Каучук
Каучук (од кечуански caoutchouc) — еластомер (еластичен јаглеводороден полимер) кој првично се добива од латекс, колоидно млеко произведено од некои растенија со што се прави пресек на кората на растенијата. Латексот е леплив, се собира и потоа се преработува во гума, прочистената форма на гума е полистирен, кој пак може да се произведува и синтетички. Природен каучук се користи во многу производи. Каучукот е вообичаено многу раздвижлив, растеглив и исклучително водоотпорен.[1][2][3]
Историја
уредиСо откривањето на Америка во 1492 година Европејците, покрај кафето, пченката и компирот, го откриле и каучукот. Каучуковото растение „Hevea brasiliensis“ е со потекло од Бразил, а денес ова растение расте на плантажи во речиси сите области на жешкиот појас. Млечниот сок, кој протекува од печеното дрво, се нарекува латекс. Млечниот сок кој капе од засечено стебло хевеја го нарекуваме латекс. Со згустувањето на овој сок настанува каучук, а овој збор потекнува од зборот на домородците „Cahuchu“, што означува дрво кое плаче.
Првите парчиња увезена каучук во Европа служеле како многу интересна работа прикажана на саеми, додека научниците спроведувале тестови за да ја откријат можноста за нејзина примена за практични цели. Имало обиди да се создаде водоотпорни мантили од платно. Високата лепливост на каучукот на собна температура, особено при малку повисока температура, ја спречувала поголемата употреба на овој производ. Англискиот научник Џозеф Пристли забележал во 1770 година дека каучукот ја отстранува трагата на молив.
Прв пронајдок на процес на преработка на каучук бил мастицирање, т.е. претворање на еластичен каучук со гмечење меѓу ваолоци во пластична маса. Така згмечениот каучук многу полесно се топел во бензин, бензол и другите органски растворувачи. Овој пронајдок е дело на Томас Хенког од Англија, 1820 година.
На пластичниот каучук му се додавани различни хемикалии со изложување во различните услови. Така 1839 година Чарлс Гудјир забележал дека каучукот со додавање на сулфур и затоплување се добивала нова смеса која имала значителна изменети состојби. Подоцна овој спој на каучук и сулфор добил име гума, а самиот процес е наречен вулканизација. Гумата за разлика од каучук не покажува поголема лепливост и поради зголемување на температура, а покрај тоа и нејзината цврстина е зголемена.
Употреба
уредиПрвата најголема употреба на гума била како електроизолационен материјал. Наглиот пораст на произведување на гума се јавува и со појава и развивање на автомобилите. Првите авто-гуми биле од полна гума, а од 1888 година според патентот на Даунолоп се преименуваат, како и денес, гуми исполнети со воздух. Најголема количина на каучук денес се преименува во изработка на пневматици, каде е незаменлив.
Согледувајки ја вредноста на каучукот бразилските власти забраниле извоз на семките и фиданките на хевеја под закана на смртна казна. Наспроти забраната Англичанецот Хенри Викам околу 1860 година, под изговор дека купува орхидеи, купил поголема количина семки и фиданки. Обидот за одгледување хевеја во ботанички градени во Лондон поради студената клима не успеал, па остатокот од семките и фиданките бил пренесен на островот Цејлон (денешна Шри Ланка). Наскоро потоа се појавиле плантажи на хевеја на целиот Малајски Архипелаг, кој и денес е најголем производител на каучук.
Наводи
уреди- ↑ Heinz-Hermann Greve "Rubber, 2. Natural" in Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry, 2000, Wiley-VCH, Weinheim. doi:10.1002/14356007.a23_225
- ↑ Horvat, Zvonimir, Tehnologija gume, Udruženje preduzeća za industriju gume FNRJ, Beograd, 1960.
- ↑ S.K. De, J.R. White (1996). Rubber Technologist's Handbook. Smithers Rapra Press. ISBN 978-1-85957-262-7.