Тајлер Фарар
Тајлер Фарар (англиски: Tyler Farrar; р. 2 јуни 1984) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодото 2003-2017.[1]
Фарар на Схелдепрејс 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Тајлер Фарар | ||
Роден | 2 јуни 1984 Веначи, САД | ||
Висина | 1,83 м | ||
Маса | 74 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Професионални клубови | |||
2003 2004–2005 2006–2007 2008–2014 2015-2017 | Џели Бели-Карлсбад Клотинг Компани Хелт Нет-Максис Кофидис Слипстрим-Чипотл МТН Кубека | ||
Значајни победи | |||
|
Негови најголеми достигнувања ги вклучуваат победите на Сиркут Франко-Белж во 2009 и еднодневната трка Ватенфал Класик во изданијата од 2009 и 2010. На големите трки освоил шест поединечни етапи, како и учествувал во две победи во екипен хронометар.
Велосипедска кариера
уредиФарар започнал да вози на 13 години и возел за Џели Бели-Карлсбад Клотинг Компани во 2003 година, за Хелт Нет-Максис во 2004 година и за Кофидис во 2006 и 2007 година. Во април 2006 година паднал близу крајот на Сиркут де ла Сарт и ја скршил клучната коска и го пропуштил поголемиот дел од сезоната. За сезоната 2008, се префрлил во Слипстрим-Чипотл.
Има освоени етапи на Џиро д’Италија,[2] Вуелта а Еспања, Три дена Де Пане, Тур де Франс и САД Про Сајклинг Челинџ. Ја носел жолтата маичка на третата етапа на Трката околу Калифорнија 2008 по добивање на бодовите за спринт во текот на втората етапа.
Фарар е многу популарен во Фландрија, бидејќи течно го говори холандскиот јазик и живее во белгискиот град Гент. Во 2012 година бил прогласен за почесен граѓанин на Гент.[3]
Во мај 2011 година, Фарар заедно со целата екипа Леопард Трек, се повлекле од Џиро д’Италија како знак на почит за неговиот пријател и тренинг-партнер Ваутер Вајлант, кој загинал во несреќа на третата етапа од трката.[4]
На 4 јули 2011, Фарар ја освоил неговата прва етапа на Тур де Франс, Етапа 3 од Олон сир Мер до Редон, станувајќи првиот Американец кој освоил етапа на трката на 4 јули.[5]
Фарар паднал четири пати на Тур де Франс 2012,[6] вклучувајќи пад при спринтерска завршница, по кој беснеел по автобусот на екипата Аргос-Шимано, барајќи да се соочи со Том Велерс, кого го обвинил за несреќата. На САД Про Сајклинг Челинџ 2012, Фарар ја освоил својата прва победа во сезоната. На воведната етапа, Фарар изјавил дека бил изненаден дека преживеал на планинскиот терен и можел да се натпреварува во спринтот. Пристигнувајќи во Теларајд, Колорадо во група од 57 возачи, тој бил најбрзиот член на целта.[7] Повторно победил на петтата етапа на трката, посветувајќи ја победата на неговиот медисон партнер Мајк Крид, кој собирал пари за жртвите во пожарите кои се случиле во Колорадо Спрингс.[8] Поради двете победи успеал да собере доволно бодови за освојување на зелената маичка. Подоцна во сезоната, Фарар доживеал страшна несреќа во текот на првата етапа на Трката околу Британија 2012, забележувајќи силен потрес на мозокот.[9] Во октомври, на Фарар му било дозволено да почне со тренинзите од докторот на екипата, Прентис Стефен, кој изјавил: „Здравјето на спортистот е секогаш наш врвен приоритет“.[10]
Фарар има углед за предизвикувања или вмешаност во падови.[11]
По седум години со Слипстрим-Чипотл и скоро безнадежната сезона 2014, Фарар потпишал со МТН Кубека за сезоните 2015 и 2016.[12] По настапот на Гран при Монтреал 2017, Фарар го најавил своето повлекување од трките.[1]
Достигнувања
уреди- 2002
- 1. Јуниорски поединечен национален првак
- 1. Јуниорски екипен национален првак
- 1. Јуниорски олимписки спринтерски национален првак
- 1. Краен пласман Тур л’Абитиби
- 1. Етапа 4
- 1. Краен пласман Три дена Аксел
- 2004
- 1. Етапа 7 Тур де л’Авенир
- 2005
- 1. Национален првак во критериум
- 1. Етапа 2 Тур де л’Авенир
- 2007
- 1. Етапа 2 Кореиос де Португал
- 9. Курне-Брисел-Курне
- 2008
- 1. Краен пласман Трка околу Бахами
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 1 Тур ду Поату-Шарент
- 4. Унивест Гран при
- 5. Париз-Тур
- 6. Меѓународно првенство Филаделфија
- 9. Гран при д’Исберг
- 2009
- 1. Краен пласман Сиркут Валони-Пикард
