Џенет Џексон
Џенет Џексон (анг. Janet Jackson; Гери, 16 мај 1966 год.) — една од комерцијално најуспешните и највлијателните пејачки на сите времиња, композитор, текстописец, музички и филмски продуцент, глумица, автор, моден творец и милијардерка. Рангирана е како една од десетте најпродавани музичари во историјата на музиката, затоа што ширум светот продала повеќе од 160 милиони музички албуми, 17 милиони видео албуми и 8 милиони влезници за концерти. Имала десет синглови и дури седум албуми на првото место на официјалната американска топ листа, еден повеќе од нејзиниот постар брат Мајкл Џексон, т.е. еден помалце од нејзиниот најголем соперник Мадона, и три филмови, во кои била во главната улога, на првото место на американскиот бокс офис, што ја прави, покрај Хали Бери, најуспешната афроамериканска глумица од сите времиња. Во два наврати станала и најплатениот музичар на планетата, според Форбс, една од десетте најплатени жени од светот на шоу-бизнисот. Поставила бројни светски рекорди од кои некои сè уште не се срушени. Албумот „Control“ од 1986 година е првиот женски албум од кој се одбрани топ-5 синглови, а албумот „Rhythm Nation 1814“ од 1989 година е еднимствен албум во историјата од кој се одбрани 7 синглови меѓу првите пет на американската топ список на синглови, од кои дури четири успеале до првото место. Плочата „janet.“ од 1993 година станала првата плоча од женски уметник која стигнала на првото место на американската официјална топ листа со, три рекордни, 360.000 продадени примероци во текот на првата недела. Во 2000 година Џенет станала првиот музичар на кого добро му тргнало за да го освои првото место на американската топ список на синглови во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од 20 век и после 2000, а 2001 која имала пет албуми кои едноподруго успеале до првото место на американската топ листа. Добитник е на 6 Гремија, 15 Американски музички награди, 15 МТВ награди и повеќе Билбордови награди него било кој друг музичар, а во 2001 година прогласена е за „првата МТВ икона“ на церемонијата организирана во нејзина чест, на која присуствувале и ги изведувале нејзините хитови музичари како Пинк, Бритни Спирс, Стиви Вондер, Ашер, Кристина Агилерa, Џастин Тимберлејк, Бијонсe Ноулс и многу други. Освоила и една Еми награда, номинација за Оскар и Златен глобус.
Животопис
уредиРодена е како Џенет Дамита Џо Џексон (анг. Janet Damita Jo Jackson) во Гериј во Индијана,[1] како најмладото дете во семејството Џексон.[2] Првпат на сцената настапувала со семејството од нејзините 7 години,[1] а подоцна ја започнала нејзината кариера како глумица во ТВ-емисијата Џексонови (англиски: The Jacksons) во 1976 година.[1] После настапувала во некои други ТВ-емисии во 1970-тите и раните 80-ти.
Во 1982 година со нејзините 16 години потпишала договор со музичката куќа A&M,[3] го издала дебитантскиот албун со нејзиното име. На почетокот ја критикувале поради нејзините слаби вокални можности, а и поради непотистичното користење на името на нејзиното семејство. Со нејзиниот трет студијски албум Control (1986), Џексон ја започнала долгогодишната соработка со продуцентите Џимиј Џем и Териј Луис. Нејзината музика под влијание на Џеми и Луис ги мешала современиот Р&Б со елементарната рап музика, семпловењето и индустријските битови.[4] Во иновативност со нејзините албуми успехот бил придонесен и од страна на нејзината кореографија, видео-спотовите, односно честото појавување на МТВ, со истовремените пофалби поради друштвените ангажирани на нејзините текстови од песните.
Во 1991 година го потпишала договорот за првиот нејзин од двата повеќе милионски вредни и рекордни договори со Virgin Recordsom, што ја направило една од најплатените музички лица во индустријата.[5][6]
Албуми
уреди- Janet Jackson (1982 / 1,5 милиони продадени примероци)
- Dream Street (1984 / 500.000 продадени примероци)
- Control (1986 / 14 милиони продадени примероци)
- Janet Jackson's Rhythm Nation 1814 (1989 / 20 милиони продадени примероци)
- janet. (1993 / преко 20 милиони продадени примероци)
- The Velvet Rope (1997 / 10 милиони продадени примероци)
- All for You (2001 / 7 милиони продадени примероци)
- Damita Jo (2004 / 4 милиони продадени примероци)
- 20 Y.O. (2006 / 3 милиони продадени примероци)
- Discipline (2008 / 1,5 милиони продадени примероци)
- Unbreakable (2015 / 232,000 во САД)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Cornwell 2002, стр. 2, 10, 24
- ↑ Jackson 2009, стр. 26.
