Јенс Фогт
Јенс Фогт (германски: Jens Voigt; р. 17 септември 1971 во Гревесмилен) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 1997-2014 година. Фогт е познат по неговата склоност за напаѓање и по неговата позитивност кон возењето. Способен е за последователни напади, одржувајќи високо темпо и одвојувајќи се од групата. Ја носел жолтата маичка на Тур де Франс двапати, иако никогаш не се борел за генералниот пласман поради неговиот недостиг на вештини во планините. Тој се смета за еден од најдобрите универзални возачи до денес. Во септември 2014 година поставил нов часовен рекорд пред да се повлече од велосипедизмот.[1][2][3] Рекордот бил срушен од Матијас Брендле на 30 октомври истата година.[4]
Фогт на Ентега Гран при 2007 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Јенс Фогт | ||
Роден | 17 септември 1971 Гревесмилен, Источна Германија | ||
Висина | 1,91 м | ||
Маса | 77 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
Берлин ТСК | |||
Професионални клубови | |||
1997 1998–2003 2004–2010 2011–2014 | Џајант-АИС Сајклинг Тим ГАН Тим ЦСЦ Леопард Трек | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 6 јануари 2015 |
Фогт е општо омилен меѓу велосипедските обожаватели, поради неговиот борбен возачки стил и неговиот пријатен, искрен и добро искажан стил во справувањето со јавноста и медиумите.[5][6] Течно говори француски и англиски јазик, покрај неговиот мајчин германски јазик.[7]
Личен живот
уредиВо хиерархијата на семејството, јас сум само над кучето. Но, јас го сакам тоа.
—Јенс Фогт[8]
Фогт и неговата сопруга Стефани имаат шест деца, најмладото од нив е родено во јануари 2011 година.[9] Живеат во Берлин, Германија.[10]
Животопис
уредиДетство и рана младост
уредиФогт е роден во Гревесмилен, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во некогашната Источна Германија, во истата покраина како и победникот на Тур де Франс Јан Улрих. Фогт бил охрабрен од неговите родители да учествува во спорт, откако често имал проблеми како младинец благодарение на неговата прекумерна енергија. Неговите рани резултати покажале дека имал голем потенцијал за издржливост и откако се приклучил на националната спортска школа на 14 години, започнал да тренира велосипедизам.[9]
Почеток на кариерата
уредиЈа освоил Мировната трка во 1994 година и се искачил на врвот на пласманот во „аматерскиот предизвик“ на UCI во декември 1994 година.[11] По четиригодишен престој во Германската армија, поголемиот дел од времето поминато во специјалната спортска единица,[9] започнал со професионален велосипедизам во 1997 година, освојувајќи трки за австралиската екипа Џајант-АИС Сајклинг Тим.
Во 1998 година, со поддршка на поранешниот спортски директор на АИС, Германецот Хајко Залцведел се преселил во француската екипа ГАН (која станала Кредит Агрикол) каде поминал пет години, постигнувајќи 20 победи, а помеѓу нив било и носењето еден ден на жолтата маичка на Тур де Франс 2001. Фогт му помогнал во победата на Јан Улрих за германската репрезентација на Олимпијадата 2000 година.
2004
уредиАко се одвоиш (со бег), можеш или да победиш или не. Ако не се одвоиш, дефинитивно нема да победиш.
—Јенс Фогт.[8]
Во 2004 година, Фогт му се приклучил на поранешниот колега од Кредит Агрикол Боби Џулич со префрлањето во Тим ЦСЦ, тогаш позната како Саксо Банк. Како специјалисти за темпо, биле силен двоец кој преовладувал на трката ЛуК Челинџ 2004 и 2005, хронометар на двајца.
Фогт возел на Тур де Франс 2004 за предводникот на Тим ЦСЦ Иван Басо. Фогт и колегата Јакоб Пил биле често во бегства, покривајќи го одвојувањето за ЦСЦ. На 15. етапа, Фогт бил во бегство откако Улрих нападнал на Кол де л’Ешарасон, оставајќи го предводникот на трката Ленс Армстронг и второпласираниот Басо. Бидејќи екипата на Армстрон не можела да го врати Улрих, на Фогт му било наредено да се врати назад и да му помогне на Басо во одбраната на второто место. Фогт го видел Улрих како го поминува чекајќи го неговиот предводник, пред самиот да ја достигне разликата до Улрих. Следниот ден бил хронометарот до Алп д’Ез со 900.000 гледачи на патот. Фогт бил опсипан од германските обожаватели нарекувајќи го Јуда поради неговите напори да ги униште шансите на сонародникот Улрих. Фогт го критикувал телевизискиот канал АРД за започнувањето лов на вештерки против него и истакнал дека тој е платен од Тим ЦСЦ, не Германија и дека благодарение на неговата помош, Улрих го освоил олимпискиот златен медал во 2000 година.[12]
2005
уредиНа почетокот на 2005 година, Фогт ја освоил Средоземната трка, пред колегите Френк Шлек (2. место) и Ники Серенсен (4. место). Фогт го освоил првиот настан од UCI ProTour, прологот на трката Париз-Ница 2005, на која победил Џулич. Фогт скоро го освоил класикот Лиеж-Бастон-Лиеж 2005, кога бил поразен на целта од Александар Винокуров, иако Фогт бил во бегство цело време.
