Адам Хансен

австралиски велосипедист

Адам Хансен (англиски: Adam Hansen; р. 11 мај 1981) — австралиски ајронмен триатлонец и поранешен професионален друмски велосипедист,[1] кој возел професионално во периодот 2007-2020 за екипите Тим ХТЦ-Колумбија и Лото-Судал.

Адам Хансен
Лични податоци
Цело имеАдам Хансен
ПрекарКрок Мен, Лампи
Роден11 мај 1981(1981-05-11)(43 г.)
Саутпорт, Квинсленд, Австралија Австралија
Висина1,83 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и планински велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за бегства
Аматерски клубови
2003
2004
2005
2006
Арбу Мерида
Коратек Австрија
ЕЛК Хаус
Ароспорт Кроне Линц
Професионални клубови
2007–2010
2011–2020
2022-
Т-Мобајл Тим
Омега Парма-Лото
ВСА КТМ Грац
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2013)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2014)

Етапна трка

Стер Електротур (2010)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2008)

Кариера

уреди

Хансен станал професионалец во 2007 година, работејќи со доктор Лотар Хајнрих на Фрајбуршкиот универзитет.[2] Во 2012 година, Хансен станал втор Австралиец кој завршил на сите големи тркиЏиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања — во една календарска година. Тој бил единствениот возач кој успеал во овој подвиг во 2012 и 32. во велосипедската историја.[3] По етапата 12 на Џиро открил дека има скршена градна коска пред околу две недели, меѓутоа бидејќи заздравувала одлучил да продолжи да вози.[4] На Џиро бил слободен, додека на Тур морал да работи за Андре Грајпел (како предводник за спринтовите) и за Јирген ван ден Брук (да достигне добро место во генералниот пласман).[4]

Во 2013, Хансен рано се вдал во бегство на седмата етапа на Џиро д’Италија, етапа со бројни кратки и стрмни искачувања. Хансен се одвоил од другите членови на бегство и победил сам во Пескара во услови на пороен дожд со предност од над една минута во однос на групата зад него.[5] На етапата 19 на Вуелта а Еспања 2014, Хансен ја нападнал главната група на 4 километри пред целта и ја издржал неорганизираната потера за соло-победа.[6] Завршувајќи го Вуелта а Еспања 2015, негова тринаесетта голема трка по ред, со што го срушил 57-годишниот рекорд на Бернардо Руис за завршени последователни големи трки.[7] Со завршување на Џиро д’Италија 2018, го срушил својот сопствен рекорд со што станал единствен возач кој завршил 20 последователни големи трки.[8][9] Низата завршила на 20, откако Хансен не учествувал на Тур де Франс 2018.[10]

Како инженер, Хансен си ги создал своите патики и возел со нив на бројни трки. Исто така, напишал софтвер за неговата екипа Лото-Судал, кој управува со нивната логистика.[11]

Откако Лото-Судал одлучил да не му го продолжи договорот на Хансен на крајот на 2020 година, во октомври истата година објавил дека ќе стави фокус на ајронмен триатлон во 2021 година, откако претходно настапил на Ајронмен Флорида во 2019 година.[12][13] Ја завршил својата кариера во Светската турнеја откако завршил 26 големи трки од 29. трки кои ги започнал.

Во 2022 година, Хансен потпишал за австриската континентална екипа ВСА КТМ Грац.

Личен живот

уреди

Живее во Фридлант на Остравице, Чешка од 2005 година.[14]

Хансен е веган.[15]

Достигнувања

уреди
2004
1. Краен пласман Трофеј Крокодил
1. Трка околу Градиште
1. ГП Дојчландсберг
2005
1. Краен пласман Трофеј Крокодил
1. Вин-Ласницхее
2006
1. ГП Брадло
1. Лавантталер Радшпортаге
2. Залцкамергут Џиро
2. Џиро дел Мендрисиото
2. Национално друмско првенство
10. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија
2007
6. Ле Самин
2008
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
2. Друмска трка
2. Хел ван хет Мергеланд
2009
3. Национално друмско првенство
2010
1. Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 4
2012
4. Национално друмско првенство
2013
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
2014
1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Тур Даун Андер
1.   Планински пласман
9. Краен пласман Трка околу Турција
2015
9. Краен пласман Трка околу Турција
2016
5. Краен пласман Трка околу Турција
  Награда за борбеност на етапа 2 Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големи трки

уреди
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
  Џиро СО 108 СО 94 72 73 77 68 93 60 68 117
  Тур 108 СО 81 72 64 114 100 113
  Вуелта 89 94 129 123 60 53 55 110 95

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Been, José (5 October 2020). „Adam Hansen on his move to Ironman: 'I just can't wait for this new chapter'. CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Посетено на 3 January 2021.
  2. „Adam Hansen, T-Mobile's "techno geek". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 14 February 2007. Посетено на 3 January 2019.
  3. „Хансен продолжи со возење по завршувањето на сите Гранд Тур трки оваа сезона“. velonation.com. 10 септември 2012.
  4. 4,0 4,1 Birnie, L. (2012). The Grand Slam. In E. Bacon & L. Birnie (Eds.), The Cycling Anthology Volume One (pp. 148-161). London: Yellow Jersey Press.
  5. „Етапа 7 на Џиро д'Италија: Адам Хансен победи во Пескара“. Cyclingnews. Future plc. 10 мај 2013. Посетено на 10 мај 2013.
  6. „Hansen slips away to win in Cangas do Morrazo“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 September 2014. Посетено на 12 September 2014.
  7. „Vuelta a Espana: Hansen attains his Grand Tour record in Madrid“. Cyclingnews.com. 13 September 2015. Посетено на 13 September 2015.
  8. „Aussie cyclist has an incredible streak going that we may never see again“. Business Insider (англиски). Посетено на 31 May 2017.
  9. Robertshaw, Henry (10 August 2017). „Adam Hansen thanks fans for inspiring him to take on 19th consecutive Grand Tour at Vuelta a España“. cyclingweekly.com. Посетено на 18 October 2017.
  10. „Adam Hansen brings record Grand Tour run to an end at Giro d'Italia“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 29 May 2018. Посетено на 30 December 2019.
  11. „Adam Hansen: New target for Grand Tour record“. cyclingtips.com.au. 27 April 2015. Посетено на 10 July 2015.
  12. Benson, Daniel (2 October 2020). „Adam Hansen to focus on Ironman in 2021“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 October 2020.
  13. Ostanek, Daniel (29 September 2020). „All change at Lotto Soudal as 10 riders informed their contracts won't be renewed“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 October 2020.
  14. „Cyklista Hansen, dělník Tour, se usadil v Beskydech“. 24 September 2008.
  15. "We speak to the vegan Grand Tour cyclist who makes his own salad dressings on the road". gq-magazine.co.uk. Retrieved 31 March 2022.

Надворешни врски

уреди