- ↑ „Pro Equipment & Services“. Billboard. том 94 no. 19. May 15, 1982. стр. 47.
- ↑ Gaar 2002, стр. 323–325
- ↑ „The Biggest Brother-Sister Stars in Show Business History“. Ebony. 46 (10). 1991. стр. 40. ISSN 0012-9011.
- ↑ Goldberg, M. (May 2, 1991). „The Jacksons score big“. Rolling Stone. стр. 32. ISSN 0035-791X.
Извори
уреди- Andriessen, Louis; Maja Trochimczyk (2002). The Music of Louis Andriessen. Routledge. ISBN 978-0-8153-3789-8.
- Brackett, Nathan; Hoard, Christian David (2004). The New Rolling Stone Album Guide. Simon & Schuster. ISBN 978-0-7432-0169-8.
- Beretta E., Smith-Shomade (2002). Shaded Lives: African-American Women and Television. Rutgers University Press. ISBN 978-0-8135-3105-2.
- Bronson, Fred (2003). The Billboard Book of Number One Hits. Billboard Books. ISBN 978-0-8230-7677-2.
- Jackson, Michael (2009) [First published 1988]. Moonwalk. Random House. ISBN 978-0-307-71698-9.
- Cornwell, Jane (2002). Janet Jackson. Carlton Books. ISBN 978-1-84222-464-9.
- Cullen, Jim (2001). Popular Culture in American History. Blackwell Publishing. ISBN 978-0-631-21958-3.
- Cutcher, Jenai (2003). Feel the Beat: Dancing in Music Videos. The Rosen Publishing Group. ISBN 978-0-8239-4558-0.
- Knopper, Steve (2016). MJ: The Genius of Michael Jackson. Scribner. ISBN 978-1-4767-3037-0.
- Dean, Maury (2003). Rock-N-Roll Gold Rush. Algora Publishing. ISBN 978-0-87586-207-1.
- DeCurtis, Anthony (1992). Present Tense: Rock & Roll and Culture. Duke University Press. ISBN 978-0-8223-1265-9.
- Dominguez, Pier (2003). Christina Aguilera: A Star is Made: The Unauthorized Biography. Amber Books Publishing. ISBN 978-0-9702224-5-9.
- Gaar, Gillian G (2002). She's a Rebel: The History of Women In Rock & Roll. Seal Press. ISBN 978-1-58005-078-4.
- Garofalo, Reebee (1999). „From Music Publishing to MP3: Music and Industry in the Twentieth Century“. American Music. 17 (3): 318–354. doi:10.2307/3052666. JSTOR 3052666.
- Gates, Henry Louis; Appiah, Anthony (1999). Africana: The Encyclopedia of the African and African American. Basic Civitas Books. ISBN 978-0-465-00071-5.
- Goren, Lilly (2009). You've Come A Long Way, Baby: Women, Politics, and Popular Culture. University Press of Kentucky. ISBN 978-0-8131-2544-2.
- Halstead, Craig; Cadman, Chris (2003). Jacksons Number Ones. Authors On Line. ISBN 978-0-7552-0098-6.
- Hyatt, Wesley (1999). The Billboard Book of Number One Adult Contemporary Hits. Billboard Books. ISBN 978-0-8230-7693-2.
- Parish, James Robert (1995). Today's Black Hollywood. Pinnacle Books. ISBN 978-0-8217-0104-1.
- Jaynes, Gerald David (2005). Encyclopedia of African American Society. SAGE Publications. ISBN 978-0-7619-2764-8.
- Järviluoma, Helmi; Moisala, Pirkko; Vilkko, Anni (2003). Gender and Qualitative Methods. SAGE Publications. ISBN 978-0-7619-6585-5.
