16"
3   Луис Леон Санчес (ШПА) Рабобанк + 1' 50"
4   Петер Велитс (СВК) Омега Парма-Квик Степ + 2' 02"
5   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 2' 25"
6   Патрик Греч (ГЕР) Аргос-Шимано + 2' 28"
7   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 2' 34"
8   Васил Кириенка (БЛР) Мовистар Тим + 2' 46"
9   Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 2' 50"
10   Жереми Роа (ФРА) ФДЖ-БигМет + 3' 05"
Генерален пласман по етапа 19
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 84ч 26' 31"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 3' 21"
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 6' 19"
4   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 10' 15"
5   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 11' 04"
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 15' 43"
7   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 15' 51"
8   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 16' 31"
9   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 16' 38"
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 17' 17"

Етапа 20

уреди
 
Профил на етапата
22 јули 2012 — Рамбулје до Париз (Шанзелизе), 120 км[106]

Тур завршува на вообичаената етапа на Шанзелизе во Париз. Етапата имала лесен почеток - пред осумте брзи кругови, по кои следува масовен спринт.[107] За зачувување на традицијата, последната етапа започнала со слабо темпо и воглавно била со славеничка низ предградијата на Париз. Кратко откако возачите пристигнале во кругот на центарот на градот, започнале вистинското возење и откако имало повеќе неуспешни обиди, главното бегство започнале од Јенс Фогт (РадиоШек-Нисан) и возачот на Лампре-ИСД Данило Хондо на околу 40 километри пред крајот.[108]

Хондо бил прв на последниот среден спринт за бодови на трката, додека Фојгт бил веднаш зад него.[108] Меѓутоа, Хондо не останал долго напред, бидејќи Фојгт на крајот бил придружен од други десет возачи, кои го создале бегството,[109] додека нивната предност достигнала најмногу триесетина секунди во последните километри.[110] Подоцна Хондо паднал во последниот круг, заедно со возачот на Аг2р-Ла Мондијал Микаел Шерел, но обајцата на крајот ја завршиле етапата. Како започнала да се намалува предноста на водачите, главно поради работата на Тим Скај, Ликвигас-Канондејл и Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк,[109] бегството започнало да губи членови, сè до додека не биле достигнати сите на 3 километри пред крајот. Водечкиот воз за Марк Кевендиш (Тим Скај) го одржал водството на трката низ последните кривини и ја освоил последната етапа четврта година по ред,[109] станувајќи прв моментален светски првак, кој победил на Шанзелизе.[111] Неговата 23. етапна победа[111] го поместило на четвртото место на списокот на сите времиња по број на етапни победи на Тур де Франс,[112] додека водачите на четирите пласмани завршиле во групата и ги обезбедиле нивните победи, со што следело традиционалното доделување на наградите кратко по етапата.[108]

Резултат од етапа 20
Возач Екипа Време
1   Марк Кевендиш (ВБР) Тим Скај 3ч 08' 07"
2   Петер Саган (СВК)   Ликвигас-Канондејл и.в.
3   Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
4   Хуан Хосе Аедо (АРГ) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и.в.
5   Крис Бекман (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
6   Грег Хендерсон (НЗЛ) Лото-Белисол и.в.
7   Борут Божич (СЛО) Астана и.в.
8   Андре Грајпел (ГЕР) Лото-Белисол и.в.
9   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в.
10   Џими Енжулвен (ФРА) Сор-Сожасен и.в.
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1   Бредли Вигинс (ВБР)   Тим Скај 87ч 34' 47"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 3' 21″
3   Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 6' 19″
4   Јурген ван ден Брук (БЕЛ) Лото-Белисол + 10' 15″
5   Тиџеј ван Гардерен (САД)   Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 11' 04″
6   Ајмар Зубелдија (ШПА)   РадиоШек-Нисан + 15' 41″
7   Кедел Еванс (АВС) Аксент.џобс-Вилемс Веранда + 15' 49″
8   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 16' 26″
9   Јанез Брајкович (СЛО) Астана + 16' 33″
10   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ-БигМет + 17' 17″

Белешки

уреди
  1. Маичките, кои се појавуваат во табелата лево на страницата биле носени од велосипедистите на наведената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна означуваат кој велосипедист ќе ги носи наредната етапа.
  2. Бројчињата им се доделени на сите останати возач во водечката екипа.

