Избори во Македонија

По воведувањето на политичкиот плурализам во тогашната Социјалистичка Република Македонија во 1989, било дозволено формирањето политички партии и во 1990 биле одржани првите слободни и повеќепартиски избори. Во Република Македонија се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, за Претседател на Републиката и локални избори за советници и градоначалници.

Марка на Македонска Пошта по повод 20 години од првите повеќепартиски избори во Република Македонија (ФДЦ 19/2010, 11 ноември 2010)

Парламентарни избориУреди

По воведувањето на политичкиот плурализам, во Република Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата била во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.

Претседателски избориУреди

Досега се одржани пет избори за Претседател на Републиката. Првиот мандат на Киро Глигоров бил даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија.

Локални избориУреди

Досега се одржани пет локални избори во Република Македонија. Карактеристика за локалните избори во Република Македонија се честите промени на границите на општините.

РеферендумиУреди

Досега трипати е распишан референдум на државно ниво и седум пати на локално ниво. Првиот референдум во 1991 е по барање на Собранието, а во 2004 по барање на најмалку 100.000 гласачи.

На локално нивоУреди

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди