Птичји грип
Птичји грип е заразна болест на птиците која ја предизвикуваат одредени видови на вируси од типот Influenza virus A (некои други видови на тој вирус предизвикуваат епидемии на човечки грип). Вирусот е варијабилен и подлежен на постојани генетски промени (мутациски измени на генетската структура) поради што се појавува во голем број поттипови. Еден таков патоген вид е поттипот Х5Н1, за првпат забележан во 1997 година во Хонгконг и од тогаш се проширил во поголемиот дел од Азија и источна Европа.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |