Јурген ван ден Брук
Јурген ван ден Брук (холандски: Jurgen Van Den Broeck; р. 1 февруари 1983 во Херенталс) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2017.[2]
Ван ден Брук на Критериум ду Дофине 2011 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Јурген ван ден Брук | ||||||||||||||
Прекар | VDBke, JVDB, VDB2 | ||||||||||||||
Роден | 1 февруари 1983 Херенталс, Белгија | ||||||||||||||
Висина | 1,83 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 68 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за планини | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2004–2006 2006–2015 2016 2017 | Дискавери Канал Давитамон-Лото Катјуша Лото НЛ-Џамбо | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
|
Бил насочен кон хронометри, станувајќи светски јуниорски првак во хронометар во 2001. Формата најпрвин прикажана на помалите етапни трка, како што се Тур де Романди и Енеко Тур, подоцна била потврдена и со завршувањето во првите десет возачи на сите три Гранд Тур трки: Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања.
Велосипедска кариера
уредиРана кариера
уредиВан ден Брук го освоил светското јуниорско првенство во хронометар во 2001 и го направил неговото прво деби како професионалец во 2003 како практикант за екипата Квик Степ-Давитамон-Латексо.
УС Постал/Дискавери: 2004-2006
уредиМеѓутоа, наместо да остане во Белгија, тој потпишал со американската екипа Американска пошта п/б Бери Флор на Ленс Армстронг за неговата прва целосна сезона како професионалец во 2004. Неговиот единствен забележан резултат таа година било шестото место во крајниот пласман на Трката околу Белгија.
Ван ден Брук останал со екипата на Јохан Брујнел во 2005, кога Дискавери Ченел го презел спонзорството и продолжил со Американците во 2006, откако Армстронг се пензионирал. Во текот на тој период, тој завршил на подиум во етапи на Трката околу Германија и Трката околу Белгија (каде исто така го освоил и планинскиот пласман) и влегол во првите 20 возачи во генералниот пласман на Тур де Романди. Меѓутоа, во јуни, Ван ден Брук ја објавил намерата дека сака да се врати во Белгија, кога се согласил со двегодишен договор со тогашната екипа Давитамон, која подоцна била преименувана како Предиктор-Лото во 2007. Следниот месец Ван ден Брук ја забележал неговата прва победа како професионалец, освојувајќи ја Шрик-Дерни во Белгија пред Ервин Вервекен и идниот велокрос светски првак Нилс Албер.[3] (Претходни победници биле Ник Нијенс, Дејв Брулантс, Жо Планкерт и Свен Нис).[4]
Предиктор-Лото (2007–2015)
уреди2007–2008
уредиСо само 24 години, Ван ден Брук успеал да заврши во првите 10 возачи во генералниот пласман на Енеко Тур 2007 со неговата нова екипа, иако тој исто така го освоил и бронзениот медал на белгиското национално хронометарско првенство.[5] По завршувањето на неговиот прв Гранд Тур на анонимното 74-то место на Џиро д‘Италиа 2007, Ван ден Брук конечно покажува дека има талент како етапен тркач, кога се враќа следната година во Италија и доаѓа до седмото место во генералниот пласман на Џиро д‘Италиа 2008.
2009
уредиПокажувајќи извонредна форма на Тур де Франс 2009, Ван ден Брук се искачувал со водачите низ Алпите. И иако тој имал страшна несреќа на четвртата етапа и загубил повеќе од шест минути, неговата постојаност го довела до 15-то место во генералниот пласман и на деветто место во пласманот за точкестата маичка. Бидејќи резултати дошле на крајот на договорот на Сајленс-Лото со Кедел Еванс, белгиската екипа решила дека Ван ден Брук е доволно способен и сигурен да стане нивниот водач за генерален пласман.
2010-2011
уредиТака, следната сезона тој вози за важното и сè уште изненадувачко петто место на Тур де Франс 2010, станувајќи првиот Белгиец во првите пет возачи од Клод Крикелион во 1986. По Тур де Франс, Ван ден Брук освоил два критериуми: еден во Пер и другиот во неговиот роден град Херенталс.
