Анџело Тејлор (роден на 29 декември 1978 г.) — американски атлетичар кој е специјализиран за трките на 400 метри со пречки, победник на трките на 400 метри со пречки на Летните олимписки игри во 2000 и 2008 година. Негов најдобар резултат во оваа дисциплина е времето од 47.25 секунди. Тој и Феликс Санчес го имаат осмото најбрзо време во историјата на 400 метри со пречки.

Анџело Тејлор
Анџело Тејлор на митингот во Берлин во 2008
Лични податоци
Роден(а)29 декември 1978(1978-12-29)(45 г.)
Олбани, Џорџија, САД
Висина&100000000000001880000001,88 м
Тежина84 kg (185 lb)
Спорт
Земја САД
СпортАтлетика
Дисциплини400м со пречки

Најбрзото време на Тејлор во кариерата на трките на 400 метри е 44.05 секунди, време кое е 15. најбрзо во историјата. Тој го освоил бронзениот медал на трката на 400 м на Светското првенство 2007.

Покрај освоените медали во поединечните трки, Тејлор има освоено три златни медали од Светските првенства заедно со американскиот штафетен тим на трките на 4×400 метри (2007, 2009 and 2011), како и два олимписки медали (златен во 2008 и сребрен во 2012).

Кариера

уреди

Почетоци

уреди

Роден во Албано, Џорџија, Тејлор студирал на Технолошкиот институт во Џорџија и ја освоил титулата на државното студентско првенство во 1998 година. Истата година, Тејлор го освоил сребрениот медал на државното првенство на САД. Од 1999 до 2001 година, тој трипати последователно бил државен шампион на САД на трките на 400 метри со пречки.

Својот прв настап на меѓународна сцена, Тејлор го имал на Светското првенство 1999, каде завршил трет во квалификациската трка и не успеал да се пласира во полуфиналето. Тој бил дел од американскиот штафетен тим кој го освоил златниот медал на трката на 4×400 метри.[1]

Олимписки шампион

уреди

Во 2000 година, Тејлор истрчал најдобро време во сезоната на американското олимписко изборно натпреварување и пред Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј важел за фаворит. Таму, во возбудливо финале, Тејлор од четвртото место преминал на второто место пред последните две пречки и во целта бил за три стотинки побрз од Хади Ал Сомајли од Саудиска Арабија, со што успеал да го освои златниот медал. Тој бил дел од американскиот штафетен тим кој бил првопласиран во квалификациската и полуфиналната трка. Во финалето тој не трчал за американскиот тим кој го освоил златниот медал. На 2 август 2008 година, Меѓународниот олимписки комтет ги одземал медалите на американскиот штафетен тим, откако Антонио Петигру признал дека користел недозволени средства.[2] Три од четирите американски атлетичари во финалето, вклулувајќи го Петигру и близнаците Алвин и Келвин Харисон, како и Џером Јанг кој трчал во квалификациите, признале или биле позитивни на недозволени средства.[2] Само Тејлор и светскиот рекордер Мајкл Џонсон не биле вмешани во допинг скандалот, со сепак останале без своите златни медали.[2]

На Светското првенство 2001, Тејлор бил елиминиран во полуфиналето на трката на 400 метри со пречки борејќи се со синусна инфекција и грип, но го освоил златниот медал со американскиот тим на штафената трка на 4×400 метри. Тој не успеал да се квалификува за Светското првенство 2003 и бил неспешен во одбраната на своето олимписко злато на Летните олимписки игри 2004, завршувајќи на четвртото место во полуфиналето.

Втора олимписка титула

уреди

Во 2007 година Тејлор поставил нов личен рекорд на 400 метри и бил државен жампион во таа дисциплина. Тој го освоил бронзениот медал на трката на 400 метри на Светското првенство 2007 во Осака, завршувајќи зад сонародниците Џереми Воринер и Лашон Мерит. Тој бил дел од американскиот штфетен тим кој го освоил златниот медал на трката на 4×400 метри.

На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Тејлор бил двократен олимписки шампион, освојувајќи ги златните медали во трките на 400 метри со пречки и 4×400 метри заедно со американскиот тим. Следната година, на Светското првенство 2009 во Берлин, тој ги продолжил лошите резултати на Светските првенства неуспевајќи да ги помине квалификациите на трката на 400 метри со пречки, но сепак бил дел од американскиот штафетен тим кој ја одбранил титулата на трката на 4×400 метри.

Тејлор завршил на второто место на трката на 200 метри на митингот во Ријети во август 2010 година, забележувајќи нов личен рекорд во дисциплината од 20.23 секунди.[3] Тој се пласирал зад Керон Клемент и Бершон Џексон во рангирањето за дисциплината 400 метри со пречки, но на митинзите од дијамантската лига во Лозана, Монако и Стокхолм успевал да заврши на подиумите во истата дисциплина.

Тејлор го освоил третото место на државното првенство на САД на трката на 400 метри со пречки истрчувајќи свое најдобро време во сезоната од 47.94 секунди. Во јули тој победил на митингот во Монако, но на Светското првенство 2011, тој го освоил само седмото место во финалето. За утеха, тој заедно со Грег Никсон, Бершон Џексон и Лашон Мерит победил на штафетната трка на 4×400 метри. Нивното време изнесувало 2:59.31 минути.

Летни олимписки игри 2012

уреди

На своите четврти Летни олимписки игри, Тејлор бил капитен на американскиот атлетски тим. Двократниот олимписки шампион на 400 метри со пречки, завршил на петтото место со време од 48.25 секунди.[4] Во финалето на штафетната трка на 4x400 метри, Тејлор во последната замена влегол со предност пред штафетниот тим на Бахама, но бил преминат од бахамецот Рамон Милер, со што американскиот тим го освоил сребрениот медал.[5]

Лични рекорди

уреди
Дисциплина Резултат Место Датум
200 метри 20.23   Ријети, Италија 29 август 2010
400 метри 44.05   Индианаполис, САД 23 јуни 2007
400 метри (во сала) 45.50   Атланта, САД 27 февруари 1999
400 метри со пречки 47.25   Пекинг, Кина 18 август 2008

Наводи

уреди
  1. Подоцна Антонио Петигру признал дека користел недозволени средства, со што ИААФ го дисквалификувал американскиот тим.
  2. 2,0 2,1 2,2 Wilson, Stephen (2 August 2008). „IOC strips gold from 2000 US relay team“. Associated Press.
  3. Diego Sampaolo Rudisha lowers 800m World record again, 1:41.01; Carter dashes 9.78sec in Rieti – IAAF World Challenge. IAAF. Посетено на 2010-08-30.
  4. Taylor Finishes Fifth In 400-meter Hurdle Olympic Finals
  5. U.S. men miss out on 4x400m gold as replacement runner anchoring relay gets passed by the Bahamas day after sprinter broke his leg during heat

Надворешни врски

уреди