Откако имал силен пласман на првата етапа на Тур де Франс 2005, Фогт доцнел зад предводникот на трката Армстронг само една минута и се обидел да го преземе водството. Преземал бројни напади и на 9. етапа, пред првиот ден за одмор, конечно успеал да се одвои и да стигне до целта. Завршил трет, 3 минути пред Армстронг. Меѓутоа, времето на Фогт во жолтата маичка било кратко, откако добил треска и не успеал да ја заврши етапата 11. Фогт ја завршил сезоната 2005 како 29. возач на поединечните пласман на UCI ProTour 2005.
2006
уредиСезоната 2006 започнала со побавно темпо за Фогт споредено со 2005 со цел да зачува енергија и да биде во положба да му помогне на Басо во неговата потера да победи на трките Џиро д’Италија 2006 и Тур де Франс 2006.[13] Негов единствен резултат до Џиро во мај бил нападот на петтата етапа на Трката околу Баскија, но морал да се помори со второто место зад етапниот победник Тома Веклер.
На Џиро д’Италија возел како поддршка на Басо. По победата на Тим ЦСЦ на екипниот хронометар на петтата етапа, Фогт се нашол на второто место, доцнејќи зад предводникот на трката Сергиј Гончар шест секунди. Во текот на првите планини, Фогт му помогнал на Басо да го преземе водството, додека тој паднал во пласманот и завршил на 37. место. На планинската етапа 19, Фогт и Џулич биле во бегство од 20 членови, но бидејќи Тим ЦСЦ ја предводела главната група како одбрана на првото место на Басо, Фогт и Џулич не работеле. До последното искачување, Фогт бил сам со шпанскиот возач Хуан Мануел Гарате, но бидејќи Фогт мислел дека не сработил доволно да ја заслужи победата, му допуштил на Гарате да победи.[14] Фогт конечно ја остварил својата прва победа во сезоната на Стер Електротур во јуни. Ја освоил четвртата етапа и му помогнал на колегата Курт Асле Арвесен да победи на трката, две недели пред Тур де Франс.
Деновите пред Тур, Басо бил суспендиран од Тим ЦСЦ откако неговото име се појавило во истрагата за допинг „Операција Пуерто“. Карлос Састре станал екипен предводник. Фогт ја преземал улогата на ран напаѓач и бил дел од неколку неуспешни бегства на неколку етапи. На етапата 13, најдолгата етапа на Тур 2006 со 231 километар, Фогт бил дел од петочлено бегство, кои завршиле 29 минути и 58 секунди пред главната група. На целта, Фогт го претекнал Оскар Переиро за своја втора етапна победа на Тур.[15] На етапата 15, Фогт му помогнал на Френк Шлек, влечејќи го во бегство со колегата Дејвид Забриски од САД, што на крајот му донело победа на Шлек. Фогт завршил на Тур 2006 на 53. место, помагајќи му на Састре да заврши на 4. место.
2007
уредиВо февруари 2007 година, Фогт ја освоил третата етапа на Трката околу Калифорнија, која имала бројни искачувања. Откако групата ги достигнала 17. бегалци, Леви Лајпхајмер од Дискавери Канал нападнал и само Крис Хорнер (Предиктор-Лото) и Фогт успеале да го следат. На крајот, Фогт преовладал во спринтот пред двајцата велосипедисти и му се доближил на само три секунди на Лајпхајмер во генералниот пласман благодарение на временските бонуси.[16] Успеал да се одржи на неговото второ место во генералниот пласман на следните четири етапи, завршувајќи 21 секунда зад победникот на трката, Лајпхајмер.[17] Во април остварил уште еден успех на Критериум Интернасионал, освојувајќи го генералниот пласман и втората етапа. Фогт нападнал на 25 километри пред целта и ја поминал целната линија сам, 48 секунди пред останатите.[18] Последната етапа на трката бил краток поединечен хронометар од 8,3 километри, кој бил возен попладнето истиот ден и Фогт изјавил дека дал сè од себе, но бил многу внимателен при кривините. Завршил седми, задржувајќи ја водечката маичка и ја освоил трката, додека Швеѓанецот Томас Левквист од Франсес де же го освоил второто место.[19] Друга поголема победа во сезоната 2007 била на Трката околу Германија, која ја освоил втора година по ред, а Леви Лајпхајмер го зазел второто место со разлика од 1'57", а Давид Лопес Гарсија од Кес д’Епарњ го заокружил подиумот. Фогт изјавил дека победата била потешка да се оствари од претходната година и дека дошла делумно како изненадување.[20]
2008
