Блел Кадри

француски велосипедист

Блел Кадри (француски: Blel Kadri; р. 3 септември 1986 во Бордо) — француски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.

Блел Кадри
Лични податоци
Цело имеБлел Кадри
Роден3 септември 1986(1986-09-03)(38 г.)
Бордо,  Франција
Висина1,76 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2008 Аг2р-Ла Мондијал (стажант)
Професионални клубови
2009–2016 Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2014)

Еднодневни трки и класици

Рома Максима (2013)
Последна промена
3 јануари 2017

Во март 2013 година, Кадри ја освоил неговата најголемата победа во неговата кариера, освојувајќи ја Рома Максима, нова возобновена трка, која порано била позната како Џиро дел Лацио. Тој бил дел од раното бегство кое се создало во првиот час од возењето и останал сам на 40 километри пред целта. Успеал да одолеа на нападите на главната група и триумфирал во Рим.[1] На 12 јули 2014 го остварил својот најголем успех, победувајќи на етапа на Тур де Франс. Исто така, на оваа етапа ја освоил наградата за најборбен возач по вторпат во текот на Тур де Франс 2014 и го преземал водството во планинскиот пласман.[2]

Достигнувања

уреди
2009
3. ГП де Плимлек-Морбијан
7. Трофеј де Гримперс
2010
7. Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 2
9. Краен пласман Етоал де Бесеже
2011
2. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
4. Краен пласман Трка околу Баварија
8. Краен пласман Тур Даун Андер
10. Краен пласман Волта а Каталуња
2012
1.   Планински пласман Рут ду Суд
10. Краен пласман Ле Букл ду Суд Ардеш
2013
Тур де Франс
  Награда за борбеност на етапа 2
1. Рома Максима
2014
Тур де Франс
1. Етапа 8
  Награда за борбеност на етапа 2 и 8

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 147
  Тур 116 89 125 84
  Вуелта 82 169 150

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Пастонези, Марко (3 март 2013). „Рома Максима оди за Французинот Кадри, кој успеа да му се приклучи на победничкото бегство“. La Gazzetta dello Sport. RCS MediaGroup. Посетено на 13 април 2013.
  2. „Кадри до соло планинска победа“. Телеграф.мк. Телеграф. 12 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-15. Посетено на 14 јули 2014.

Надворешни врски

уреди