Е3 Саксо Банк Класик

белгиска велосипедска трка
(Пренасочено од Е3 БинкБенк Класик)

Е3 Саксо Банк Класик (во минатото позната како Е3 БинкБенк Класик, Е3 Харелбеке, Харелбеке-Антверпен-Харелбеке и Е3-Прејс Вландерен) — годишна велосипедска трка во Фландрија, Белгија. Трката започнува и завршува во Харелбеке на околу 210 километри. Настанот е организиран од велосипедскиот клуб Ханд од Харелбеке и е влезен во календарот на Светската турнеја.

Е3 Саксо Банк Класик
За трката
Датумсредина на март
РегионФландрија, Белгија
Месно имеE3 Harelbeke (холандски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеЕвропска турнеја на UCI (2005–2011)
Светска турнеја на UCI (2012–)
ВидЕднодневна трка
ОрганизаторХанд ин Ханд
Директор на тркатаФилип Вермерен
Историја
Прво одржување1958 (1958)
Одржувања65 (до 2023)
Прв победник Арман Дезме (БЕЛ)
Најмногу победи Том Бонен (БЕЛ) (5 победи)
Неодамнешен победник Ваут ван Ерт (БЕЛ)

Е3 се одржува во средината на мартр и го обележува почетокот на „Фландриската велосипедска недела“ (Vlaamse Wielerweek), која продолжува со Брабант Пејл во неделата и етапната трка Три дена Де Пане во средината на неделата пред да се одржи класикот Трка околу Фландрија следната недела. До 2011, трката била одржувана во сабота; кога трката станал дел од Светската турнеја во 2012, трката била преместена во петок, за да им се даде ден одмор помеѓу трката Е3 и трката Гент-Вевелгем, која се одржува во недела.[1]

Историја

уреди

Првиот Е3 БинкБенк Класик се одржал во 1958, иако имало слични настани во областа од 1955. Во почетокот, настанот бил Харелбеке-Анверс-Харелбеке. Исто така бил познат како ГП Е3 БинкБенк Класик. Трката го добила нејзиното име од автопатот Е3 (сега А14), изграден во средина на шеесеттите години. Од 54. издание во 2011, зборот „Награда“ (Prijs) бил отстранет од името и велосипедската трка сега е позната како Е3 БинкБенк Класик.

Класикот Е3 е подготовка за Трката околу Фландрија. Рутата е пократка, но многу од ридовите се возат. Условите, исто така, можат да се споредат, како калдрмата, ветерот и искачувањето десетици ридови. Трката прави голем круг околу Источна Фландрија, вклучувајќи 12 ридови. Некои возачи, дури ја претпочитаат оваа трка од тактичната, но попрестижната Трка околу Фландрија.

Трката започнува од Гроте Маркт во Харелбеке и патува на исток, првите 110 километри низ низини, но на калдрма околу Ауденарде и Зотегем. Возачите ја достигнуваат најисточната точка кај Нинове по 85 километри и свртува кон запад и минува низ Герадсберген и Бракел, тешкиот дел започнува со последователно кратки, но остри ридови, некои од нив со калдрма, како најголеми јамки на трката помеѓу Ронсе и Ауденарде.

Дванаесетте ридови по ред се Ла Хуп, Берг Стене, Боањеберг, Ајкенберг, Статионсберг, Тајенберг, Ауде Крујкенс, Капелберг, Патерсберг, Ауде Кваремон, Кноктеберг и Тигемберг. Патерсберг е искачување од 500 метри со калдрма со просечен наклон од 12,5%, додека Ауде Кваремон е 1.500 метри со калдрма од неговите 2.200 метри, иако нејзиниот просечен наклон е 4,2 %. Тигемберг е 16 километри од крајот.

Рекорди

уреди

Белгискиот велосипедист Том Бонен го држи рекордот за најмногу победи на трката со пет победи, постигнувајќи ги во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012. Рик ван Лој ја освоил трката четири пати во 1964, 1965, 1966 и 1969, а Холанѓанецот Јан Рас зел три последователни победи помеѓу 1979 и 1981, откако завршил втор во 1978. Андреј Чмил, Јохан Музеув и Фабијан Канчелара ја имаат освоено трката по двапати. Најбрзата трка била во 2003, кога Холанѓанецот Стивен де Јонг ја освоил со 45,9 км/ч.

