Александар Георгиевски

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Александар Георгиевски е градоначалник на Општина Илинден избран на локалните избори во 2021 од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Георгиевски

Тој е роден во јули, 1984 година, во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и се стекнал со звање Дипломиран политиколог. Магистрирал на Факултетот за политички науки при Универзитет „ФОН” во Скопје во 2013 година, на насока Европска и меѓународна политика и дипломарија.

Георгиевски има професионално искуство во повеќе државни институции при што од 2008 до 2014 година работел во Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, како и во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот како помошник раководител на Сектор за услуги на инвеститори.

Од 2015 година преминува во Министерството за труд и социјална политика каде што од 2015 до 2017 година е раководител на Секторот за европски интеграции и меѓународна соработка, додека од 2017 година до октомври 2021 година бил раководител на Секторот за стратешко планирање.

На локалните избори во 2013 година за прв пат е избран за советник во општина Илинден, а од 2017 до октомври 2021 година ја извршувал функцијата претседател на Советот на општина Илинден.