уредиЈенс Фогт ја започнал неговата сезона со учество на Париз-Ница и Трката околу Калифорнија, каде не постигнал големи лични резултати. Во март, Фогт го остварил четвртиот успех на кратката етапна трка Критериум Интернасионал, забележувајќи победа на втората етапа на трката.[21] Друг успех постигнал на етапата 18 на Џиро д’Италија. Бил дел од групата која се одвоила од главната група на шест километри по почетокот на трката. На 36 километри пред целта и шестминутно водство, Фогт го напуштил бегството и сам се упатил кон целта и победа во Варезе.[22] Во јуни бил на петтото место на националното друмско првенство и на шестото место на националното хронометарско првенство. Одиграл голема улога за неговата екипа на екипните успеси на Тур де Франс, заштитувајќи го предводникот Карлос Састре, кој ја освоил осумнаесеттата етапа на искачувањето Алп д’Ез.[23] Пред одлучувачката етапа, екипата се соочила со тројна закана откако предводниците за генералниот пласман се одвоиле, со браќата Шлек, кои сепак завршиле четврти и шести на оваа планинска етапа.[23] Састре победил на Тур,[24] а екипата ЦСЦ го освоила екипниот пласман.[25] Фогт бил избран да ја претставува Германија на Летните олимписки игри 2008 заедно со Фабијан Вегман, Гералд Чолек, Берт Грабш и Штефан Шумахер.[26] Учествувал на друмската трка, на која не успеал да заврши. Потоа учествувал на Трката околу Полска, освојувајќи поединечна етапа и помагајќи ѝ на екипата да го освои екипниот хронометар на трката.[27] Наведувајќи ја долгата и истоштувачка сезона, Фогт се откажал од учеството на Светското друмско првенство, одлука која неговата екипа ја поддржала.[28]
2009
уредиФогт ја започнал сезоната добро со победа на Критериум Интернасионал по петти пат во неговата кариера, изедначувајќи се со рекордот на Французинот Рајмон Пулидор, притоа освојувајќи етапна победа, како и бодовниот и планинскиот пласман.[29] Го напуштил Тур 2009 на 21 јули 2009 година како последица на страшен пад при спуст од Кол ду Пети Сен Бернар со групата на жолтата маичка во текот на шеснаесеттата етапа. Се здобил со фрактура на десната јаболчница и потрес на мозок.[30] Морал да пропуштил неколку трки за да се опорави од неговите повреди, вклучувајќи го Светското друмско првенство.[31] Не бил активен шест месеци и се вратил на Трката околу Мисури, каде бил одлично поздравен од велосипедските обожаватели.[32]
2010
уредиФогт ја започнал неговата последна сезона со менаџерот на екипата Бјарне Рис учествувајќи на Тур Даун Андер и на Вуелта а Мајорка. Својот прв резултат помеѓу првите десет во годината го имал на Вуелта а Андалусија, едно место зад подиумот, завршувајќи на четвртото место.[33] Во март, Фогт учествувал на Париз-Ница, каде завршил втор на прологот и ја зел жолтата маичка по третата етапа, која била скратена 53 километри поради снежни наноси.[34] Ја загубил маичката веќе наредниот ден од крајниот победник Алберто Контадор, но успеал да заврши петти во генералниот пласман откако второто место на Алехандро Валверде било поништено поради неговата вклученост во истрагата за допинг „Операција Пуерто“.[35][36] Потоа, Фогт се упатил на Волта а Каталуња, каде ја освоил четвртата етапа откако се одвоил од главната група и се приклучил на група од четворица возачи на последното искачување на етапата. На крајот останал само со Реин Тарамае и го освоил спринтот против возачот на Кофидис.[37] Во мај завршил на шестото место во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, благодарение на постојаните пласмани на ридестите етапи и завршувајќи петти на поединечниот хронометар одржан во Лос Анџелес.[38] Учествувал на Тур де Франс како помошник на неговите предводници, браќата Шлек. Фогт го преживеал падот на планинската етапа 16, каде паднал при спустот од Кол де Пересур, уништувајќи го неговиот велосипед. Откако се повратил, сфатил дека сите екипни возила го поминале и дека нема да може да добие нов велосипед. Очаен позајмил велосипед многу помал за него, од една група на деца кои ја следела трката.[39] Возел на него околу 15 километри пред да стигне до полицаец кој имал друг велосипед оставен за него од неговата екипа.[40] Неговиот колега Анди Шлек завршил на Тур на второто место, но подоцна му била доделена титулата откако првичниот победник Алберто Контадор се покажал позитивен на кленбутерол.[41]
2011
