Лауренс тен Дам
Лауренс тен Дам (холандски: Laurens ten Dam; р. 13 ноември 1980) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[2]
Тен Дам на Тур де Франс 2011 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Лауренс тен Дам |
Роден | 13 ноември 1980 Бедум, Холандија |
Висина | 1,84 м[1] |
Маса | 67 кг[1] |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Интермарше-Сиркус-Ванти |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | универзален возач |
Професионални клубови | |
2002–2003 2004 2005 2006–2007 2008–2015 2016-2018 2019- | Рабобанк ГС3 Банкгиролотереј Шимано-Мемори Корп. Унибет.com Рабобанк Џајант-Алпецин Ванти-Гобер |
Последна промена 26 мај 2019 |
Кариера
уредиТен Дам започнал со професионално возење од 2002. Добар искачувач, Тен Дам може да заврши во првите десет на многу трки, вклучувајќи ја Волта а Каталуња во 2007, Тур Даун Андер, Трката околу Калифорнија и Тур де Свис во 2011. Исто така го освоил планинскиот пласман на Тур де Романди во 2009.
Во 2012, Тен Дам завршил осми на Вуелта а Еспања, негов најдобар пласман на некоја голема трка.[3]
На Тур де Франс 2013, Тен Дам имал извонредни две недели, сместувајќи се на петтото место во генералниот пласман, додека неговиот сонародник и колега, Бауке Молема, бил на второто место. Меѓутоа во последната недела, Тен Дам опаднал со формата и не можел да се задржи во првите десет во генералниот пласман, поради што на крајот завршил на 13. место.[4]
На Тур де Франс 2014, Тен Дам бил избран да ја предводи екипата Белкин со Бауке Молема. Низ Возегите, на деветтата и десеттата етапа, Тен Дам веќе доцнел скоро осум минути зад предводникот на трката, Винченцо Нибали, поради што му го препуштил водството на Молема. Формата на Тен Дам слабо се подобрувала како трката одела кон Алпите, завршувајќи осми на етапите 13 и 14. Со подобрата форма и на Пиринеите, Тен Дам успеал да заврши помеѓу првите десет во Париз, односно на деветтото место.[5]
Во октомври 2015 година било објавено дека Тен Дам ќе се приклучи на Џајант-Алпецин со едногодишен договор за 2016 година, откако поминал осум години со Лото НЛ-Џамбо, комбинирајќи настапи во САД и трки во Европа и поддршка на Варан Баргиј и Том Димулен преку неговите вештини за искачување и тактичко знаење.[6]
Достигнувања
уреди- 2006
- 1. Планински пласман Стер Електротур
- 2. Етапа Курс де ла Солидарите Олимпик (ITT)
- 2007
- 8. Краен пласман Трка околу Германија
- 9. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2008
- 1. Етапа 1 Критериум Интернационал
- 2009
- 1. Планински пласман Тур де Романди
- 2011
- 5. Краен пласман Тур Даун Андер
- 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 8. Краен пласман Тур де Свис
- 2012
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2013
- 3. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 8. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 2014
- 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 9. Краен пласман Тур де Франс
- 2016
- 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 28 | — | — | — | — | — | — | — | 34 | 35 | СО |
Тур | 21 | 60 | — | 58 | 28 | 13 | 9 | 92 | 73 | 67 | 51 | |
Вуелта | — | — | СО | — | 8 | СО | 44 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Лауренс тен Дам“.
- ↑ Ferri, Marco (24 декември 2018). „CCC Team, Riccardo Zoidl prende il posto di Denifl e completa il roster“ [CCC Team, Riccardo Zoidl takes the place of Denifl and completes the roster]. SpazioCiclismo (италијански). Gravatar. Посетено на 2 јануари 2019.
- ↑ „Alberto Contador wins second Vuelta a Espana title“. BBC Sport. BBC. 9 септември 2012. Посетено на 29 април 2015.
- ↑ Даниел Бенсон (22 јули 2013). „Kittel wins on the Champs-Elysees“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 29 април 2015.
- ↑ „Overall individual time classification“. Le Tour. Amaury Sport Organisation. 27 јули 2014. Посетено на 29 април 2015.
- ↑ „Laurens ten Dam signs for Giant-Alpecin“. Cyclingnews.com. 7 октомври 2015. Посетено на 7 октомври 2015.
Надворешни врски
уреди„Лауренс тен Дам“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Лауренс тен Дам“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Лауренс тен Дам“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Лауренс тен Дам“. ProCycling.