Наводи

уреди
  1. Вилијамс, Ричард (15 јули 2012). „Carpet tacks cannot force Bradley Wiggins off track“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 22 јули 2012.
  2. Бодин, Метју (15 јули 2012). „„Идиоти" фрлиле клинци на Мур де Пегуер, предизвикувајќи дузина проблеми“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-08-15. Посетено на 15 јули 2012.
  3. Atkins, Ben (15 јули 2012). „Бредли Вигинс: „Никој не сакаше да ја користи туѓата несреќа". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  4. Стоукс, Шејн (20 јули 2012). „Frank Schleck's B sample also positive for diuretic Xipamide; doping hearing looming for rider“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 јули 2012.
  5. „Етапа 11: Албервил-Ла Тузиар-Ле Сибел“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  6. „Планински премини & ридови: Етапа 11“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  7. „12 јули, Етапа 11: Албервил-Ла Тузиар-Ле Сибел 148 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Косинс, Питер (12 јули 2012). „Ролан се искачи за победа на Ла Тусуар“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 јули 2012.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Мур, Кајл (12 јули 2012). „Ролан однесе уште една голема победа за Јуропкар“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 јули 2012.
  10. Бенсон, Даниел (12 јули 2012). „Еванс не успеа по храбриот напад“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 јули 2012.
  11. Браун, Грегор (12 јули 2012). „Нибали не успеал да го растури Скај, но ги покажал планинските способности на Тур“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 12 јули 2012.
  12. Бенсон, Даниел (12 јули 2012). „Wiggins relieved after La Toussuire mountain finish“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 јули 2012.
  13. Рајан, Бери (12 јули 2012). „Froome breaks from the script at La Toussuire“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 јули 2012.
  14. Галагер, Брендан (12 јули 2012). „Пјер Ролан победи на етапата 11, додека Бредли Вигинс е се поблиску до победа на трката“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 12 јули 2012.
  15. „Етапа 12: Сен-Жан-де-Морин-Аноне-Давезје“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  16. „13 јули, Етапа 12: Сен-Жан-де-Морин-Аноне-Давезје 226 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Аткинс, Бен (13 јули 2012). „David Millar takes stage 12 breakaway to salvage the Argyle Tour“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 јули 2012.
  18. Аткинс, Бен (13 јули 2012). „Пад на спустот го примора Давид Монкутје да се откаже од неговиот последен Тур де Франс“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 јули 2012.
  19. Лав, Феликс (13 јули 2012). „Милар магичен на етапата 12 на Тур“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 13 јули 2012.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Косинс, Питер (13 јули 2012). „Милар го отспринтал Перо за победа на етапата 12 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 јули 2012.
  21. Кејс, Крис (13 јули 2012). „Дејвид Милар се сеќава на неговото минати на прославата денес“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 13 јули 2012.
  22. Смит, Софи (13 јули 2012). „Милар победи етапа на Тур, девет години по неговата последна“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 13 јули 2012.
  23. Рајан, Бери (13 јули 2012). „На Гос му се одземени 30 бода по спринтерската казна на етапата 12 на Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 јули 2012.
  24. Худ, Ендру (13 јули 2012). „Tour Notebook Stage 12: Goss relegation helps Sagan; Jury fines Cavendish for yelling at official“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 13 јули 2012.
  25. „Етапа 13: Сен-Пол-Тру-Шато–Ле Кап д'Агд“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  26. „14 јули, Етапа 13: Сен-Пол-Тру-Шато-Кап д'Агд 217 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