уредиСезоната 2011 му била првата во неговата кариера во која не забележал ниедна победа. Ѝ се приклучил на новосоздадената екипа Леопард Трек, следејќи ги браќата Шлек, Фабијан Канчелара и четворица други возачи кои дошле од неговата екипа од 2010 година, Тим Саксо Банк. Ким Андерсен бил создавачот на оваа нова екипа, и самиот тој поранешен менаџер на Саксо Банк.[42] Во пролетта учествувал на Париз-Ница, освојувајќи го шестото место на првата етапа,[43] а потоа му помагал на неговиот колега Френк Шлек да победи на Критериум Интернасионал. Во мај се здобил со фрактура на раката при пад на Трката околу Калифорнија, возејќи ја целата етапа со повреда пред докторите да ја откријат на рендген.[44] Закрепнал навреме за Тур де Франс, подготвен себеси да се жртвува и да ги стави настрана своите лични амбиции пред помошта за неговата предводници, браќата Шлек.[6] Одиграл огромна улога помагајќи му на двоецот да дојде до второто и третото место на подиумот зад возачот на Верандас Вилемс-Аксент Кедел Еванс.[45] Во август, Фогт учествувал на САД Про Сајклинг Челинџ и имал добри резултати, петто место на прологот и завршувајќи осми на поединечниот хронометар. Одреден да ја предводи својата екипа на Трката околу Британија, Фогт се здобил со втора скршена коска во истата година на трката, овој пат коска на прст. Повредата се случила при пад на првата етапа и морал да ја напушти трката. Опоравувањето течело бавно и траело скоро еден месец пред да заздрави потполно.[46]
2012
уредиВо 2012 година, Фогт бил најстариот возач во UCI World Tour екипите со 40 години кога започнала сезоната.[47] Тоа не го запрело да оди во долго бегство на шестата етапа на Париз-Ница. Откако отпаднале повеќемина возачи на бегството, Фогт на крајот бил поразен во спринт од Луис Леон Санчес од екипата Рабобанк.[48] Во април, Фогт учествувал на Трката околу Баскија, каде се случил необичен инцидент. Фогт се потпишал со задоцнување на почетокот на етапата, притоа имајќи вербална расправија со службеникот кој се пожалил за неговото доцнење. Бил казнет со 1.000 швајцарски франци за неговото лошо однесување како што било наведено во извештајот.[49] Подоцна, имал добри резултати на Трката околу Калифорнија, каде бил втор на петтата етапа, поединечен хронометар, 23 секунди зад Дејвид Забриски.[50] Исто така бил дел од бегства и често бил на темпо за групата. На Тур де Франс, завршил на третото место на десеттата етапа. Отпаднал на падините на Кол ду Гран Коломбје, но се вратил со четворица други возачи во завршниот спринт.[51] Во август, во текот на конференција за печатот пред Трката околу Јута, објавил дека ќе продолжи да се натпреварува во сезоната 2013.[52] Во истиот месец, Фогт ја освоил четвртата етапа на САД Про Сајклинг Челинџ. Нападнал уште во првата третина на етапата, а потоа продолжил сам и завршил скоро три минути пред останатите. Возел повеќе од 100 километри сам, освојувајќи ја една од најголемите победи во неговата кариера.[53]
2013
уредиВо мај на Трката околу Калифорнија, Фогт придонел да се подели главната група на половина на 55 километри до целта. 18 возачи останале пред групата додека Фогт не нападнал на 5 километри пред целта, победувајќи сам.[54] Дури и на 41-годишна возраст, нападнал на претпоследната етапа на Тур де Франс и ја освоил наградата за борбеност на денот пред да биде достигнат од главните фаворити, на само неколку километри пред последното искачување.[55]
2014
уредиФогт бил избран од Трек Фактори Рејсинг како дел од нивниот состав за Тур де Франс 2014, со што ја остварил 17. настап на Тур, израмнувајќи го рекордот на учества на Тур со Џорџ Хинкапи и Стјуарт О’Грејди.[56] Бил дел од бегството на првата етапа, освојувајќи ја наградата за борбеност за етапата и преземајќи го водството во планинскиот пласман.[57] Како знак на почит, групата му дозволила на Фогт да вози напрев во првиот круг околу Шанзелизе во Париз, а потоа следел спринт, во кој победил Марсел Кител.[58]
Фогт најавил пред САД Про Сајклинг Челинџ 2014 дека трката ќе биде последна во неговата кариера.[59] Скоро и да победил на петтата етапа благодарение на целодневното бегство. Бил достигнат од главната група на само 900 метри пред целта.[60] Пред последната етапа на трката, Фогт бил прашан во интервју за Outside Magazine: Американците исто така ја сакаат својата леснотија, фактот дека сакаш да заминеш од групата и да нападнеш. Каде ја наоѓаш силата? на што одговорил:
Часовен рекорд
уредиТоа е огромен предизвик за мене, како физички така и ментален. [...] Правевме некои дискретни тестови на велодромот во Рубе пред Дофине (велосипедска трка) и веруваме дека имам реална шанса
—Јенс Фогт[61]
