Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Иван Јорданов — роден 21.07.1988 година во Ново Село, Штип. Основно образование завршил во Штип, а средно училиште во СОУ „Љупчо Сантов” во Кочани. Во 2010 година дипломирал на Економски факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, отсек Меѓународна економија.

Магистрирал на Меѓународниот Славјански Универзитет„ Гаврило Романович Державин“ и се стекнал со звање магистер по менаџмент на човечки ресурси. Зборува англискиот јазик.

Во 2014 се вработил во Управата за јавни приходи во Штип, најпрво како асистент за поврат,пребивање и насочување на данок,а подоцна како асистент за утврдување на данок на физички лица.

Уште во средношколските денови покажал организациски и лидерски способности, станувајќи претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во Штип, која успешно ја водел од 2012 до 2016 година, потоа продолжувајќи и како прв човек на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Штип. Бил член и на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ од 2014 година.

Од 2013 година до 2020 година беше советник во Советот на Општина Штип.

Од 2020 година беше пратеник од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, каде што учествувал во работата на повеќе комисии: Комисија за финансирање и буџет, Комисија за економија, Комисија за локална самоуправа, а беше член и на неколку пратенички групи за соработка со парламенти на други земји.

Живеејќи во Штип во континуитет, Иван Јорданов добро ги запознал своите сограѓани, нивниот менталитет, нивните проблеми и потреби. Поаѓајќи од своите демохристијански убедувања, тој се води според високи морални и етички норми и го гради концептот на своето живеење и работење токму врз високи морални принципи. Својата визија за подобро уреден , чист и зелен град кој ќе биде подобро место за живеење ја пренесува во својата програма за градоначалник.

На локалните избори во 2021 година во прв изборен круг е избран за градоначалник на Општина Штип.