Дионисио Агуадо
Дионисио Агуадо (шпански: Dionisio Aguado y García; 8 април 1784 – 29 декември 1849) — шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот.
Животопис
уредиРоден е во Мадрид и учел музика кај Мигел Гарсија. Во 1825 отишол во Париз каде се сретнал и спријателил со композиторот Фернандо Сор. Извесно време биле цимери, и за ова пријателство сведочи Соровото дуо „Двајца другари“ (Les Deux Amis): едниот дел бил означен со „Сор“ а другиот со „Агуадо“.
Во 1825 издал прирачник за учење гитара наречен „Школа за гитара“ (Escuela de Guitarra) кој се препечатува и денес. Во книгата тој опишува употреба на нокти на десната рака како и неговиот изум „триподион“: направа што служи како потпора за гитарата, со што се отстранува пригушувачкиот ефект на телото на свирачот врз инструментот. Други поважни дела се „Три брилијантни ронда“ (Trois Rondos Brillants, Оп. 2), „Менует-афандангадо“ (Le Menuet Affandangado, Оп. 15), „Мешано фанданго“ (Le Fandango Varie, Оп. 16), како и поголем број валцери, менуети и други лесни композиции. Посложените негови дела виртуозна техника и за левата рака кои се речиси невозможни на денешните гитари заради подолгите жици.[1]
Во 1838 Агуадо се вратил во Мадрид и починал на возраст од 65 години.
Дела
уреди- Рондо (1825)
- Оп. 1 : „Дванаесет валци“ (Douze Valses)
- Оп. 2 : „Три брилијантни ронда“ (Trois Rondo Brillants)
- Оп. 3 : „Осум мали дела“ (Huit Petites Pièces)
- Оп. 4 : „Шест мали дела“ (Six Petites Pièces)
- Оп. 5 : „Четири анданта и четири валцери“ (Quatre Andantes et Quatre Valses)
- Оп. 6 : „Нова метода за гитара“ (Nuevo Método de Guitarra)
- Оп. 7 : „Лесни валцери“ (Valses Faciles)
- Оп. 8 : „Контратанци и лесни валцери“ (Contredanses et Valses Faciles)
- Оп. 9 : „Полесни контратанци“ (Contredanses non difficiles)
- Оп. 10 : „Лесни вежби и три лекции“ (Exercices Faciles et Très Utiles)
- Оп. 11 : „Омилени - Осум контратанци“ (Les Favorites - Huit Contredanses)
- Оп. 12 : „Шест менуети и шест валцери“
- Оп. 13 : „Пријатни полесни парчиња“ (Morceaux Agréables non difficiles)
- Оп. 14 : „Десет полесни мали дела“ (Dix Petites Pièces non difficiles)
- Оп. 15 : „Менует-афандангадо“ (Le Menuet Affandangado)
- Оп. 16 : „Мешано фанданго“ (Le Fandango Varié)
Наводи
уреди- ↑ Frederick Noad, The Classical Guitar
Надворешни врски
уреди- Партитури на класична гитарска музика - creativeguitar.org Архивирано на 27 јануари 2010 г. (англиски)
- Слободни партитури од Дионисио Агуадо од проектот „Меѓународна библиотека на партитури“
- Слободни партитури од Дионисио Агуадо на Вернер Икинговиот музички архив
- „Рондо“ од Дионисио Агуадо во изведба на Џулијан Брим - YouTube