На 3 септември 2014 година, Фогт објавил дека ќе се обиде да го сруши часовниот рекорд на UCI од 49,7 километри над Онджеј Сосенка. Обидот за рекорд се случил на 18 септември 2014 година на Велодром Свис во Гренхен.[62] Плановите на Јенс Фогт за рушење на рекордот се појавиле во јуни 2014 година и следеле по гласите за истиот на можното рушење на рекордот од страна на Фабијан Канчелара.[61] Со 43 години, Фогт морал да поработи на неговата положба на неговиот велосипед за да ја подобри својата аеродинамика. Велосипедот на кој возел Германецот бил откриен на 12 септември 2014 година.[63] Обидот се случил еден ден по неговиот 43. роденден и бил пренесуван во живо од страна на Eurosport и од каналот на UCI на Youtube.[64] Пред обидот, некои познати велосипедисти како Бредли Вигинс, Еди Меркс и Крис Бордман го изразиле своето мислење дека Фогт има реални шанси да го сруши рекордот од 49,7 км.[65][66]
Обидот за рекордот бил успешен. Пред публика од 1.600 лица,[2] Фогт извозил 51,115 километри на патеката за еден час соборувајќи го претходниот рекорд за 1,415 километри.[67][68] Претходниот рекорд го достигнал на 199. круг на велодромот, со останато време од една минута и 28 секунди.[69] Фогт користел изменета верзија на рамката Трек Спис Консепт (Trek Speed Concept), со двојни тркала и стандардни гуми. Исто така користел преден запченик од 54 заби и заден запченик од 14 заби. Фогт бил на велосипедот неколку пат пред настанот. Бил побрз на крајот на обидот, откако извозил некои кругови (250 метри) и под 17 секунди.[70] Фогт е најстариот возач кој некогаш го срушил рекордот.[71] Тој е исто така и прв Германец кој е носител на рекордот.[2] Претседател на UCI, Брајан Куксон, верувал дека овој настан може да биде почеток на низа други обиди од други велосипедисти, кои имаат добри настапи на хронометрите.[72]
Дадов сè во последните 20 минути. Знаев дека сè уште имам енергија, дека бев пред рекордот. Ја почувствував еуфоријата -- беа последните 20 минути од мојата спортска кариера.
—Јенс Фогт[1]
Поставувајќи го часовниот рекорд ја завршил 17-годишната кариера во која се проценува дека извозел 850.000 километри.[73] Рекордот на Фогт опстојал до 30 октомври 2014 година, кога бил соборен од австрискиот велосипедист Матијас Брендле.[74]
Погледи за допингот
уредиСпоред Фогт, никогаш не користел допинг и секогаш бил против тоа. На крајот на октомври 2012 година, Фогт напишал долга статија на блог обраќајќи се на немирот предизвикан од допинг-скандалот Ленс Армстронг-УСАДА и поврзувајќи го тоа со неговите лични искуства, изјавувајќи дека тој „никогаш не користел допинг“.[75] Фогт тврдел дека е невозможно за него да замисли дека може да биде сметан за корисник на допинг и измамник од неговите деца ако зел дрогу за зголемување на резултатите.[75]
Тајлер Хамилтон чувствувал дека Фогт претерал со неговата борба против допингот во есента 2012 година. Иако Американецот немал доказ, го обвинил Фогт дека се допингувал. Фогт реагирал изјавувајќи дека никогаш не чул за допинг додека бил во екипата ЦСЦ. Хамилтон ја почувствувал оваа изјава како „плукање во лице“ и „најсмешната работа што сум ја прочитал во живот“.[76][77][78][79]
Достигнувања
уреди- 1994
- 1. Краен пласман Мировна трка
- 1. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
- 1996
- 1. Краен пласман Трка околу Саксонија
- 1997
- 1. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
- 1. Етапа 5б
- 1. Пролог Трка околу Саксонија
- 2. Краен пласман Тур де Лангкави
- 3. Краен пласман Мировна трка
- 1998
- 1. Етапа 5а Трка околу Баскија
- 1. Бодовен пласман Пруденшал Тур
- 1999
- 1. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 1. Брајтлинг ГП
- 1. Етапа 3 Рут ду Суд
- 1. Дуо Норман (со Крис Бордман)
- 2000
- 1. ГП Шоле
- 1. Трка околу Баварија
- 2001
- 1. Краен пласман Трка околу Баварија
- 1. Етапа 2
- Тур де Франс
- 1. Етапа 4 (ТТТ)
- 1. Етапа 16
- 1. ГП де Насионс
- 1. Тур де Поату
- 1. Дуо Норман (со Џонатан Вотерс)
- Трка околу Полска
- 1. Етапа 7 Критериум ду Дофине Либере
- 1. Етапа 1 Рут ду Суд
- 2002
- Критериум Интернасионал
- 2003
- 1. Краен пласман Тур де Поату
- 1. Етапа 4
- 1. Париз-Бурж
- 1. Етапа 3 Критериум Интернасионал
- 2004
- 1. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Краен пласман Трка околу Баварија
- 1. ЛуК Челинџ
- 1. Етапа 4 Трка околу Данска
- 1. Етапа 5 Трка околу Баскија
- 2. Краен пласман Трка околу Германија
- 2005
- 1. Краен пласман Средоземна трка
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. ЛуК Челинџ
- 1. Етапа 3 Етоал де Бесеже
- 1. Пролог Париз-Ница
- 1. Етапа 5 Трка околу Баскија