  27. Аткинс, Бен (14 јули 2012). „Французите одат во напад на 14 јули“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 Аткинс, Бен (14 јули 2012). „Андре Грајпел стигна до три откако групата спринташе во Кап д'Агд“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 Вестемајер, Сузан (14 јули 2012). „Грајпел со фото-финиш го победи Саган на спринтот на средината на Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  30. Аткинс, Бен (14 јули 2012). „Мајкл Морков за бегството на Тур: „Знам дека татко ми ќе биде горд". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  31. Ричардсон, Сајмон (14 јули 2012). „Грајпел го преживеа искачувањето и ветерот за победа на трета етапа на Тур“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  32. Стоукс, Шејн (14 јули 2012). „Vinokourov pledges to try again after stage win bid doesn't pay off“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  33. Браун, Грегор (14 јули 2012). „Грајпел искористи големата брзина на Вигинс за победа на Тур“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  34. Лав, Феликс (14 јули 2012). „Грајпел ја однесе третата победа на Тур“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 15 јули 2012.
  35. „Етапа 14: Лиму-Фуа“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  36. „Планински премини & ридови: Етапа 14“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  37. „15 јули, Етапа 14: Лиму до Фуа 191 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 23 јуни 2012. Посетено на 28 јуни 2012.
  38. 38,0 38,1 38,2 38,3 Вестемајер, Сузан (15 јули 2012). „Санчес го спаси Тур за Рабобанк со етапна победа во Фуа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  39. 39,0 39,1 39,2 39,3 Аткинс, Бен (15 јули 2012). „Луис Леон Санчес ја освои етапата во Фуа“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  40. Бул, Ник (15 јули 2012). „Санчес сам до победа во Фуа во корист на зачувување на Тур за Рабобанк“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  41. Боден, Матје (15 јули 2012). „„Идиоти" фрлиле клинци на Мур де Пегуер, предизвикувајќи проблеми со гумите“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-08-15. Посетено на 15 јули 2012.
  42. Аткинс, Бен (15 јули 2012). „Бредли Вигинс: „Никој не сакаше да искористи нечија несреќа". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  43. Браун, Грегор (15 јули 2012). „Еванс доживеал повеќекратни оштетувања на гумите по нападот со клинци на Тур“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  44. „Бредли Вигинс ја стопирал трката поради саботажата“. BBC Sport. BBC. 15 јули 2012. Посетено на 15 јули 2012.
  45. „Fans nail peloton on day of mass punctures“. SuperSport. MultiChoice. South African Press Association-Agence France-Presse. 15 јули 2012. Посетено на 15 јули 2012.
  46. Аткинс, Бен (15 јули 2012). „Пјер Ролан: „Ја ги почитувам кодексите и интерните правила на главната група". VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 15 јули 2012.
  47. Рајан, Бери (15 јули 2012). „Нибали: Ние одевме кон Ролан“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  48. Боден, Матје (15 јули 2012). „Пјер Ролан изјави дека жали за нападот по проблемите со гумите во главната група“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. Посетено на 15 јули 2012.
  49. Рајан, Бери (15 јули 2012). „Санчес го одржува неговиот рекорд на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 15 јули 2012.
  50. „Етапа 15: Саматан-По“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  51. „16 јули, Етапа 15: Саматан-По 158,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 24 јуни 2012. Посетено на 29 јуни 2012.
  52. 52,0 52,1 52,2 52,3 Химас, Питер (16 јули 2012). „Федриго го отспринта Ванде Велде за победа на етапата 15 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 16 јули 2012.
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 Аткинс, Бен (16 јули 2012). „Пјерик Федриго го повтори успехот во По по бегството на етапата 15“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 16 јули 2012.
  54. Рајан, Бери (16 јули 2012). „Федриго победи на среќната почва во По“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 16 јули 2012.
  55. Меклири, Џон (16 јули 2012). „Федриго победи на етапата 15“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 16 јули 2012.
  56. Williams, Richard (16 јули 2012). „Bradley Wiggins safe in Team Sky's dark embrace“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 16 јули 2012.
  57. Абрахам, Ричард (16 јули 2012). „Fedrigo wins Tour stage 15 on day off for peloton“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 16 јули 2012.
  58. „Етапа 16: По-Бањер-де-Лишон“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  59. 59,0 59,1 59,2 59,3 Аткинс, Бен (18 јули 2012). „Тома Веклер ја повторил историјата во Бањер-де-Лишон по бегството на етапата 16“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 19 јули 2012.
  60. „Frank Schleck's test hangs over Tour“. ESPN.com. ESPN. Associated Press. 17 јули 2012. Посетено на 19 јули 2012.
  61. „18 јули, Етапа 16: По-Бањер-де-Лишон 197 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 јуни 2012. Посетено на 29 јуни 2012.
  62. „Планински премини & ридови: Етапа 16“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 29 јуни 2012.
  63. 63,0 63,1 63,2 63,3 Химас, Петер (18 јули 2012). „Веклер сам до втора етапна победа на Тур“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  64. Худ, Ендру (18 јули 2012). „Tour Notebook Stage 16: Voeckler rides four races to KOM jersey“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 19 јули 2012.
  65. Рајан, Бери (18 јули 2012). „Нибали не можел да го скрши дуополот на Скај на Пересуар“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  66. Браун, Грегор (18 јули 2012). „Фрум: Нападите на Нибали не одеа никаде“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  67. Бул, Ник (18 јули 2012). „Веклер е крал на Пиринеите со победата во Бањер-де-Лишон“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  68. Кренер, Хедвиг (18 јули 2012). „Voeckler "very proud" of climbing feat“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  69. Рајан, Бери (18 јули 2012). „Еванс ги загуби надежите за Тур на Пиринеите“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  70. Јост, Вајт (18 јули 2012). „Анализи: Етапа 16 Победници и губитници“. Bicycling. Rodale, Inc. Посетено на 19 јули 2012.
  71. „Етапа 17: Бањер-де-Лишон-Пејрагудс“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  72. „19 јули, Етапа 17: Бањер-де-Лишон-Пејрагудс 143,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 јуни 2012. Посетено на 29 јуни 2012.
  73. 73,0 73,1 73,2 73,3 Химас, Петер (19 јули 2012). „Валверде победи на последната планинска етапа“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  74. 74,0 74,1 74,2 74,3 Аткинс, Бен (19 јули 2012). „Алехандро Валверде сам се искачи на Пејрагудс за победа не етапата 17“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 19 јули 2012.
  75. „Алехандро Валверде ги искористи мозокот, нозете и волјата за победа на етапата 17 на Тур де Франс 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 19 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на 19 јули 2012.
  76. „Валверде победи на 17. етапа на Тур де Франс“. Sportsnet. Rogers Media. Associated Press. 19 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 19 јули 2012.
  77. „Валверде победил сам додека Вигинс се зацврсти во жолтото“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 19 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на 19 јули 2012.
  78. 'Можеби го освоив Тур денес,' вели Бредли Вигинс“. The Guardian. Guardian Media Group. Press Association. 19 јули 2012. Посетено на 19 јули 2012.
  79. „Unruffled by attacks on final mountain stage, Bradley Wiggins finally dares to believe he's won“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Agence France-Presse. 19 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на 19 јули 2012.
  80. Абрахам, Ричард (19 јули 2012). „Вигинс чекор поблиску до Париз, додека Валверде освои етапа на Тур де Франс“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  81. Рајан, Бери (19 јули 2012). „Wiggins has all but locked up Tour victory“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  82. Kröner, Hedwig (19 јули 2012). „Valverde takes emotional Tour de France come-back win“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 јули 2012.
  83. „Етапа 18: Блањак-Брив-ла-Гајар“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  84. „20 јули, Етапа 18: Блањак-Брив-ла-Гајар 222,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 јуни 2012. Посетено на 29 јуни 2012.