На Тур де Франс 2011, по поттикнувачката прва недела и целта за подиум во генералниот пласман, Ван ден Брук ја напуштил трката заедно со другата надеж за генерален пласман, Александар Винокуров, по масовната и спектакуларна спуст-несреќа, која му нанела пневмоторакс, скршени ребра и фрактура на рамото.[6] Меѓутоа, Ван ден Брук не се заплашил и се повратил од неговите повреди на време за да учествува на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил осми во генералниот пласман.
2012-2015
уредиВо 2012, Ван ден Брук завршил трет на Волта а Каталуња и петти на Критериум ду Дофине, покажувајќи добра форма за претстоечкиот Тур де Франс. На етапата 7 на Тур де Франс, Ван ден Брук изгубил над две минути откако се здобил со пукање на гумата. Меѓутоа, Ван ден Брук потоа ја покажал неговата одлична форма на планините и се сместил на четвртото место во генералниот пласман на крајот на трката.
Во 2013, Ван ден Брук го напуштил Тур де Франс 2013 по падот на петтата етапа.
Во 2015 година завршил дванаесетти на Џиро д’Италија. Во јуни го освоил националното хронометарско првенство по првпат во својата кариера.[7]
Тим Катјуша (2016)
уредиВо септември Катјуша објавиле дека Ван ден Брук ќе им се приклучи за 2016 година, по девет сезони со Лото.[8]
ЛотоНЛ-Џамбо (2017)
уредиПо една сезона со Катјуша, Лото НЛ-Џамбо потпишала со Ван ден Брук двегодишен договор.[9] Во мај било објавено дека Ван ден Брук ќе се повлече на крајот од сезоната 2017.[2]
Достигнувања
уреди- 2001
- Светски јуниорски хронометарски првак
- 2002
- 1. Краен пласман Трка околу Лимбург
- 2003
- 1. Зелик-Галмарден
- 2. ГП Истра 1
- 2. ГП Крка
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2004
- 5. Краен пласман Редландс Класик
- 6. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2005
- 8. Краен пласман Енеко Тур
- 2006
- 8. Курне-Брисел-Курне
- 2007
- 3. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Енеко Тур
- 2008
- 7. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2009
- 1. Критериум Херенталс
- 4. Краен пласман Енеко Тур
- 2010
- 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 4. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 4. Краен пласман Тур де Франс
- 10. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2011
- 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 4. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 1. Етапа 1 Критериум ду Дофине
- 8. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2012
- 3. Краен пласман Волта а Каталуња
- 4. Краен пласман Тур де Франс
- 4. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 5. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 10. Краен пласман Флеш Валон
- 2013
- 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 5. Краен пласман Тур де Сан Луис
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 9. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2014
- 3. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 2015
- 1. Национално хронометарско првенство
- 2016
- 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 74 | 7 | — | — | — | — | — | — | 12 | — | 91 |
Тур | — | — | 15 | 4 | СО | 4 | СО | 13 | — | СО | — |
Вуелта | — | — | — | — | 8 | СО | — | СО | СО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Јурген ван ден Брук“.
- ↑ 2,0 2,1 „Van den Broeck to retire at end of 2017 season“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 19 мај 2017. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ http://www.cyclingarchives.com/ritfiche.php?ritid=71805
- ↑ http://www.cyclingarchives.com/wedstrijdfiche.php?wedstrijdid=3453
- ↑ http://www.cyclingarchives.com/coureurfiche.php?coureurid=7415
- ↑ „Јурген ван ден Брук доживеа несреќа на Тур де Франс“. deredactie.be. Посетено на 2011-07-12.
- ↑ Кларк, Стјуарт (26 јуни 2015). „Nationals roundup: who are the new champions around the world?“. Cycling Weekly. Посетено на 27 јуни 2015.
- ↑ Кларк, Стјуарт (11 септември 2015). „Transfers: Van Den Broeck joins Katusha; Mezgec to Orica-GreenEdge“. Cycling Weekly. Посетено на 20 септември 2015.
- ↑ „Van den Broeck to join Team LottoNL-Jumbo on two-year deal“. Лото НЛ-Џамбо. Rabo Wielerploegen BV. 19 август 2016. Посетено на 4 јули 2017.
Надворешни врски
уреди„Јурген ван ден Брук“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- „Достигнувања на Јурген ван ден Брук“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Јурген ван ден Брук“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Јурген ван ден Брук“. ProCycling.
- Јурген ван ден Брук на Trap-Friis.dk