Крис Анкер Серенсен
- За данскиот професионален фудбалер, видете Крис Серенсен.
Крис Анкер Серенсен (дански: Chris Anker Sørensen; р. 5 септември 1984) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.
Крис Анкер Серенсен на Тур де Романди 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Крис Анкер Серенсен | ||
Прекар | Oksen fra Hammel (Волот од Хамел) | ||
Роден | 5 септември 1984 Хамел, Данска | ||
Висина | 1,85 м | ||
Маса | 64 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Фортунео-Самсик | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2005 2006 | Тим ЦСЦ (стажант) Тим Дизајна Кокен | ||
Професионални клубови | |||
2007–2015 2016- | Тим ЦСЦ Фортунео - Витал Консепт | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 1 февруари 2016 |
Кариера
уредиКрис Анкер Серенсен ја започнал неговата професионална кариера во 2007 со Тим ЦСЦ. Откако ја покажал неговата форма на Трката околу Австрија 2008, тој се натпреварувал за Данска (заедно со Ники Соренсен и Брајан Вандборг) на ЛОИ 2008 во друмската трка, завршувајќи 12. на крај.
Започнувајќи од сезоната 2010, Соренсен, кој живее во Луксембург, вози за Луксембург, бидејќи UCI повеќе не ѝ дозволува на данската федерација да им доделува дански лиценци на возачи, кои живеат надвор од земјата.[1] Во текот на сезоната освоил етапа на Џиро д’Италија.
На Тур де Франс 2012 завршил 14. во генералниот пласман и ја освоил наградата за борбеност по многуте напади на планините.
Во септември 2015 година било објавено дека ќе го напушти Тинкоф-Саксо и ќе се приклучи на Фортунео - Витал Консепт за сезоната 2016 со улога на поддршка за Едуардо Сепулведа на големите трки.[2]
Достигнувања
уреди- 2001
- 3. Национално друмско првенство под 19 години
- 2005
- 1. Етапа 3 Рингерике ГП
- 2006
- 4. Европсо друмско првенство под 23 години
- 4. Краен пласман Триптик де Бараж
- 5. ГП Деми-Карс
- 6. ГП Варегем
- 8. ГП Кристал Енерџи
- 2007
- 6. Краен пласман Трка околу Германија
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 2008
- 1. Етапа 6 Дофине Либере
- 3. ГП д’Исберг
- 4. Краен пласман Трка околу Австрија
- 1. Етапа 3
- 2009
- 1. Јапонски куп
- 2. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 6. ГП Мигел Индуран
- 8. Џиро дел’Емилија
- 2010
- 1. Етапа 8 Џиро д’Италија
- 3. Краен пласман Трка околу Словенија
- 5. Национално друмско првенство
- 6. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 10. Национално хронометарско првенство
- 2011
- 1. Планински пласман Тур де Романди
- 5. Национално друмско првенство
- 6. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 8. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 2012
- 1. Планински пласман Волта а Каталуња
- Тур де Франс
- 5. Национално друмско првенство
- 5. Џиро дел’Емилија
- 8. Милано-Торино
- 2013
- 2. Џиро дел’Емилија
- 10. Краен пласман Трка околу Полска
- 2015
- 1. Национално друмско првенство
- 9. Краен пласман Трка околу Британија
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 28 | — | 27 | — | — | — | СО | — |
Тур | — | — | 34 | 69 | 37 | 14 | — | — | — |
Вуелта | 19 | — | — | — | 12 | — | 18 | 29 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Луксембуршка лиценца за Серенсен
- ↑ „Крис Анкер Серенсен во Бретањ-сеше анвиронман во 2016“. Cyclingnews.com. 24 септември 2015. Посетено на 7 октомври 2015.
Надворешни врски
уреди„Крис Анкер Серенсен“ на Ризницата ? |
- Матична страница (дански)
- „Достигнувања на Крис Анкер Серенсен“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Крис Анкер Серенсен“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Крис Анкер Серенсен“. ProCycling.
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 15 февруари 2012 г. (француски)