  85. 85,0 85,1 85,2 85,3 Аткинс, Бен (20 јули 2012). „Марк Кевендиш се изедначи со Андре Дарижад на етапата 18“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 21 јули 2012.
  86. 86,0 86,1 86,2 86,3 86,4 Бенсон, Даниел (20 јули 2012). „Кевендиш спринтал до победа на етапата 18 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 21 јули 2012.
  87. „Gilbert barking mad after run-in with dog“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 јули 2012. Посетено на 21 јули 2012.
  88. „Stray dog leaves injured Philippe Gilbert worried about Olympic hopes“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 20 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-25. Посетено на 21 јули 2012.
  89. „Vinokourov misses out on stage win, gets most aggressive rider award on stage 18“. VeloNation. VeloNation LLC. 20 јули 2012. Посетено на 21 јули 2012.
  90. Кренер, Хедвиг (20 јули 2012). „Кевендиш ја зел својата 22. етапна победа на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 21 јули 2012.
  91. „Mark Cavendish storms to 22nd stage win“. BBC Sport. BBC. 20 јули 2012. Посетено на 21 јули 2012.
  92. Галагер, Брендан (20 јули 2012). „Марк Кевендиш победил на етапата 18 во спринтерска завршница, додека Бредли Вигинс ја задржал жолтата маичка“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 21 јули 2012.
  93. McGrath, Andy (20 јули 2012). „Cavendish wins Tour stage 18 with irresistible sprint“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 21 јули 2012.
  94. „Етапа 19: Бонвал-Шартр“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  95. „21 јули, Етапа 19: Бонвал-Шартр (ITT) 53,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 јуни 2012. Посетено на 29 јуни 2012.
  96. „The Spin – Stage 19“. The Inner Ring. Blogspot. 20 јули 2012. Посетено на 22 јули 2012.
  97. Јост, Вајт (20 јули 2012). „Преглед на хронометарот на етапа 19“. Bicycling. Rodale, Inc. Посетено на 22 јули 2012.
  98. „Почетен редослед на етапата 19 на Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 21 јули 2012. Посетено на 22 јули 2012.
  99. 99,0 99,1 99,2 99,3 Аткинс, Бен (21 јули 2012). „Бредли Вигинс ја потврди вкупната победа со вториот триум на хронометарот“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 јули 2012.
  100. 100,0 100,1 100,2 100,3 Косинс, Питер (21 јули 2012). „Вигинс го освоил последниот хронометар на Тур во Шартр“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 јули 2012.
  101. „Sanchez ahead early on“. Orange. France Télécom. 21 јули 2012. Посетено на 22 јули 2012.[мртва врска]
  102. Abraham, Richard (21 јули 2012). „Wiggins wins time-trial to claim Tour de France“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 22 јули 2012.
  103. „Тиџеј ван Гардерен оддава почит за жртвите“. ESPN.com. ESPN. Associated Press. 21 јули 2012. Посетено на 22 јули 2012.
  104. „Brad masterclass seals victory“. Тим Скај. BSkyB. 21 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2014-08-20. Посетено на 22 јули 2012.
  105. „Zubeldia moves into sixth place overall“. РадиоШек-Нисан. Leopard SA. 21 јули 2012. Посетено на 22 јули 2012.
  106. „Етапа 20: Рамбулје-Париз Шанзелизе“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Посетено на 28 јуни 2012.
  107. „22 јули, Етапа 20: Рамбулје-Париз Шанзелизе 120 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 јуни 2012. Посетено на 29 јуни 2012.
  108. 108,0 108,1 108,2 Вестемајер, Сузан (22 јули 2012). „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 јули 2012.
  109. 109,0 109,1 109,2 Аткинс, Бен (22 јули 2012). „Марк Кевендиш го стави британскиот печат на победата на Бредли Вигинс“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 22 јули 2012.
  110. Вин, Најџел (22 јули 2012). „Бредли Вигинс го освоил Тур де Франс 2012, додека Кевендиш последната етапа“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 22 јули 2012.
  111. 111,0 111,1 Brown, Gregor (22 јули 2012). „Cavendish caps Sky's successful Tour with 'incredible' win in Paris“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 22 јули 2012.
  112. „Bradley Wiggins wins Tour de France title“. BBC Sport. BBC. 22 јули 2012. Посетено на 22 јули 2012.