- 1. Етапа 4 Трка околу Баварија
- 2. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2006
- 1. Краен пласман Трка околу Германија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 7 (ITT)
- 1. Трка околу Хајнлајте
- 1. Џиро Бохум
- 1. Етапа 13 Тур де Франс
- 1. Етапа 4 Стер Електротур
- 2007
- 1. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 1. Етапа 2
- 1. Краен пласман Трка околу Германија
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 4 Трка околу Баскија
- 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 3
- 2. Краен пласман Трка на три земји
- 3. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2008
- 1. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 1. Етапа 18 Џиро д’Италија
- 2009
- 1. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 1. Етапа 2
- 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 6. Краен пласман Париз-Ница
- 2010
- 1. Етапа 4 Волта а Каталуња
- 4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 5. Краен пласман Париз-Ница
- 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2012
- САД Про Сајклинг Челинџ
- 2013
- 1. Етапа 5 Трка околу Калифорнија
- 2014
- Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 1
- САД Про Сајклинг Челинџ
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 1998 | 1999 | 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | 37 | — | 53 | 48 | — | — | — | — | — |
Тур | 83 | 60 | 60 | 46 | 110 | СО | 35 | СО | 53 | 28 | 37 | СО | 126 | 67 | 52 | 67 | 108 |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
- СО = се откажал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Фогт постави нова часовна точка“. Cycling Central. SBS. 18 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-20. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Јенс Фогт го сруши часовниот рекорд на UCI во Гренхен“. Deutsche Welle. Deutsche Welle 2014. 18 септември 2014. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ „Фогт го сруши рекордот на еден час“. Македонски спорт. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 19 септември 2014.
- ↑ Спенсер Паулисон (31 октомври 2014). „Матијас Брендле го сруши часовниот рекорд на Фогт, извозувајќи 51,852 км“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 31 октомври 2014.
- ↑ „САД Про Сајклинг Челинџ: Јенс Фогт“. Архивирано од изворникот на 2014-11-13. Посетено на 2014-07-15.
- ↑ 6,0 6,1 Џеред Грубер (4 февруари 2012). „Јенс Фогт од Леопард Трек: „Ќе изгорам. Спремен сум да умрам за тебе на велосипед"“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ (француски)„Le geste de Jens Voigt dans l'Alpe d'Huez pour un enfant“. LastVideo.com (video) (француски). 2014 Last-Video.com. 19 јули 2013. Посетено на 21 септември 2014.
- ↑ 8,0 8,1 „Цитати на Јенс Фогт“. RadioshackNissanTrekFan. 2012 RadioshackNissanTrekFan.com. 31 јануари 2012. Посетено на 12 ноември 2012.[мртва врска]
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Бони Д. Форд (21 јули 2009). „Тур де Франс: Јенс Фогт силно ги осетил падовите и порастите на професионалниот велосипедизам“. Sports.espn.go.com. Посетено на 11 јули 2012.
- ↑ „Јенс Фогт“. Trek Factory Racing. Посетено на 22 септември 2014.
- ↑ Mogens Jacobsen, "Topplacering til verdensmester", Politiken, 2 декември 1994
- ↑ Фогт се брани, CyclingNews.com, 22 јули 2004
- ↑ Јенс Фогт верува во двојниот успех на Басо Архивирано на 20 август 2007 г., DailyPeloton.com, 29 април 2006
- ↑ Антони Тан и Тим Малони, Гарате го игра своето вертикално карате, CyclingNews.com, 26 мај 2006
- ↑ „Voigt Gives CSC Something To Savour!“. Тур де Франс. Amaury Sports Organization. 2006. Посетено на 5 мај 2012.
- ↑ Залевски, Марк; Кирстен Робинс (21 февруари 2007). „Voigt powers to second CSC win in as many days“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 мај 2012.
- ↑ „Конечен поредок 2007“. amgentourofcalifornia.com. Portent. Посетено на 9 мај 2012.
- ↑ Кене, Жан Франсоа (2 април 2007). „Уште едно шоу на Јенс Фогт“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 мај 2012.
- ↑ Шулц, Катарина (2 април 2007). „Фогт го освоил третиот Критериум Интернасионал“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 9 мај 2012.
- ↑ Вестемајер, Сузан (18 август 2007). „Чолек и Фогт повторно успеаја“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 5 мај 2012.
- ↑ „Јенс Фогт победи на Критериум Интернасионал“. Recovox. Blogger. 30 март 2008. Посетено на 4 ноември 2012.