- Kramarae, Cheris; Spender, Dale (2000). Routledge International Encyclopedia of Women: Global Women's Issues and Knowledge. Routledge. ISBN 978-0-415-92091-9.
- Lee, Shayne (2010). Erotic Revolutionaries: Black Women, Sexuality, and Popular Culture. Government Institutes. ISBN 978-0-7618-5228-5.
- Love, Roger; Frazier, Donna (2009). Set Your Voice Free: How To Get The Singing Or Speaking Voice You Want. Little, Brown and Company. ISBN 978-0-316-09294-4.
- Mahon, Maureen (2004). Right to Rock: The Black Rock Coalition and the Cultural Politics of Race. Duke University Press. ISBN 978-0-8223-3317-3.
- Miller, Michael (2008). The Complete Idiot's Guide to Music History. Penguin Group. ISBN 978-1-59257-751-4.
- Mitoma, Judy; Mitoma, Judith; Zimmer, Elizabeth; Stieber, Dale Ann; Heinonen, Nelli; Shaw, Norah Zuniga (2002). Envisioning dance on film and video. Routledge. ISBN 978-0-415-94171-6.
- Nickson, Chris (2005). Usher: The Godson of Soul. Simon and Schuster. ISBN 978-1-4169-0922-4.
- Reynolds, Simon; Press, Joy (1996). The Sex Revolts: Gender, Rebellion, and Rock 'n' Roll. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-80273-5.
- Reynolds, Simon (2011). Bring the Noise: 20 Years of Writing About Hip Rock and Hip Hop. Soft Skull Press. ISBN 978-1-59376-401-2.
- Rischar, Richard (2004). „A Vision of Love: An Etiquette of Vocal Ornamentation in African-American Popular Ballads of the Early 1990s“. American Music. 22 (3): 407–443. doi:10.2307/3592985. JSTOR 3592985.
- Ripani, Richard J (2006). The New Blue Music: Changes in Rhythm & Blues, 1950–1999. University Press of Mississippi. ISBN 978-1-57806-862-3.
- Scheurer, Timothy E. (2007). Born in the USA: The Myth of America in Popular Music from Colonial Times to the Present. University Press of Mississippi. ISBN 978-1-934110-56-0.
- Smith, Jessie Carney (2010). Encyclopedia of African American Popular Culture. ABC-CLIO. ISBN 978-0-313-35797-8.
- Smith, Jessie Carney (1996). Notable Black American Women, Volume 2. Gale. ISBN 978-0-8103-9177-2.
- Starr, Larry; Waterman, Christopher Alan (2006). American Popular Music: The Rock Years. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-530052-9.
- Stephanie, Jordan; Allen, Dave (1993). Parallel Lines: Media Representations of Dance. Indiana University Press. ISBN 978-0-86196-371-3.
- Strong, Martin Charles (2004). The Great Rock Discography: Complete Discographies Listing Every Track Recorded by More Than 1200 Artists. Canongate U.S. ISBN 978-1-84195-615-2.
- Sutherland, William (2005). Aaliyah Remembered. Trafford Publishing. ISBN 978-1-4120-5062-3.
- Tannenbaum, Rob; Marks, Craig (2011). I Want My MTV: The Uncensored Story of the Music Video Revolution. Dutton Penguin. ISBN 978-1-101-52641-5.
- Trier-Bieniek, Adrienne (2016). The Beyonce Effect: Essays on Sexuality, Race and Feminism. McFarland. ISBN 978-0-7864-9974-8.
- Twenge, Jean M. (2007). Generation Me: Why Today's Young Americans are More Confident, Assertive, Entitled—and More Miserable Than Ever Before. Simon & Schuster. ISBN 978-1-4767-5556-4.
- Vincent, Rickey; Clinton, George (1996). Funk: The Music, The People, and The Rhythm of The One. Macmillan. ISBN 978-0-312-13499-0.
- Young, Julie (Fall 2009). „A Hoosier Thriller: Gary, Indiana's Michael Jackson“. Traces of Indiana and Midwestern History. Indianapolis: Indiana Historical Society. 21 (4). Архивирано од изворникот на April 15, 2014. Посетено на April 14, 2014.
- Warner, Jay (2006). On this Day in Black Music History. Hal Leonard. ISBN 978-0-634-09926-7.