Минати победници

уреди
Година Земја Возач Екипа
1958   Белгија Дезме, АрманАрман Дезме Груне Леув-Леополд
1959   Белгија Керкхове, НорберНорбер Керкхове Фаема-Гуера
1960   Белгија Дом, ДаниелДаниел Дом Вил‘с-Фландрија
1961   Белгија Каботер, Артур деАртур де Каботер Груне Леув-Леополд
1962   Белгија Меселис, АндреАндре Меселис Вил‘с-Груне Леув
1963   Белгија Форе, НоелНоел Форе Фарма-Фландрија
1964   Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Соло-Суперија
1965   Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Соло-Суперија
1966   Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Соло-Суперија
1967   Белгија Боклан, ВилиВили Боклан Фландрија-Де Клерк
1968   Белгија Бевер, Јак деЈак де Бевер Смитс
1969   Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој Вилем II-Газеле
1970   Белгија Рикегем, Даниел ванДаниел ван Рикегем Ман-Грундиг
1971   Белгија Влеминк, Роџер деРоџер де Влеминк Фландрија-Марс
1972   Белгија Хутсебаут, ИберИбер Хутсебаут Голдор-ИЈсберке
1973   Белгија Инт Вен, ВилиВили Ин‘т Вен Молтени
1974   Белгија Шпрингел, Херман ванХерман ван Шпрингел МИЦ-Лудо-Де Грибалди
1975   Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек Маес-Ватни
1976   Белгија Планкерт, ВалтерВалтер Планкерт Маес-Рокадо
1977   Германија Турау, ДитрихДитрих Турау ТИ-Рели
1978   Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда-Лано
1979   Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рели
1980   Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рели
1981   Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рели
1982   Белгија Богерт, ЈанЈан Богерт Еуроп Декор
1983   Белгија Такерт, ВилијамВилијам Такерт Сплендор-Еурошоп
1984   Холандија Остербош, БертБерт Остербош Панасоник-Рели
1985   Австралија Андерсон, ФилФил Андерсон Панасоник-Рели
1986   Белгија Вандерерден, ЕрикЕрик Вандерерден Панасоник-Меркс-Агу
1987   Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт Панасоник-Исостар
1988   Италија Бонтемпи, ГвидоГвидо Бонтемпи Карера Џинс-Вагабонд
1989   Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт АДР=Корс Лајт
1990   Данска Лилхолт, СоренСорен Лилхолт Хистор-Сигма
1991   Германија Лудвиг, ОлафОлаф Лудвиг Панасоник-Спортлајф
1992   Белгија Музеув, ЈоханЈохан Музеув Лото-Мавик-МБК
1993   Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини МГ-Маглифицио
1994   Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил Лото
1995   Белгија Лејзен, БартБарт Лејзен Мапеи-ГБ-Латексо
1996   Белгија Боман, КарлоКарло Боман Мапеи-ГБ
1997   Белгија Дајк, Хендрик ванХендрик ван Дајк ТВМ-Фарм Фритес
1998   Белгија Музеув, ЈоханЈохан Музеув Мапеи-Брикоби
1999   Белгија Петегем, Петер ванПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
2000   Русија Иванов, СергејСергеј Иванов Фарм Фритес
2001   Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил Лото-Адеко
2002   Италија Пјери, ДариоДарио Пјери Алесио
2003   Холандија Јонг, Стивен деСтивен де Јонг Рабобанк
2004   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Давитамон
2005   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2006   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2007   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2008   Норвешка Арвесен, Курт АслеКурт Асле Арвесен Тим ЦСЦ
2009   Италија Поцато, ФилипоФилипо Поцато Катјуша
2010   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Тим Саксо Банк
2011   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Леопард Трек
2012   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Омега Парма-Квик Степ
2013   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара РадиоШек-Леопард
2014   Словачка Саган, ПетерПетер Саган Канондејл
2015   Обединето Кралство Томас, ГерајнтГерајнт Томас Тим Скај
2016   Полска Квјатковски, МихалМихал Квјатковски Тим Скај
2017   Белгија ван Авермат, ГрегГрег ван Авермат Ванти-Груп Гобер
2018   Холандија Терпстра, НикиНики Терпстра Квик-Степ Флорс
2019   Чешка Штибар, ЗдењекЗдењек Штибар Декојнинк-Квик Степ
2020 Немало трка
2021   Данска Асгрен, КасперКаспер Асгрен Декојнинк-Квик Степ
2022   Холандија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма
2023   Холандија ван Ерт, ВаутВаут ван Ерт Џамбо-Висма

Повеќекратни победници

уреди
Победи Возач Изданија
5   Том Бонен (БЕЛ) 2004, 2005, 2006, 2007, 2012
4   Рик ван Лој (БЕЛ) 1964, 1965, 1966, 1969
3   Јан Рас (ХОЛ) 1979, 1980, 1981
  Фабијан Канчелара (ШВА) 2010, 2011, 2013
2   Еди Планкерт (БЕЛ) 1987, 1989
  Јохан Музеув (БЕЛ) 1992, 1998
  Андреј Чмил (БЕЛ) 1994, 2001
  Ваут ван Ерт (БЕЛ) 2022, 2023

Победи по земја

уреди
Победи Држава
41   Белгија
6   Холандија
4   Италија
3   Швајцарија
2   Германија,   Данска
1   Австралија,   Обединето Кралство,   Молдавија,   Норвешка,   Полска,   Русија,   Словачка,   Чешка

Наводи

уреди
  1. „E3 Harelbeke eerste Vlaamse Worldtourwedstrijd volgend seizoen op vrijdag 23 maart“ (холандски). Nieuwsblad. 15 јуни 2011. Посетено на 31 јули 2011.

Надворешни врски

уреди