Едуард Ворганов

руски велосипедист

Едуард Ворганов (руски: Эдуард Алексеевич Ворганов; р. 7 декември 1982 во Вороњеж) — руски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Минск Сајклинг Клуб.

Едуард Ворганов
Ворганов на Тур де Франс 2010
Лични податоци
Цело имеЕдуард Алексеевич Ворганов
ПрекарВорга
Роден7 декември 1982 (1982-12-07) (37 г.)
Вороњеж, СССР СССР
Висина1,77 м
Маса65 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМинск Сајклинг Клуб
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Професионални клубови
2004–2005
2006–2009

2010–2016
2017-
Омниум Динамо-Москова
Фундасион Сиклизмо Галиција
Катјуша
Минск Сајклинг Клуб
Значајни победи
MaillotRusia.PNG Национален друмски првак (2012)
Последна промена
10 јануари 2017

Во јуни 2012 година, Ворганов го освоил националното друмско првенство. На 5 февруари 2016 година, било објавено дека бил суспендиран за позитивен тест на мелдониум спроведен на 14 јануари.[1][2] Меѓутоа во мај истата година бил ослободен од страна на Светската антидопинг агенцијам која им понудила амнестија на спортистите кои имале позитивен тест во првите месеци од годината на основа дека трагите на лекот можеле да останат во системите на спортистите пред да биде воведена забраната на мелдониум. Во декември 2016 година било објавено дека Ворганов ќе се приклучи на екипата Минск Сајклинг Клуб за 2017.[2]

ДостигнувањаУреди

2004
Сиркут де Ардени
Меморијал Олег Дјаченко
2005
1. Краен пласман Пет прстени околу Москва
3. Краен пласман Трка околу Словачка
2007
2. Класика де Алмерија
3. Етапа на Вуелта а Астурија
2009
23. Краен пласман Џиро д’Италија
2010
7. Краен пласман Тур Даун Андер
2011
2. Руско национално друмско првенство
2012
1.   Национално друмско првенство
10. Краен пласман Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 23 37 55
  Тур 79 19 48
  Вуелта 70 60 26 43 46 39

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. Katusha's Eduard Vorganov provisionally suspended by UCI for doping violation“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 5 февруари 2016 (посет. 5 февруари 2016 г).
  2. 2,0 2,1 „Movistar extends with Soler, Sutterlin“. cyclingnews.com. 24 декември 2016. конс. 25 декември 2016. 

Надворешни врскиУреди