- ↑ Грегор Браун (29 мај 2008). „Voigt conquers Worlds parcours for CSC win“. Cycling News. Посетено на 4 ноември 2012.
- ↑ 23,0 23,1 Стив Фаранд (23 јули 2008). „Тур де Франс 2008: Састре победи на Алп д'Ез, го презема водството“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 5 ноември 2012.
- ↑ Едвард Вајат (28 јули 2008). „Карлос Састре победи на Тур де Франс“. New York Times. The New York Times Company. Посетено на 5 ноември 2008.
- ↑ Тим Малони (27 јули 2008). „Састре & Тим ЦСЦ победија на 95. Тур де Франс“. RoadBikeAction. 2012 Hi-Torque Publications, Inc. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 5 ноември 2012.
- ↑ „Германци на Олимпијадата во Пекинг“. CyclingNews. Future Publishing Limited. 30 јуни 2008. Посетено на 13 април 2012.
- ↑ „Трка околу Полска Резултати - Етапа 6 и Краен пласман“. Bicycle.Net. BICYCLE.NET. 19 септември 2008. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 8 ноември 2012.
- ↑ „Нема светско за Фогт“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 август 2008. Посетено на 12 ноември 2012.
- ↑ „Voigt reflects on 2009 season, eager for 2010“. cyclingnews.com. 4 ноември 2009. Посетено на 24 април 2012.
- ↑ Ендру Худ, Фогт се опоравува во Гренобл Архивирано на 24 јули 2009 г., VeloNews, 21 јули 2009.
- ↑ Вестемајер, Сузан (31 јули 2009). „Фогт го прескокнува Светското првенство оваа година“. cyclingnews.com. Посетено на 24 април 2012.
- ↑ Фротингем, Стив (8 септември 2009). „In his racing return following a horrific Tour crash, Jens Voigt gets a warm welcome from Missouri fans“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 24 април 2012.
- ↑ „2010 Vuelta a Andalucia – Ruta Ciclista Del Sol (2.1), Spain“. BikeRaceInfo. 25 февруари 2010. Посетено на 12 ноември 2012.
- ↑ „Саган победи, Фогт во жолто“. Cycling News. Future Publishing Limited. 10 март 2010. Посетено на 16 декември 2012.
- ↑ „Алехандро Валверде доби двегодишна забрана“. The Telegraph. Telegraph Media Group Limited 2012. 31 мај 2010. Посетено на 16 декември 2012.
- ↑ „Резултати на Париз-Ница 2010“. Road Cycling. RoadCycling.co.nz Ltd. Посетено на 16 декември 2012.
- ↑ „Фогт победоносен во Аско“. Cycling News. Future Publishing Limited. 25 март 2010. Посетено на 16 декември 2012.
- ↑ „Конечни резултати на Трката околу Калифорнија 2010“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 23 мај 2010. Архивирано од изворникот на 2011-10-26. Посетено на 16 декември 2012.
- ↑ „Јенс Фогт: Позајмив детски велосипед за да стигнам“. WorldNews. WorldNews, Inc. 22 јули 2010. Посетено на 12 ноември 2012.
- ↑ Бјорн Хаке (21 јули 2010). „Јенс Фогт избегна откажување од Тур де Франс со помош од детски велосипед“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 ноември 2012.
- ↑ „Анди Шлек ја добил жолтата маичка на Тур де Франс по двегодишно чекање“. The Guardian. Guardian News and Media Limited. Associated Press. 29 мај 2012. Посетено на 12 ноември 2012.
- ↑ CS Blog: An open letter to Leopard Trek. Cyclesportmag.com (14 јануари 2011).
- ↑ Жан Франсоа Кене (6 март 2011). „Де Гент се одржа во Удан“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2013-03-07. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ „Фогт, Хушовд и Ларсон ја напуштија Трката околу Калифорнија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 мај 2011. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ „Браќата Шлек на подиум по првпат на Тур“. RoadBikeAction. Hi-Torque Publications, Inc. 23 јули 2011. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ Шејн Стоукс (4 ноември 2011). „Заздравил скршениот прст, Јенс Фогт мотивиран околу неговото враќање на тренирање“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ „Лампре најстара екипа во Светската турнеја, Ликвигас најмлада“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 јануари 2012. Посетено на 12 август 2012.
- ↑ „Paris – Nice 2012 : Etape 6, Résultat – Luis Leon Sanchez bat Jens Voigt au sprint, Wiggins toujours leader“. portailduvelo.fr (француски). 9 март 2012. Посетено на 12 август 2012.
- ↑ Ендру Худ (7 април 2012). „Јенс Фогт казнет 1.000 швајцарски франци откако навредил службеници“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 15 декември 2012.
- ↑ „Трка околу Калифорнија: Дејв Забриски изби во водство на трката“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-19. Посетено на 18 мај 2012.
- ↑ Бенсон, Даниел (11 јули 2012). „Voigt almost pulls off the impossible in stage 10 at the Tour de France“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 август 2012.
