Санди Казар

француски велосипедист

Санди Казар (француски: Sandy Casar, р. 2 февруари 1979 во Мант ла Жоли) — поранешен француски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2000 и 2013 година, цело време со екипата Франсес де же.[1] Негови најголеми достигнувања биле трите етапи на Тур де Франс, како и освојувањето на трките Рут ду Суд во 2005 и Париз-Камемберт во 2011 година.

Санди Казар
Лични податоци
Цело имеСанди Казар
Роден2 февруари 1979(1979-02-02)(45 г.)
Мант ла Жоли, Франција
Висина1,77 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубповлечен
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за бегства
Професионални клубови
2000–2013 Франсес де же
Значајни победи
Тур де Франс, 3 етапи
Рут ду Суд (2005)
Париз-Камемберт (2011)

Кариера уреди

Касар станал професионалец во 2000 година откако возел за Жан Флош-Мант како аматер. Талентот на Касар бил откриен на Париз-Ница 2002, кога завршил на второто место на 23 години. Завршил како 13. на Џиро д’Италија 2003, пред искачувачот Марко Пантани. Првата победа му била на етапа на Тур де Свис 2003. Потоа, завршил на 16. место на Тур де Франс 2004 и на 6. место на Џиро д’Италија 2006, 25 минути зад победникот Иван Басо. Касар исто така победил на Рут ду Суд во 2005 година.

На 27 јули 2007 ја освоил првата етапа на Тур де Франс, победувајќи ги Лорен Лефевр, Аксел Меркс и Михаел Богерд во спринтот по падот поради куче претходно на етапата. Завршил на 14. место на Тур де Франс 2008.

Во 2009, Касар завршил втор на 16. етапа на Тур де Франс 2009. Етапата 16 била првично освоена од Микел Астарлоса, меѓутоа, Астарлоса бил позитивен по трката на ЕПО.[2] Организаторите му ја одзеле етапната победа и му ја доделиле на Касар.[3] Подоцна, Касар завршил на 11. место во генералниот пласман.

Во 2010, Касар ја освоил деветтата етапа на Тур де Франс 2010, откако бил дел од долгото бегство, кое преминало преку бројни категоризирани искачувања, вклучувајќи го Кол де ла Мадлен. Бегството останало на само четири члена на спустот по искачувањето и било достигнато во последниот километар од Енди Шлек и Алберто Контадор, кои се одвоиле од главната група на Мадлен. Касар го освоил нагорниот спринт за престижна победа на една од најтешките етапи на тој Тур.[4] Во 2011 го освоил класикот Париз-Камемберт, повторно како член на долго бегствот. Се обидел да избега на искачувањето близу крајот, но бил достигнат од четворица возачи. Сепак успеал да ги претекне во спринтот, освојувајќи ја победата на патиштата на неговата младост.[5]

На 6 септември 2013, Касар објавил дека се повлекува од велосипедизмот.[6][7]

Достигнувања уреди

2000
5. Краен пласман Тур Даун Андер
2001
7. Трофе де Гримперс
8. Тур ду Хаут Вар
2002
1. Етапа 4 Сиркут Франко-Белж
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Пласман за млад возач
3. Париз-Камемберг за млади
10. Трофе де Гримперс
2003
1. Етапа 4 Тур де Свис
2. ГП Ле Телеграм
4. Париз-Камемберт за млади
7. Рут Адели
2004
1. Етапа 2 Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
2. Краен пласман Рут ду Суд
3. Дуо Норман (со Карлоз да Круз)
4. Париз-Камемберт за млади
8. Краен пласман Тур ду Лангдок-Русијон
8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2005
1. Краен пласман Рут ду Суд
3. Париз-Камемберт за млади
5. ГП д’Увертир ла Марселеза
6. Краен пласман ГП Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис
2006
5. Краен пласман Рут ду Суд
6. Краен пласман Џиро д’Италија
2007
1. Етапа 18 Тур де Франс
2008
3. Полинорманд
6. Краен пласман Тур де Романди
8. Краен пласман Трка околу Баскија
2009
1. Етапа 16 Тур де Франс
2010
1. Етапа 9 Тур де Франс
6. Краен пласман Трка околу Баскија
2011
1. Париз-Камемберт
3. Тур ду Финистер
5. Краен пласман Рут ду Суд
2012
4. Краен пласман Трка околу Оман

Распоред на резултатите на Гранд Тур уреди

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
  Џиро 13 81 6 25 СО
  Тур 83 111 16 29 69 71 13 10 25 27 22
  Вуелта 19 СО

Наводи уреди

  1. „ФДЖ – ФРА“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 6 јануари 2013.
  2. „Астарлоса позитивен на ЕПО“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2009-08-03. Посетено на 6 јули 2009.
  3. Augendre, Jacques (2010). „Guide Historique, Part 4“ (PDF) (француски). Amaury Sport Organisation. Посетено на 7 септември 2010.
  4. „Санди Казар победи на деветтата етапа“. RoadCC. 2011 ROADCYCLING.COM. 13 јули 2010. Посетено на 28 ноември 2012.
  5. Бјорн Хаке (13 април 2011). „Касар победи на Париз-Камемберт“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 28 ноември 2012.
  6. „Cyclisme: Sandy Casar dit stop“. Reuters France. 6 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 2014-03-09.
  7. „Санди Казар се повлекува“. Cyclingnews. 6 септември 2013.

Надворешни врски уреди