- 1. Краен пласман Делта Тур Зеланд
- Енеко Тур
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4
- 1. Ватенфал Класик
- 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 11 Вуелта а Еспања
- 2010
- 1. Краен пласман Делта Тур Зеланд
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 10
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 21
- 1. Етапа 3A Три дена Де Пане
- 1. Ватенфал Класик
- 1. Шелдепрејс
- 2. ГП Уест-Франција
- 3. Омлоп Хет Ниувсблад
- 5. Трка околу Фландрија
- 9. Гент-Вевелгем
- 2011
- Тур де Франс
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
- 1. Трофео Палма де Мајорка
- 1. Трофео Кала Милор
- 3. Дварс дор Вландерен
- 3. Гент-Вевелгем
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 10. Светско друмско првенство UCI
- 2012
- САД Про Сајклинг Челинџ
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2. Краен пласман, Трка околу Катар
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 2. Гроте Шелдепрајс
- 5. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
- 2013
- 1. Етапа 4 Трка околу Калифорнија
- 2. Трофео Палма де Мајорка
- 2. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
- 3. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
- 1. Етапа 3
- 4. Париз-Тур
- 6. Шелдепрејс
- 2014
- 1. Етапа 3 Трка околу Пекинг
- 2. Дварс дор Вландерен
- 2. Шелдепрејс
- 4. Ватенфал Класик
- 8. Е3 Харелбеке
- 10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 2015
- 9. Схелдепрејс
Распоред на резултатите на големи трки
уредиГолема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | СО | СО | СО | СО | — | 147 | — | — |
Тур | 151 | СО | 159 | 151 | — | — | 154 | — |
Вуелта | СО | 142 | СО | — | 124 | — | — | 155 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Рекламирање
уредиФарар се појавувал на воведните најави за утринската временска прогноза на ITV London. Прогнозите биле спонзорирани од Transitions Lenses, кој исто така е спонзор и на тимот на Фарар.[13][14]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Робертшо, Хенри (11 септември 2017). „Tyler Farrar announces retirement from professional cycling“. Cycling Weekly. Посетено на 11 септември 2017.
- ↑ Џиро д’Италиа 2010: Тајлар Фарар ја заврши етапата откако го преземе водството од светскиот шампион Кадел Еванс Телеграф, 9 мај 2010
- ↑ „Тајлер Фарар почестен од градот Гент“. 22 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2012-12-10.
- ↑ „Џиро му оддава почит на Вајлант со неутрална етапа“. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на 2011-12-11.
- ↑ „Тајлер Фарар спринташе до победа на третата етапа“. Гардијан. 4 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-05. Посетено на 4 јули 2011.
- ↑ „Fourth Tour Crash for Farrar“. Cycling Weekly, 6 јули 2012.
- ↑ Питер Химас (21 август 2012). „Фарар победи на воведната етапа во Теларајд“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 26 август 2012.
- ↑ Pat Malach (25 август 2012). „Фарар спринтал за победа на етапата 5 во Колорадо“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 26 август 2012.
- ↑ „Farrar's worlds' preparation affected by Tour of Britain concussion“. Velo Nation. Velo Nation LLC. 10 септември. Посетено на 17 октомври 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Шејн Стоукс (17 октомври 2012). „Farrar fully recovered from concussion and given green light to resume training“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ Стивен Фаранд (22 мај 2014). „Фарар се степа на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 26 јули 2014.
- ↑ „Фарар потпиша со МТН-Кубека“. Cyclingnews.com. Future plc. 9 септември 2014. Посетено на 9 септември 2014.
- ↑ Спонзорство The Inner Ring, 12 март 2010
- ↑ Тајлер Фарар реклами Архивирано на 24 јули 2012 г. Bike Radar
Надворешни врски
уреди„Тајлер Фарар“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Тајлер Фарар“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Тајлер Фарар“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Тајлер Фарар“. ProCycling.
- Профил на Фарар на VELOBIOS