- ↑ Малач, Пет (7 август 2012). „Voigt puts doubt aside after Tour de France“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 12 август 2012.
- ↑ „Фогт освои соло победа во Бивер Крик“. Cycling News. Future Publishing Limited. 24 август 2012. Посетено на 24 август 2012.
- ↑ „Voigt launches late attack into Avila Beach“. Cyclingnews.com. Future plc. 16 мај 2013. Посетено на 16 мај 2013.
- ↑ „Cycling Photos“. Yahoo Eurosport UK. 20 јули 2013. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ Браун, Грегор (26 јуни 2014). „Јенс Фогт го израмни рекордот на учества на Тур де Франс“. Cycling Weekly. Посетено на 18 август 2014.
- ↑ Фаранд, Стивен (5 јули 2014). „Фогт и Канчелара ќе напаѓаат на Тур де Франс“. cyclingnews.com. Посетено на 18 август 2014.
- ↑ „Нибали го освои Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Future plc. 27 јули 2014. Посетено на 21 септември 2014.
- ↑ Пети, Даниел (17 август 2014). „Германскиот велосипедист Јенс Фогт изјавил дека САД Про Сајклинг ќе му биде последна како професионалец“. Посетено на 18 август 2014.
- ↑ Пет Малак и Лора Вајсло (21 август 2014). „Вивијани победи на САД Про Челинџ во Колорадо Спрингс“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 септември 2014.
- ↑ 61,0 61,1 „Јенс Фогт оди на часовниот рекорд на 18 септември“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 3 септември 2014. Посетено на 12 септември 2014.
- ↑ „Јенс Фогт оди на часовниот рекорд на 18 септември“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 3 септември 2014. Посетено на 3 септември 2014.
- ↑ Даниел Бенсон (12 септември 2014). „Ексклузивно: Велосипедот Трек на Јенс Фогт за часовниот рекорд“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 12 септември 2014.
- ↑ Сајмон Мекмајкл (9 септември 2014). „Јенс Фогт изјавил дека Еуроспорт ќе го пренесува неговиот обид за часовниот рекорд“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 12 септември 2014.
- ↑ Садб О’Ши (18 септември 2014). „Меркс: Фогт може да го сруши часовниот рекорд“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ Нил Бул (18 септември 2014). „Јенс Фогт ќе го сруши часовниот рекорд, велат Бредли Вигинс и Крис Бордман“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ „Јенс Фогт го сруши часовниот рекорд со растојание од 51,115 километри на швајцарскиот национален велодром“. Sky Sports. BSkyB. 18 септември 2014. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ „Фогт го собори светскиот часовен рекорд“. Cyclingnews.com. Future plc. 18 септември 2014. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ Спенсер Паулисон (18 септември 2014). „Фогт постави нов часовен рекорд, извозувајќи 51,115 км“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ Сајмон Мекмајкл (18 септември 2014). „Јенс Фогт го сруши часовниот рекорд во неговиот завршен предизвик“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ „Фогт: Не можам да пожелам подобро збогување“. Cyclingnews.com. Future plc. 10 септември 2014. Посетено на 19 септември 2014.
- ↑ „Куксон вели дека рекордот на Фогт е нова магична ера“. Cyclingnews.com. Future plc. 18 септември 2014. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ AFP/Bicycling.com (18 септември 2014). „Професионалниот велосипедист Фогт го сруши магичниот велосипедски часовен рекорд: 43-годишниот ја заврши неговата кариера со рушење на стариот рекорд, со просечна брзина од 51,115 км на час“. Bicycling Magazine. Париз. Архивирано од изворникот на 2014-09-21. Посетено на 21 септември 2014.
- ↑ „Австриецот Матијас Брендле постави часовен рекорд од 51,85 километри“. theguardian.com. 30 октомври 2014. Посетено на 31 октомври 2014.
- ↑ 75,0 75,1 Јенс Фогт (31 октомври 2012). „Turbulent Times“. Bicycling.com. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 3 ноември 2012.
- ↑ (германски)„Verbotene Praktiken im CSC-Team“. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ (дански)Rasmus Staghøj og Lars B. Jørgensen (5 ноември 2012). „Voigt spytter mig i ansigtet“. www.bt.dk. Архивирано од изворникот на 2012-12-13. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ (дански)RASMUS STAGHØJ (1 ноември 2012). „Voigt: Jeg er nødt til at forsvare mig“. www.bt.dk. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на 18 септември 2014.
- ↑ (дански)RASMUS STAGHØJ (31 октомври 2012). „Voigt forsøger at rense Riis for alt“. www.bt.dk. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 18 септември 2014.
Надворешни врски
уреди- Јенс Фогт на Ризницата ?
- „Достигнувања на 8156“. Cycling Archives.
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Онджеј Сосенка |
Часовен рекорд (51,115 км) 18 септември 2014 - 30 октомври 2014 |
Наследник Матијас Брендле |